OPEL CORSA F 2020 Сопственички прирачник
Page 121 of 259
Возење и ракување119● Изгаснете го моторот.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 184.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Во земјите со екстремно ниски
температури може да биде
потребно да се паркира возилото
без да се применува рачната
сопирачка. Паркирајте го возилото
на рамна површина.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за издувни гасови
Процес на автоматско чистење
Системот на филтерот за издувни
гасови ги филтрира честичките на
саѓи од издувните гасови.
Page 122 of 259
120Возење и ракувањеЗапочнувањето на заситувањето
на филтерот за издувни гасови се
покажува со привремено
светнување на t или C,
заедно со порака во
Информативниот центар за
возачот.
Штом ќе дозволат сообраќајните
услови, обновете го филтерот така
што ќе возите со најмалку 60 км/ч
додека контролната сијаличка не се изгасне.
Забелешка
Кај ново возило, првите
обновувања на филтерот за
издувни гасови можат да бидат
придружени со мирис на изгорено,
што е нормално. По подолга
работа на возилото при многу
мала брзина или во место, при
забрзување од ауспухот може да
излезе водена пареа. Тоа не
влијае врз однесувањето на
возилото или на околината.Процесот на чистење не е
можен
Ако t или C продолжи да
свети заедно со звучен сигнал и
порака, тоа покажува дека нивото
на адитив во филтерот за издувни
гасови е прениско.
Резервоарот мора да се дополни
веднаш. Побарајте помош од
автомеханичар.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 176, 3 233 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
AdBlue
Општи информации Селективното каталитичко
намалување ( BlueInjection) е метод
на значително намалување на
азотните оксиди во издувните
емисии. Тоа се постигнува со
вбризгување издувна течност од
Page 123 of 259
Возење и ракување121дизел (DEF) во издувниот систем.
Амонијакот што се ослободува од
течноста реагира со азотните
гасови (NO x) од системот за
издувни гасови и се претвора во
азот и вода.
Ознаката на оваа течност е
AdBlue ®
. Тоа е нетоксична,
незапалива, безбојна течност без
мирис што се состои од 32% уреа и
68% вода.9 Предупредување
Избегнувајте контакт на очите и
кожата со AdBlue.
Во случај на контакт со очите
или кожата, исплакнете со вода.
Внимание
Избегнувајте контакт на бојата
со AdBlue.
Во случај на контакт, исплакнете со вода.
AdBlue замрзнува на температура
од приближно 11 °C. Со оглед на
тоа што возилото е опремено со предгреач за AdBlue, обезбедено е намалување на емисиите при
ниски температури. Предгреачот
за AdBlue работи автоматски.
Забелешка
Замрзнатата и повторно
втечнетата AdBlue може да се
користи без загуба на квалитетот.
Вообичаената потрошувачка на
AdBlue е околу 0,85 л на 1000 км, но
може да биде и поголема во
зависност од начинот на возење и
натовареноста на возилото.
Предупредувања за нивото Во зависност од пресметаното
растојание за AdBlue, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни пораки. Пораките и
ограничувањата се законска
обврска.
1. Во првото ниво за предупредување се влегува
кога проценетиот опсег наAdBlue е помеѓу 2400 км и
800 км.
Кога го палите моторот, ова
предупредување ќе се прикаже
еднаш кратко со пресметаното
растојание. Дополнително,
контролната сијаличка u ќе
светне и ќе се слушне звук.
Возењето е можно без никакви
ограничувања.
2. Во следното ниво за предупредување се влегува
кога проценетиот опсег на
AdBlue е помал од 800 км.
Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
контролната сијаличка u ќе
трепка и ќе се слушне звук.
Дополнете AdBlue пред да
влезете во следното ниво за
предупредување.
3. Во следново ниво се влегува кога растојанието е помало од
100 км. Пораката со тековното
растојание ќе се прикажува
секогаш кога ќе се вклучи
палењето. Дополнително,
Page 124 of 259
122Возење и ракувањеконтролната сијаличка u ќе
трепка и ќе се слушне звук.
Дополнете AdBlue што е можно
побрзо додека резервоарот за
AdBlue не е целосно празен. Во
спротивно, нема да може да го
стартувате моторот.
4. Во последното ниво на предупредување се влегува
кога резервоарот за AdBlue е
празен. Моторот не може
повторно да се стартува.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Дополнително, контролната
сијаличка u ќе трепка и ќе се
слушне звук.
Наполнете го резервоарот до
ниво од најмалку 5 л со AdBlue,
затоа што во спротивно
моторот нема да може да се
стартува.Предупредувања за многу
издувни гасови
Во случај на дефект на системот за
контрола на издувните гасови, во
Информативниот центар за
возачот се прикажуваат различни
пораки.
Пораките и ограничувањата се законска обврска. Пораките за
предупредување се придружени од контролните сијалички u, C и
W . Дополнително, ќе се слушне
звук.
Следете ги упатствата на пораките за предупредување. Ако
стартувањето е спречено,
побарајте помош од
автомеханичар.
Дополнување AdBlueВнимание
Користете само AdBlue што е во согласност со европските
стандарди DIN 70 070 и
ISO 22241-1.
Не користете адитиви.
Не разредувајте го AdBlue.
Инаку, системот за селективно
каталитичко намалување може
да се оштети.
Забелешка
Кога нема пумпа за патнички
автомобили на бензинската
станица, користете само шишиња
или канти за AdBlue со запечатен
адаптер за дополнување за да
спречите прскање или истурање и за да бидете сигурни дека
гасовите од резервоарот се
собираат и не излегуваат. AdBlue
во шишиња или канти е достапна
на многу бензински станици и
може да се купи, на пример, кај застапниците на Opel и во други
продавници.
Со оглед на тоа што AdBlue има
ограничена трајност, проверете го
рокот на траење пред полнењето.
Page 125 of 259
Возење и ракување123Забелешка
Наполнете го резервоарот до
ниво од најмалку 5 л за да може да
се открие новото ниво на AdBlue.
Доколку AdBlue надополнувањето
не е успешно откриено:
1. Непрекинато возете го возилото 10 мин. , со постојана
брзина на возилото поголема
од 20 км/ч.
2. Ако дополнувањето на AdBlue се открие успешно,
предупредувањата и
ограничувањата на
управувањето предизвикани
од нивото на AdBlue ќе
исчезнат.
Ако се уште не е откриено
дополнувањето на AdBlue,
побарајте помош од
автомеханичар.
Ако треба да се дополни AdBlue
на температура под -11 °C,
системот може да не го открие
дополнувањето. Во тој случај,
паркирајте го возилото на место
со повисока температура на
околината додека AdBlue не стане течна.Забелешка
При одвртувањето на заштитното
капаче од грлото за полнење,
може да излезат амонијачки
пареи. Не вдишувајте ги затоа
што пареите имаат остар мирис.
Пареите не се штетни доколку се
вдишат.
Резервоарот за AdBlue треба да се наполни целосно. Тоа мора да се
направи ако веќе се прикажува
пораката за предупредување за
спречување на стартувањето на
моторот.
Возилото мора да се паркира на
рамна површина.
Грлото за полнење AdBlue се наоѓа
зад вратичката на резервоарот за
гориво.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено.
1. Исклучете го палењето.
2. Затворете ги сите врати за да не навлезат амонијачни
испарувања во внатрешноста
на возилото.3. Ослободете ја вратничката на резервоарот така што ќе ја
притиснете 3 178.
4. Одвртете го заштитното капаче
од грлото за полнење.
5. Отворете ја кантата за AdBlue.
6. Поставете го едниот крај на цревото во кантата и навртете
го другиот крај на грлото за
полнење.
7. Подигнете ја кантата додека не се испразни или додека
протокот од кантата не запре.
8. Спуштете ја кантата за да се испразни цревото и почекајте
15 секунди.
Page 126 of 259
124Возење и ракување9. Одвртете го цревото од грлотоза полнење.
10. Поставете го заштитното капаче и вртете го надесно
додека не се вовлече.
Забелешка
Фрлете ја кантата за AdBlue
според барањата за животна
средина. Цревото може да се
употреби повторно откако ќе се
исплакне со чиста вода пред да се
исуши AdBlue.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување брзини во
рачниот режим е можно со
притискање M на вртливата
контрола за избор и менување со лостовите + и - на воланот.
Рачен режим 3 125.
Екран на менувачотВо Информативниот центар за
возачот се прикажува режимот или избраната брзина.
Во автоматскиот режим,
програмата за возење е прикажана
со D.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Избор на степен на пренос
Page 127 of 259
Возење и ракување125Преместете ја рачката на
менувачот или притиснете ги
соодветните копчиња како што е
прикажано на илустрацијата
погоре.P:паркирна положба, предните
тркала се блокирани, ставете
во брзина само кога возилото
е во мирување и е активирана
сопирачката за паркирањеR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е закочена
во P. Пред да го отклучите
менувачот, уверете се дека
палењето е вклучено. Потоа,
активирајте ја педалата за
сопирачките и притиснете
UNLOCK . Сега, преместете ја
рачката на менувачот во саканиот
режим.
Моторот може да се стартува само
кога рачката на менувачот е во P
или N. Кога е одбрана положбата
N , притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Пред да ставите во рикверц,
возилото треба сосема да запре.
Потоа, активирајте ја педалата за
сопирачките и притиснете
UNLOCK . Сега, преместете ја
рачката на менувачот во R.
Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини.
Рачен режим 3 125.Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Активирајте ја сопирачката за
паркирање и притиснете P.
Рачен режим
Рачниот режим M може да се
активира од позицијата D при
секоја ситуација и брзина на
возење.
Page 128 of 259
126Возење и ракување
Притиснете го копчето M.
Влечете ги лостовите на воланот
за рачно менување на брзините.
Повлечете го десниот лост + за да
се префрли во поголема брзина.
Повлечете го левиот лост - за да се
префрли во помала брзина.
Повеќекратното повлекување
овозможува прескокнување
брзини.
Избраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини
Симболот Y или Z со бројка до
него се покажува кога се
препорачува менување брзина
заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
По ладно палење, програмата за
работна температура ја зголемува
брзината на моторот за брзо да го
доведе катализаторот до
потребната температура.
Специјални програми автоматски
ги приспособуваат точките за
менување брзини кога се вози по
угорници или удолнини.Во снежни или подмрзнати услови
или на други лизгави површини,
контролата на електронскиот
пренос му овозможува на возачот
да избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Збоднување
Притискањето на педалата за гас
повеќе од жлебот за збоднување ќе
предизвика максимално
забрзување без оглед на
избраниот режим на возење.
Менувачот се префрлува во
помала брзина во зависност од
брзината на моторот.
Режими на возење Може да се изберат четири
различни режими на возење:
● Нормален режим
● Режим за удобност
● Спортски режим
● Еко режим
Секој режим на возење одговара
на различно поставување на
возилото.
Page 129 of 259
Возење и ракување127
За да го изберете соодветниот
режим на возење, користете го
покажаниот прекинувач.
Нормален режим
Поставките во овој режим се
стандардно поставени. При секое
вклучување на палењето, се
избира овој режим.
Режим за удобност
Овозможува поудобно возење и
помека суспензија.
Спортски режим
Поставките во овој режим
овозможуваат подинамично
возење. Динамичните параметри
на возилото може да се прикажат
во Информативниот центар за
возачот.
Еко режим
Ја намалува потрошувачката на
гориво преку оптимизирање на
работата на греењето и
климатизацијата и, во зависност од
верзијата, педалата за гас,
автоматскиот пренос и
показателот за менување брзини.
Дефект
Во случај на дефект, C светнува
и се прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 84.
Електронската контрола на
менувачот овозможува само трета брзина. Менувачот веќе не менува
брзини автоматски.
Не возете побрзо од 100 км/ч.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.Прекин на напојувањето
Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P.
Влечење на возилото 3 217.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 215.
Ако акумулаторот не е причина за
грешката, побарајте помош од
автомеханичар.
Page 130 of 259
128Возење и ракувањеРачен менувач
За да ставите во рикверц на 5-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, па
поместете ја рачката на менувачот
надесно и назад.
За да ставите во рикверц на 6-
степен менувач, притиснете ја
педалата за куплунгот, подигнете
го прстенот под рачката на
менувачот, па поместете ја рачката на менувачот целосно налево и
напред.
Ако менувачот не се стави во
рикверц, ставете ја рачката на
менувачот во лер, отпуштете го
куплунгот и повторно притиснете
го. Потоа повторете го изборот на
брзината.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.
Кога ќе се открие лизнување на
куплунгот за одредено време,
моќноста на моторот ќе се намали. Во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредување. Отпуштете го
куплунгот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката на
менувачот.
Показател за менување брзини
3 76.
Систем за сопирање-поаѓање
3 116.