OPEL INSIGNIA BREAK 2019.5 Сопственички прирачник
Page 251 of 369
Возење и ракување2499Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите на помошта за
паркирање, на пр. под браникот
или под возилото, не се
прикажуваат.
Не возете во рикверц и не
паркирајте го возилото само со
помош на ретровизорската
камера.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Активирање
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е поставена меѓу
светлата за регистарската
табличка.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од еден метар
проектирани на сликата за да ја
определат оддалеченоста од
прикажаните предмети.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Page 252 of 369
250Возење и ракувањеПредупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на Инфо-екранот со
предупредување да се провери
опкружувањето околу возилото.
Деактивирање Камерата се исклучува кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.Деактивирање на наведувачките
линии и симболите за
предупредување
Multimedia Navi: Активирање или
деактивирање на визуелни
водечки линии и предупредувачки
симболи може да се промени со
копчиња на допир во долната зона
на екранот.
Multimedia / Multimedia Navi Pro: активирањето или
деактивирањето на визуелните
линии-водилки и симболите за
предупредување може да се
промени во изборникот Поставки
во Инфо-екранот. Изберете ја
соодветната поставка во Settings
(Поставки) I Rear Camera (Задна
камера) .
Инфо-екран 3 132.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.
Системски ограничувања
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Возилото влече приколка.
Page 253 of 369
Возење и ракување251● Возилото се судрило одзадната страна.
● Има екстремни промени на температурата.
Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на Инфо-
екранот.
Известување за заден вкрстен сообраќај
Дополнително на ретровизорската
камера 3 248, известувањето за
заден вкрстен сообраќај
предупредува за сообраќај од
левата или десната страна кога се
вози наназад. Кога ќе се препознае вкрстен сообраќај и
ретровизорската камера е активна,
предупредувачки триаголник со
стрелка за насоката K се појавува
на Инфо-екранот и ја покажува
насоката на сообраќајот. Освен
тоа, три писоци ќе се огласат од
звучникот на односната страна.
Радарските сензори за
оддалеченост се наоѓаат во
задниот браник.
9 Предупредување
Известувањето за заден
вкрстен сообраќај не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека објектите
што се надвор од сензорите,
на пр. под браникот или под
возилото, не се прикажуваат.
Пешаци, деца или животни не се откриваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во Инфо-екранот
и проверете ја околината
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.
Активирање
Известувањето за заден вкрстен
сообраќај се активира автоматски
заедно со ретровизорската камера
кога ќе се стави во рикверц.
Зони на откривање
Сензорите на системот покриваат
зона од околу 20 м при 90° од лево
и од десно зад возилото.
Page 254 of 369
252Возење и ракувањеИзвестувањето за заден вкрстен
сообраќај е активно до 10 км/ч и
предупредувањата за возила што вкрстуваат и се движат до 36 км/ч.
Деактивирање
Известувањето за заден вкрстен сообраќај се деактивира заедно со ретровизорската камера кога ќе сенадмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 10 секунди.
Активирањето или
деактивирањето на известувањето за заден вкрстен сообраќај може да
се постави во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби на Инфо-
екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 139.
Инфо-екран 3 132.
Системот се исклучува ако
возилото влече приколка.
На исклучувањето укажува порака
во Информативниот центар за
возачот.Системски ограничувања
Системот може да не работи
правилно кога:
● мраз, снег, кал, налепници, магнети, метални плочки или
сè друго што ги покрива
сензорите
● возење при поројни врнежи
● возилото имало несреќа или ако областа околу сензорот за
откривање е оштетена или не е правилно поправена
● има екстремни промени на температурата
● возилото влече приколка
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, се прикажува
порака во Информативниот центар за возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.Помошник за сообраќајни
знаци
Функционалност Помошникот за сообраќајни знаци
ги забележува сообраќајните знаци
преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Ако возилото е опремено со
вграден систем за навигација,
сообраќајните знаци од картите со
податоци може дополнително да
се вклучат.
Сообраќајните знаци коишто ќе се
приметат се:
Page 255 of 369
Возење и ракување253Знаци за ограничување и
забрането претекнување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането
● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
● градски региони (специфични за земјата)
● автопати
● регионални патишта ● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни знаци на сообраќајните знаци
● ограничување за влечење приколки
● ограничувања за влечење ● предупредување за влажност
● предупредување за мраз
● временски ограничувања● далечински ограничувања
● стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на Информативниот
центар за возачот додека не се
регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Знакот за извичник во рамка
укажува дека е детектиран
дополнителен знак што системот
не може јасно да го идентификува.
Системот работи без загуба на
перформансите до брзина од
200 километри на час зависно од
условите на осветлување. Ноќе
системот е активен до брзина од
160 км/ч.
Индикации на екранот
Информации за моментално
важечки сообраќајни знаци се
достапни на назначениот
помошник за сообраќајни знаци во
Информативниот центар на
возачот.
Дополнително, важечката граница
на моментално ограничување на брзината е постојано прикажана во долната линија на
Page 256 of 369
254Возење и ракувањеИнформативниот центар за
возачот. Во случај на достапно
ограничување на брзината со знак,
симболот + се прикажува во оваа
област.
Изберете го изборникот Info
(Инфо) , " или ? преку копчињата
од десната страна на воланот и
изберете ја страницата за
помошникот за сообраќајни знаци
3 123.
Кога е избрана друга страница на изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата на
помошник за сообраќајни знаци, ќе
се прикаже последниот препознаен сообраќаен знак.
Функција за тревожење
Функцијата за тревожење може да
биде активирана или деактивирана во изборникот за поставки на
страницата на помошник за
сообраќајни знаци.
Откако еднаш ќе се активира и кога
страницата за забележување на
сообраќајни знаци не е прикажана
во моментот, новооткриените
ограничувања на брзината и
знаците за забрана на поминување
се прикажуваат како скок-
известувања во Информативниот
центар за возачот.
На екран од основно ниво, кога е
прикажана страницата на
помошникот со сообраќајни знаци,
притиснете Å на контролите на
воланот.
Page 257 of 369
Возење и ракување255
Изберете го Alerts ON (Вклучени
тревожења) или Alerts OFF
(Исклучени тревожења) .
На екран од средно или високо
ниво, кога е прикажана страницата
на помошникот со сообраќајни
знаци, притиснете Å на
контролите на воланот.Активирајте ги предупредувањата
со поставување J, деактивирајте
ги предупредувањата со
поставување I.
Препоставување на системот Содржината на прикажаните
сообраќајни знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со избирање Reset (Ресетирај) и
потврда со притискање 9 на
контролите на воланот.
Како алтернатива, може да го
притиснете 9 3 секунди за да ја
избришете содржината на
страницата.
По успешното ресетирање, ќе се слушне мелодија и ќе се прикаже
следниов „Стандарден
знак“ додека не се открие следниот
сообраќаен знак или не се добие од податоците од картата од системот
за навигација.
Во некои случаи системот го брише помошникот за сообраќајни знаци
автоматски.
Отстранување на
сообраќајните знаци
Постојат различни сценарија кои
водат кон отстранување на тековно прикажаните сообраќајни знаци.
По отстранувањето, во
Информативниот центар на
Page 258 of 369
256Возење и ракувањевозачот се прикажува
„Стандардниот знак“ или некој од
податоците од картата од системот
за навигација.
Причините за отстранување на
знаците:
● Управувано е однапред дефинирано растојание или
поминало одредено време (се
разликува за секој тип знак)
● Возилото вози на кривина
● Ако не се достапни податоци за
карта за навигација и брзината се намали под 52 км/ч
(откривање влез во град)
● Ако се достапни податоци за карта за навигација и влез воград / излез се детектирани
како резултат на промена на
податоците на картатаПрепознавање сообраќајни
знаци во спој со систем за
навигација
Ако возилото е опремено со систем за навигација, тековно
прикажаниот знак може или да
потекнува од детекција на оптички
знак или од податоци од карта.
Ако тековно прикажаните знаци
потекнуваат од податоци на карта
и информациите за картите се
променат, нов знак ќе биде
прикажан. Ова може да води до
откривање нов знак, иако можеби
никаков знак на патот не е поминат.
Системски ограничувања Помошникот за сообраќајни знаци
може да не работи правилно кога:
● Брзината на возилото е поголема од 200 км/ч.
● Возење на ветровити или ридести патишта.
● При ноќно возење.● Областа на шофершајбната, каде е сместена предната
камера, не е чиста или е
покриена со надворешни
елементи на пр. налепници.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
● Сонцето свети директно во објективот на камерата.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.
● Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за знаци и сигнали
на патиштата.
● Податоците од картата за навигација се застарени.
Page 259 of 369
Возење и ракување257Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Помош за задржување на
лента
Помош за задржување на лента
помага да се избегнат судири како
резултат на ненамерно напуштање на лентата. Предната камера ги
следи ознаките на лентата по која
вози возилото. Ако возилото се
приближи до ознаките за лентата,
воланот нежно се врти за да ја
врати положбата на возилото во
лентата. Завртете го воланот во
истата насока, ако управувањето
со системот не е доволно. Завртете го воланот нежно во спротивнатанасока, доколку е планирана
промена на лентата.
При значајно преминување на
ознаките на лентата, помошта за
задржување на лентата почнува со визуелно и звучно
предупредување.
Исто така, статусот на помошта за задржување на лента се прикажува на страницата Driver Assistance
( Помош на возачот) во Центарот за
информации за возачот 3 123.Се претпоставува ненамерна
промена на лентата
● без користење на трепкачите
● со користење на трепкачите во
спротивна насока од
промената на лента
● без кочење
● без забрзување
● без активно вртење.
Забелешка
Системот е исклучен за време на
откривање на двосмислено
обележувања на лентите, на
пример, во градежни области.
Забелешка
Системот може да биде исклучен, ако детектира ленти, кои се
премногу тесни, премногу широки
или криви.
Page 260 of 369
258Возење и ракувањеАктивирање
Помошта за задржување на лента
се активира со притискање на a.
ЛЕД-светилката во копчето се
осветлува за да означи дека
системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка a во
групата инструменти или во
горниот екран свети зелено,
системот е подготвен да помага.
Со системот може да се работи при брзини на возилото помеѓу 60 км/ч
и 180 км/ч и ако лентите се
обележени.
Системот нежно го врти воланот и
контролната сијаличка a се
променува во жолта, ако возилото
се приближува кон откриената
лента за обележување без
користење на трепкач во таа
насока.
Системот предупредува со
трепкање на a заедно со три
мелодии, од соодветната насока, ако лентата е значително
променета.
Системот работи само ако се
откријат ознаки на лентата.
Ако системот открие само
обележувања на лентите на едната страна на патот, тој ќе помогне
само за едната страна.
Помошта за задржување на лента
открива возење без раце. Во ваков
случај Информативниот центар за
возачот дава порака како и звучни
сигнали додека помошта за
задржување на лента открива
возење без раце.Показатели на страницата
Driver Assistance (Помош на
возачот)
Ако системот е активен, но не е
откриена едната или двете ленти, тие се појавуваат како линија на
празни цртички, како што е
прикажано на десната страна на
возилото на сликата погоре.
Ако системот открие лента, таа се
прикажува како зелена
испрекината линија, како што е
прикажано на десната страна од
возилото на сликата погоре.
Линијата со цртички станува
портокалова ако возилото се