OPEL INSIGNIA 2015 Сопственички прирачник
Page 231 of 361
Возење и ракување229
■ возилото се судрило од заднатастрана,
■ има екстремни промени на температурата.
Известување за заден
вкрстен сообраќај
Дополнително на ретровизорската
камера 3 227, известувањето за
заден вкрстен сообраќај
предупредува за сообраќај од
левата или десната страна кога се
вози наназад. Кога ќе се препознае вкрстен сообраќај и
ретровизорската камера е активна,
предупредувачки триаголник со
стрелка за насоката K се појавува
на инфо-екранот во боја и ја
покажува насоката на сообраќајот. Освен тоа, три писоци ќе се огласат од звучникот на односната страна.
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат
странично во задниот браник.
9 Предупредување
Известувањето за заден
вкрстен сообраќај не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека објектите
што се надвор од сензорите, на
пр. под браникот или под
возилото, не се прикажуваат.
Пешаци, деца или животни не се откриваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ја околината
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Известувањето за заден вкрстен
сообраќај се активира автоматски
заедно со ретровизорската камера
кога ќе се стави во рикверц.
Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 20 метри одлево и оддесно зад возилото.
Page 232 of 361
230Возење и ракување
Деактивирање
Известувањето за заден вкрстен
сообраќај се деактивира заедно со
ретровизорската камера кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за заден вкрстен сообраќај може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на инфо-
екранот во боја.
Изберете ја соодветната поставка
во Settings (Поставки) , I Vehicle
(Возило) на инфо-екранот во боја.
Информативен екран во боја
3 130.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 135.Дефект
Системот може да не работи
правилно кога:
■ мраз, снег, кал или нешто друго ги прекрива сензорите.
■ возилото влече приколка,
■ возилото се судрило од задната страна,
■ има екстремни промени на температурата.
Помошник за
сообраќајни знаци
Функционалност Системот за помош со сообраќајнизнаци ги забележува назначените
сообраќајни знаци преку една
предна камера и ги прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Знаци за ограничување и за
забрането поминување ■ ограничување на брзина
■ поминувањето е забрането
■ крај на ограничувањето на брзината
■ крај на забраната на поминувањетоЗнаци на пат
почеток и крај на:
■ автопати
■ главни патишта
■ улици за играњеДополнителни знаци ■ дополнителни сообраќајни знаци
■ ограничувања за влечење приколки
Page 233 of 361
Возење и ракување231
■ предупредување за влажен пат
■ предупредување за мраз
■ стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината се прикажуваат на
Информативниот центар за
возачот додека не се препознае
следниот знак за ограничување
или за крај на ограничување на
брзината или до одредено време
за истекување на знакот.
Возможни се комбинации на
повеќе знаци на екранот.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 km/h во зависност од
осветленоста. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината ќе се намали под
55 км/ч, екранот се ресетира и
содржината на страницата со
сообраќајни знаци се брише, на пр. кога влегувате во градска зона.
Означувањето на следната
препозната брзина ќе се прикаже.
Индикации на екранот Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата Traffic
sign detection (Откривање
сообраќајни знаци) на
Информативниот центар за
возачот.
На екранот од основно ниво,
изберете Settings (Поставки) X
со копчето Изборник и изберете ја
ставката Traffic sign detection
(Откривање сообраќајни знаци) со тркалцето за местење на рачката
за трепкачите 3 122.
Page 234 of 361
232Возење и ракување
На екранот од средно и од горно
ниво изберете го изборникот Info со
десните копчиња на воланот и
притиснете P за да изберете
Traffic sign detection (Приметување на сообраќајни знаци) 3 122.
Кога е избрана друга функција на
изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно
ќе се одбере страницата
Забележување сообраќајни знаци ,
ќе се прикаже последниот
препознаен сообраќаен знак.
Откако системот ќе ја избрише
страницата со сообраќајни знаци,
се појавува следниов симбол:
Содржината на страницата за
сообраќајни знаци се ресетира и за
време на возењето со подолго
притискање на копчето SET/CLR на
рачката за трепкачите или на 9 на
десното копче на воланот.
Функција за појавувачки
индикации
Ограничувања на брзината и знаци
за забранување на преминувањето се прикажуваат како појавни
прозорци на секоја страница на
Информативниот центар за
возачот.
Појавната функцијата може да се
исклучи на страницата со
сообраќајни знаци со притискање
на копчето SET/CLR на рачката за
трепкачот или на копчето 9 на
воланот.
Page 235 of 361
Возење и ракување233
На илустрацијата е прикажан DIC
од основно ниво.
На илустрацијата е прикажан DIC
од средно или горно ниво.
Кога е прикажана страницата за
поставување, изберете Off
(Исклучено) или поставете ги известувањата I за да се исклучи
функцијата за појавување.
Активирајте повторно избирајќи
On (Вклучено) или известувањата
J .
Кога се вклучува палењето,
појавната функција се исклучува.
Појавувачката индикација се
прикажува околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
■ пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист
■ сообраќајните знаци се целосно или делумно прекриени или
тешко се распознаваат■ има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина
или сенки. Во тој случај, на
екранот е прикажано No Traffic
Sign Detection due to Weather
(нема приметување на
сообраќајните знаци поради
времето)
■ сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени
■ сообраќајните знаци не се сообразени со Виенската
конвенција за сообраќајни знаци (Wiener Übereinkommen über
Straßenverkehrszeichen)Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
Page 236 of 361
234Возење и ракувањеигнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Предупредување за
напуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање лента ги набљудува
ознаките на лентите меѓу кои се вози возилото преку предна
камера. Системот ги приметува
менувањата на лента и го
предупредува возачот во случај на ненамерно менување на лентата
со визуелни и звучни сигнали.
Критериуми за приметувањето на
ненамерно менување на лента се:
■ неупотреба на трепкачите
■ не употреба на педалот на сопирачките
■ не активна употреба на педалот за гас или забрзување
■ не активно управување со воланот
Ако возачот е активен, нема да се
издаде никакво предупредување.Активирање
Системот за предупредување за
напуштање на лента се активира
со притиснување на копчето ).
Запалената сијаличка во копчето означува дека системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако има хоризонтална
сигнализација на коловозот.
Page 237 of 361
Возење и ракување235
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се деактивира со
притискање на копчето );
сијаличката во копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч не може да
се работи со системот.
Дефект
Системот за предупредување за
напуштање на лента може да не работи правилно кога:
■ шофершајбната не е чиста
■ има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева светлина или сенки
Системот не може да работи кога
не е откриена ознака за линија.Гориво
Гориво за бензински
мотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Вашиот мотор може да работи со
гориво E10 што ги исполнува овие
стандарди. Горивото E10 содржи
до 10 % биоетанол.
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 311. Употребата на горива со
пренизок октански број може да ја
намали моќноста на моторот и
вртливиот момент и малку ја
зголемува потрошувачката на
гориво.Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
Page 238 of 361
236Возење и ракувањеврз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN
51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на
дизел
Користете само дизел гориво што е
во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
Унија, користете Еуро-дизел
гориво со концентрација на сулфур под 50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Гориво за работа на
течен гас
Течниот гас е познат како LPG
(Liquefied Petroleum Gas - течен
нафтен гас, ТНГ) или по
француското име GPL (Gaz de
Pétrole Liquéfié). LPG е познат и
како автоплин.
ТНГ се состои главно од пропан и бутан. Октанскиот степен е меѓу
105 и 115, зависно од делот бутан.
ТНГ се чува течен на притисок од
околу 5 - 10 бари.
Точката на вриење зависи од
притисокот и од соодносот на
мешавината. На атмосферски
притисок, таа е меѓу -42 °C (чист
пропан) и -0,5 °C (чист бутан).Внимание
Системот работи на околна
температура од околу -8 °C до
100 °C.
Целосното функционирање на
системот за ТНГ може да се
гарантира само со течен гас што ги
задоволува минималните барања
на DIN EN 589.
Page 239 of 361
Возење и ракување237
Селектор на гориво
Притиснете го копчето LPG за да
префрлите меѓу работа на бензин
и работа на течен гас штом ќе се
достигнат потребните параметри
(температура на течноста за
ладење, температура на гасот и
минимална брзина на моторот).
Барања обично се исполнуваат по
околу 60 секунди (зависно од
надворешната температура) и
првото цврсто притискање на
педалата за гас. Состојбата на
сијаличката го покажува тековниот
режим на работа.
1 исклучување=работа на
бензин1 свети=ребота на течен
гас1 трепка=не е можно
префрлување,
еден вид гориво
е празно
Штом ќе се испразни резервоарот
за течен гас, автоматски се
вклучува работата на бензин
додека не се исклучи палењето.
Секои шест месеци празнете го
резервоарот за бензин додека не светне контролната сијаличка i
или Y, па наполнете го. Тоа помага
да се одржи квалитетот на
горивото и функционирањето на
системот за работа на бензин.
Редовно полнете го резервоарот
целосно за да се избегне
формирањето на корозија во
резервоарот.
Дефекти и поправки
Ако не е можен режимот за гас,
проверете го следново:
■ Има ли доволно течен гас?
■ Има ли доволно бензин за палење?
Поради екстремни температури во комбинација со составот на гасот,
може да треба малку подолго
време додека системот се
префрли од бензин на гас.
Во екстремни ситуации, системот
може и да се врати на режимот за
бензин ако не се исполнети
минималните барања.
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на сите
други дефекти.Внимание
Поправки и приспособувања смеат да вршат само обучени
специјалисти за да се одржи
безбедноста и гаранцијата на
системот за ТНГ.
Page 240 of 361
238Возење и ракување
На течниот гас му е додаден
карактеристичен мирис за да може
лесно лесно да се забележи ако се
испушта.9 Предупредување
Ако ви замириса на гас во
возилото или во непосредната
околина, веднаш префрлете на
бензин. Пушењето е забрането!
Забранет е отворен оган или
средства за палење.
Ако и понатаму има мирис на гас,
не палете го моторот. Ако е можно,
затворете го рачниот вентил за
затворање на мултивентилот.
Мултивентилот се наоѓа на
резервоарот за течен гас во
товарниот простор, под задната
прекривка на подот.
Свртете го тркалцето надесно.
Ако веќе не се чувствува мирис на
гас, рачниот вентил за затворање е затворен и возилото може да секористи во режимот за бензин. Ако
и понатаму има мирис на гас, не
палете го моторот. Нека Ви ја
отстрани причината на дефектот
автомеханичар.
Кога користите подземни паркинзи, следете ги упатствата на
операторот и почитувајте ги
локалните закони.
Забелешка
Во случај на незгода, изгасете ги
палењето и светлата. Затворете
го рачниот вентил за затворање
на мултивентилот.
Полнење гориво