OPEL VIVARO B 2016 Сопственички прирачник
Page 191 of 237
Нега на возилото189(0,1 bar) за покачување на
температурата за 10 °C. Тоа мора
да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумата
прикажана во DIC го покажува
фактичкиот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.
Функција за повторно учење
По менувањето на тркалата TPMS
треба одново да направи
пресметки.
Со возилото во мирување,
изберете го изборникот за
притисок на гумите во DIC
притискајќи го копчето на крајот на
рачката за бришачите. Притиснете го и држете го копчето околу
5 секунди за да ја иницирате
повторната пресметка. Соодветна
порака се појавува во DIC.
Неколку минути возење со брзина
над 40 км/ч може да биде потребно
да го завршите процесот на
проучување. Системот може да
дава само ограничени
информации за тоа време.
Ако дојде до проблеми за време на процесот на повторно учење,
контролната сијаличка w останува
да свети и во DIC се прикажува
предупредувачка порака.
Информативен центар за возачот
(DIC) 3 100.
Пораки за возилото 3 101.
Општи информации Употребата на течните комплети запоправање на гуми што се
достапни во трговијата може да говлоши функционирањето на
системот. Може да се користат
комплети за поправање гуми
одобрени од фабриката.
Комплет за поправање гуми 3 191.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Секогаш кога се заменуваат гумите
сензорите на TPMS треба да се
демонтираат и да се сервисираат
во сервис.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Page 192 of 237
190Нега на возилото
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Гумите стареат, дури ако не се употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Page 193 of 237
Нега на возилото191Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе
од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
За гуми од големината 215/60 R17,
посоветувајте се со
автомеханичар.9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата и на страните може да се
поправат со комплетот за
поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се кај страничниот ѕид од гумата близу
до работ не можат да се поправат
со комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или
рикверц.
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа под возачкото седиште.
Прирачен алат 3 184.
1. Извадете ги компресорот и шишето со заптивна смеса од
кутијата на комплетот за
поправање гуи.
2. Извадете ги кабелот за електрична врска и цревото за
воздух од преградите на
долната страна на
компресорот.
3. Навртете го цревото за воздух на приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
Page 194 of 237
192Нега на возилото4. Наместете го шишето созаптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
5. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
6. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
7. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на O.
8. Поврзете го кабелот за електрично поврзување со
штекерот за струја или во
приклучокот на запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
9. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
10. Мерачот за притисок на компресорот накраткопокажува до 6 бари (600 kPa/
87 psi). Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
11. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
12. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 15 минути.
Притисок во гумите 3 222. Кога
ќе се постигне правилниот притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
15 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
цело вртењето на тркалата
(околу 2 метри). Повторно
Page 195 of 237
Нега на возилото193закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
15 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок од гумата со копчето покрај
показателот на притисокот.
Не работете со компресорот
подолго од 15 минути.
13. Откачете го комплетот за поправање гуми.
14. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
15. Земете ја етикетата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од комплетот
за поправање гуми и залепете
ја во видното поле на возачот.
16. Одложете го шишето со заптивна смеса во пластичното
ќесенце. Вратете го комплетотза поправање гуми во кутијата и одложете го под возачкото
седиште.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распредели
заптивната смеса рамномерно по гумата. По возење околу
10 км, но не повеќе од
10 минути, застанете и
проверете го притисокот во
гумата користејќи го
компресорот. Навртете го
цревото за воздух од
компресорот директно на
вентилот на гумата кога го
правите ова.
18. Ако притисокот во гумата е поголем од 2,2 бари (220 kPa/
31 psi), поставете го на
правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 2,2 бари (220 kPa/
31 psi), возилото не смее да се
вози. Побарајте помош од
автомеханичар.
19. Откачете го комплетот за поправање гуми, вратете го во
кутијата и одложете го под
возачкото седиште.9 Предупредување
Не дозволувајте заптивната
смеса да дојде во контакт со
кожата, очите или облеката. Ако се голтне, побарајте лекарска
помош веднаш.
Page 196 of 237
194Нега на возилотоЗабелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Внимавајте на информациите за чување и рокот на траење на
шишето со заптивната смеса.
Неговата способност за
потполнување не е гарантирана
за ова време.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Расходувајте
го шишето за заптивната смеса
како што е пропишано со
важечките закони.
Менување тркала Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 191.Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, тврда и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина или рикверц.
● Извадете го резервното тркало
3 196.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Користете ја дигалката само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.●Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете моторот кога возилото е кренато на
дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Извадете ја раткапната (со приложената кука). Прирачен
алат 3 184.
Page 197 of 237
Нега на возилото195
2. Олабавете ја секоја завртка натркалото за половина круг
користејќи го клучот за тркала.
Внимавајте клучот да се
намести цврсто. Клучот треба
да се врти налево за да се
олабават завртките. Свртете го
клучот обратно ако е потребно.3. Наместете го клинот на дигалката под дупката за
дигање сместена најблиску до
односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно. Основата
на дигалката треба да биде на
тлото непосредно под дупката
за дигање на тој начин што да
се спречи лизгањето на истата.
4. Наместете го клучот врз дигалката и кренете го
возилото со вртење на клучот
додека тркалото не се подигне
од тлото.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото целосно со вртење
обратно од насоката на
стрелките на часовникот и
избришете ги со крпа.
Ставете ги завртките на
тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 196.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и извадете ја дигалката.
9. Затегнете ги сите завртки на тркалото по вкрстен редослед
со клучот за тркала. Внимавајте
клучот да се намести цврсто.
Клучот треба да се врти
надесно за да се стегнат
завртките. Свртете го клучот
обратно ако е потребно.
Затезниот момент е 160 Nm.
10. Вратете ја раткапната внимавајќи дупката за вентилотна раткапната да е порамнет со
вентилот на гумата пред да го
наместите.
Page 198 of 237
196Нега на возилотоЗабелешка
Доколку е применливо,
монтирајте ги завртките за
заштита од кражба најблиску до
вентилот на гумата (во спротивно,
можеби нема да може да се
ремонтира раткапната).
11. Складирајте ги сменетото тркало 3 196 и прирачните
алати 3 184.
12. Нека Ви го избалансираат новото тркало на возилото.
Проверете го притисокот на
монтираната гума 3 222.
Проверете ја затегнатоста на
завртките на тркалата.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.
Резервно тркало Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 191.
Кога монтирате резервно тркало кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета запривремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Може да биде неопходно да се
подигне возилото со дигалка за да
се добие пристап кон резервното
тркало на целосно оптоварено
возило со издишна задна гума.
Менување на тркалата 3 194.
Резервното тркало е монтирано
под задниот дел на подвозјето и
може да биде прицврстено со
безбедносна завртка што може да
се извади само со употреба на
приложениот алат. Прирачен алат
3 184.
9 Предупредување
Поради тежината на комлетот
на гумата, постапете
внимателно кога го
Page 199 of 237
Нега на возилото197ослободувате носачот на
резервното тркало. Не ја вадете завртката целосно 1.
Потпирајте го резервното
тркало со соодветен предмет за
да го спречите наглото паѓање
на тркалото кога ќе ги олабавите
завртките на носачот - ризик од
повреда!
За да го ослободите носачот на
резервното тркало, разлабавете ја
завртката 1, уверувајќи се дека не
е целосно извадена. Целосно
извадете ја завртката 2, па
повлечете го носачот влево додека
не се одвои од завртката 1 и
спуштете го комплетот на носачот.
При инсталирање на новото тркало уверете се дека носачот на
резервното тркало е правилно
наместен пред да ги затегнете
завртките.
Летни и зимски гуми Ако употребувате зимски гуми,
резервното тркало може се уште да има летна гума.
Ако го користите резервното
тркало кога е опремено со летна
гума, возноста на возилото може
да се измени, особено на лизгави
коловози.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
● Не возете побрзо од 80 км/ч.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
Page 200 of 237
198Нега на возилотопредизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен
или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со иста волтажа
(12 волти). Неговиот капацитет (Ач) не смее да биде
значително помал од оној на
испразнетиот акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.
● Отворете ги заштитните капачиња на позитивната
клема на двата акумулатори.
Инката се наоѓа во товарниот
простор.
Тргнете го капакот за да
пристапите до акумулаторот.