OPEL ADAM 2016.5 Сопственички прирачник
Page 181 of 271
Возење и ракување1799Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако и понатаму има мирис на гас,
не палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземниј
паркинзи, следете ги упатствата на операторот и почитувајте ги
локалните закони.
Забелешка
Во случај на незгода, изгасете ги
палењето и светлата.
Полнење гориво9 Опасност
Пред полнење гориво,
изгаснете го палењето.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само кога возилото е отклучено.
Притиснете ја вратичката за да се
одглави. Потоа отворете ја
вратичката.
Вртете го капачето на резервоарот
полека налево за да го отворите.
Page 182 of 271
180Возење и ракување
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Полнење течен гас
Следете ги упатствата за ракување и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Вентилот за полнење течен гас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.
Page 183 of 271
Возење и ракување181Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење на адаптерот. Притиснете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење надолу.
Тркалезно грло за полнење:
Ставете го цревото за полнење во
адаптерот. Притиснете ја рачката
за блокирање на цревото за
полнење надолу.
Бајонет грло за полнење: Ставете
го цревото за полнење на
адаптерот и свртете го во насока
на стрелките на часовникот или
обратно за четвртина круг.
Повлечете ја рачката за
блокирање на цревото за полнење
докрај.
ЕУРО грло за полнење:
Притиснете го цревото за полнење
на адаптерот додека не се заглави.
Притиснете го копчето кај пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80 % од зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и ставете го на безбедно во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас треба
да се наполни само до 80% од
безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се
додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се
изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.
Page 184 of 271
182Возење и ракувањеАдаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Адаптер бајонет: Холандија,
Норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
DISH адаптер: Австрија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Чешка, Данска, Естонија,
Франција, Грција, Унгарија,
Италија, Летонија, Литванија,
Македонија, Полска, Португалија,
Романија, Србија, Словачка,
Словенија, Шведска, Швајцарија,
Турција, Украина
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Adam е во опсегот од 7,0 до
4,2 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсег од 139 до 99 г/км.
За вредностите специфични за
вашето возило, видете во
Сертификатот за сообразност на
ЕК даден со возилото или во други национални документи за
регистрација.
Page 185 of 271
Возење и ракување183Општи информацииНаведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.
Page 186 of 271
184Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................185
Додатоци и модификации на возилото ................................ 185
Чување на возилото ..............185
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......186
Прверки на возилото ...............186
Вршење работа ...................... 186
Хауба ...................................... 186
Моторно масло ......................187
Ладилник ................................ 188
Течност за миење ..................189
Сопирачки .............................. 189
Течност за сопирачките ........189
Акумулатор ............................. 190
Замена на четкичките на бришачите ............................. 192
Замена на сијалиците ..............192
Халогенски предни фарови ..192
Предни трепкачи ....................195
Задни светла .......................... 196
Странични трепкачи ..............200
Светло за регистарската табличка ................................ 201Внатрешни светла.................201
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 202
Електричен систем ..................202
Осигурувачи ........................... 202
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............203
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......205
Прирачен алат ......................... 207
Алати ...................................... 207
Тркала и гуми ........................... 209
Зимски гуми ............................ 209
Ознаки на гумите ...................209
Притисок на гумите ................ 210
Систем за следење на притисокот на гумите ...........211
Длабочина на шарата ...........215
Менување на големината на гумите и тркалата .................216
Раткапни ................................. 216
Синџири за гуми ..................... 216
Комплет за поправање гуми . 217
Менување тркала ................... 221
Резервно тркало ....................224
Палење со кабли ......................229
Влечење ................................... 231
Влечење на возилото ............231
Влечење друго возило ..........233Нега за изгледот ......................234
Нега на надворешноста ........234
Нега на внатрешноста ........... 237
Page 187 of 271
Нега на возилото185Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во рикверц. Спречете го возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Приклучете ја штипката до негативната клема на
акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
Page 188 of 271
186Нега на возилото● Наполнете го садот затечноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот од својот
работен век се наоѓаат на нашата
веб страна. Доверете му ја
работава само на овластен центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Page 189 of 271
Нега на возилото187
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 240.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Page 190 of 271
188Нега на возилото
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 253.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во северните земји со многу ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од мрзнење
до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.