OPEL COMBO 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: COMBO, Model: OPEL COMBO 2014Pages: 205, PDF Size: 4.22 MB
Page 91 of 205

Иинструменти и контроли89
■Светла за дневно возење
■ Излези од изборникот
LIGHTING (Светлина на
внатрешните светла)
Кога возите навечер со пуштено
средно светло, прилагодете ја
светлината на внатрешните светла на возилото (на пр. на таблата со
инструменти, екранот за контрола
на климатизацијата).
Светлината може да се
прилагодува и со копчињата R и
S без влегување во изборникот за
поставки.
SPEED BEEP (Предупредувачки
тон за ограничување на брзината)
Активирајте го или деактивирајте
го предупредувачкиот тон за
ограничување на брзината или
сменете го ограничувањето за
брзината. Може да се зачуваат
брзини меѓу 30 и 200 км/ч.
Кога е активно, возачот се
предупредува со тон кога ќе се
надмине поставеното
ограничување за брзината.Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, активирајте ја или
деактивирајте ја функцијата
(ставете на On (вкл.) или Off (искл.))
и потврдете.
Притиснете го копчето SETq кога
е активирано ( On) за да дојдете до
моментално поставената брзина. Прилагодете по потреба и
потврдете.
Предупредувачки мелодии 3 92.
ПОДАТОЦИ ЗА ПАТ B
Активирајте го или деактивирајте
го вториот патен компјутер
(поставете на On (вкл.) или Off
(искл.))
Пат B ги снима просечната
потрошувачка, изминатото
растојание, просечната брзина и
времето на патување (време на
возење). Мерењето може да се
почне од почеток во кое било
време. Патен компјутер 3 93.SET TIME (Местење на часовникот
и режимот на часовникот)
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, може да се постави
времето или да се смени приказот
на часовникот меѓу 12 и 24 часа.
Изберете Time (време) и
потврдете. Прилагодете ја
поставката за часовите (вредноста
трепка) и потврдете. Прилагодете ја поставката за минутите
(вредноста трепка) и потврдете.
Изберете Mode (режим) и
потврдете. Изберете 12h или 24h и
потврдете.
Часовник 3 69.
МЕСТЕЊЕ НА ДАТУМОТ
Прилагодете ја поставката за
годините (вредноста трепка) и
потврдете. Прилагодете ја
поставката за месецот (вредноста
трепка) и потврдете. Прилагодете
ја поставката за денот (вредноста трепка) и потврдете.
Page 92 of 205

90Иинструменти и контроли
RADIO INFO (Прикажување на
аудио и радио информации)
Активирајте го радио инфо
(поставете на On) за да се
прикажат аудио и радио
информации (на пр. фреквенцијата
на станицата, пораки RDS, број на
песна). Деактивирајте кога не е
потребно (поставете на Off).
AUTOCLOSE (Автоматско
централно заклучување при
возење)
Активирајте ја функцијата за
автоматско затворање (поставете
на On) за автоматско заклучување
на вратите кога возилото ќе
надмине 20 км/ч. Деактивирајте
кога не е потребно (поставете на
Off ).
UNIT OF MEASUREMENT (За
далечина, потрошувачка на гориво
и температура)
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, може да се постават
мерните единици за далечина,
потрошувачка на гориво и
температура.Изберете Distance (далечина) и
потврдете. Поставете ја мерната
единица на km или mi (miles) и
потврдете.
Изберете Consumption
(потрошувачка) и потврдете. Кога
мерната единица за Distance е
поставена на km, мерната единица
за потрошувачка на гориво може да се постави на l/100km или km/l. Кога
мерната единица за Distance е
поставена на mi (miles),
потрошувачката на горивото се
прикажува во mpg.
Изберете Temperature
(температура) и потврдете.
Поставете ја мерната единица на
°C или °F и потврдете.
LANGUAGE (за пораките на
екранот)
Пораките на екранот може да се прикажуваат на разни јазици, меѓу
кои: англиски, германски,
француски, италијански,
португалски, шпански, холандски,
полски и турски. Изберете го
саканиот јазик и потврдете.WARNING VOLUME (Гласност на
предупредувачкиот тон)
Прилагодете ја гласноста на
предупредувачките тонови и
потврдете. Достапни се 8 нивоа н
гласноста.
Предупредувачки мелодии 3 92.
ГЛАСНОСТ НА КОПЧИЊАТА
Се огласува сигнал секогаш кога ќе се притисне копче SETq, R или S.
Прилагодете ја гласноста на овие тонови и потврдете. Достапни се
8 нивоа н гласноста.
Предупредувачки мелодии 3 92.
SEAT BELT BUZZER
(Преактивирање на
предупредувачкиот тон за
потсетникот за безбедносниот
ремен на возачот и/или совозачот)
Оваа опција на изборникот е
достапна само кога потсетникот за
безбедносниот ремен бил
деактивиран на сервис.
Page 93 of 205

Иинструменти и контроли91
Кога ќе се преактивира, возачот
и/или совозачот се известуваат со
тон кога соодветниот безбедносен
ремен не е врзан.
Потсетник за безбедносниот ремен
3 78.
SERVICE (Оддалеченост до
следниот сервис)
Пристапете до оваа опција на
изборникот за да го видите
преостанатото растојание до
следниот сервис.
Растојанието до следниот сервис се прикажува автоматски и кога
растојанието ќе достигне 2000 км и
се повторува по секои следни
200 км.
Екран за сервисирање 3 76.
PASSENGER AIRBAG
(Активирање и деактивирање на
совозачките предни и странични
воздушни перничиња)
Активирајте ги предните совозачки воздушни перничиња ако возрасно
лице седи на совозачкото седиште. Деактивирајте ги воздушнитеперничиња кога на тоа седиште е
наместен систем за врзување
деца.9 Опасност
Ризик од смртоносна повреда за
дете кое користи систем за
врзување на деца на седиште со
активирано воздушно перниче
за совозачот.
Ризик од смртоносна повреда за возрасно лице на седиште со
деактивирано воздушно
перниче за совозачот.
Откако ќе дојдете до оваа опција на изборникот, активирајте ги или
деактивирајте ги воздушните
перничиња ( Bag Pass On (вкл.) или
Bag Pass Off (искл.)) и потврдете.
На екранот се појавува порака за
потврда. Изберете YES (за да ја
потврдите промената) или No (за
да ја откажете промената).
Деактивирање на воздушното
перниче 3 49.
СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ
Активирајте ги светлата за дневно возење за да ја зголемите
видливоста на возилото дење
(поставете на On). Деактивирајте
кога не е потребно (поставете на
Off ).
Светла за дневно возење 3 97.
ИЗЛЕЗИ ОД ИЗБОРНИКОТ
Изберете ја оваа опција за да
излезете од изборникот за
поставки.
Page 94 of 205

92Иинструменти и контролиПораки за возилото
Предупредувачки
мелодии Се огласува само една
предупредувачка мелодија
одеднаш.
Предупредувачката мелодија за
неврзан безбедносен ремен има
приоритет врз другите.
Кога се пали моторот или
додека се вози ■ Ако безбедносниот ремен не е врзан.
■ Ако извесна брзина е надмината при активирана рачна сопирачка.
■ Ако помошта при паркирање примети пречка.
■ Ако се открие дефект во помошта
за паркирање.
■ Ако некоја врата или задната врата не е целосно затворена
кога се поаѓа.■ Ако брзината на возилото накратко надминува определено
ограничување.
■ Возила со автоматски рачен менувач; не е ставено во лер илине е притисната ножната
сопирачка.
■ Ако се открие дефект на преносот кај возилата со
автоматски рачен менувач.
■ Ако во Информативниот центар за возачот се појави
предупредувачка порака.
Кога возилото е паркирано и/или возачката врата еотворена ■ Кога клучот е во бравата за палење.
■ Кај возилата со автоматски рачен менувач; не е ставено во
лер или не е активирана
сопирачката за паркирање, или
ножната сопирачка и/или
педалата на гасот не е
притисната.Пораки за горивниот
систем
Систем за прекин на дотокот
на гориво Во случај на судар со одредена
тежина, се прекинува дотокот на
горивото и моторот се исклучува
автоматски, поради безбедносни
причини. Соодветна
предупредувачка порака може да
се појави и во Информативниот
центар за возачот 3 85.
За да го ресетирате системот за
прекин на дотокот на гориво и да
овозможите возилото да се вози,
видете во „ Исклучување на
возилото “ 3 113.
Page 95 of 205

Иинструменти и контроли93Патен компјутер
Патниот комјутер обезбедува
информации за податоците на
возењето, кои постојано се
снимаат и се оценуваат
електронски.
Следниве функции може да се
изберат со повеќекратно
притискање на копчето TRIP на
крајот од рачката за бришачите:
Стандардна верзија ■ Просечна потрошувачка
■ Моментална потрошувачка
■ Досег
■ Поминато растојание
■ Просечна брзина
■ Време на патување (време на возење)
Повеќефункциска верзија
Две дневни километражи, Пат A и Пат B се достапни за избирање и се
снимаат посебно.
Информациите на двата патни
компјутери може посебно да се
препостават, овозможувајќи го
прикажувањето на различни
растојанија на патувањата.
Пат А ■ Просечна потрошувачка
■ Моментална потрошувачка
■ Досег
■ Поминато растојание
■ Просечна брзина
■ Време на патување (време на возење)Пат В
■ Просечна потрошувачка
■ Поминато растојание
■ Просечна брзина
■ Време на патување (време на возење)
Патот B може да се деактивира
преку Информативниот центар за
возачот 3 85.
Препоставување на
информациите на патниот
компјутер
За препоставување на патниот
компјутер, изберете една од
неговите функции, па притиснете
го и држете го копчето TRIP
неколку секунди.
Page 96 of 205

94Иинструменти и контроли
Следните информации на патниот
компјутер ќе се препостават:
■ Просечна потрошувачка
■ Поминато растојание
■ Просечна брзина
■ Време на патување (време на возење)
Патниот компјутер автоматски ќе
се препостави кога максималната
вредност на било кои од
параметрите ќе се надмине.
Просечна потрошувачка
Се прикажува просечната
потрошувачка, земајќи ги предвид
поминатото растојание и
потрошеното гориво од
последното препоставување.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Моментална потрошувачка
Екран на моменталната
потрошувачка на гориво.
На екранот ќе се појави _ _ _ _ ако
возилото се остави паркирано со
запален мотор подолго време.
Досег
Досегот се пресметува од
актуелната содржина на
резервоарот за гориво и
просечната потрошувачка од
последното препоставување.
Кога опсегот е помал од 50 км, на
екранот ќе се појави _ _ _ _.
По дотурањето гориво, возилото
автоматски го пресметува досегот
по кратка пауза.Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Забелешка
Опсегот нема да се прикаже ако
возилото се остави паркирано со
запален мотор подолго време.
Поминато растојание
Го прикажува извозеното
растојание од последното
препоставување.
Мерењето може да се почне од почеток во кое било време.
Просечна брзина
Се прикажува просечната брзина
по последното ресетирање.
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Прекините во патувањето кога
палењето беше исклучено не се вклучуваат во пресметките.
Време на патување (време навозење)
Се прикажува времето поминато
од последното ресетирање.
Page 97 of 205

Иинструменти и контроли95
Мерењето може да се почне од
почеток во кое било време.
Излегување од патниот
компјутер За да излезете од патниот
компјутер, притиснете го и држете
го копчето SETq подолго од
2 секунди.
Информативен центар за возачот
3 85.
Прекин на напојувањето
Ако напојувањето било прекинато
или ако напонот на акумулаторот
паднал премногу, вредностите
чувани во патниот компјутер ќе се
изгубат.
Page 98 of 205

96СветлаСветлаНадворешни светла...................96
Внатрешно светло .....................99
Карактеристики на
осветлувањето .........................102Надворешни светла
Прекинувач за светлата
Прекинувач за светлата:
§=исклучено / светла за
дневно возење9=странични светла / предни
фарови
Контролна сијаличка 8 3 84.
Задни светла
Задните светла светат заедно со
предните фарови и страничните
светла.
Долго светло
За да се префрли од средно на
долго светло, турнете ја рачката.
За да префрлите на средно светло,
повлечете ја рачката.
Аблендирање
За да се активира аблендирањето, повлечете ја рачката.
Page 99 of 205

Светла97Регулирање на
височината на фаровите
Рачно регулирање нависочината на фаровите
За да ја прилагодите височината на фаровите според оптоварувањето
на возилото и за да не ги
заслепувате другите корисници на патот: Притиснете го копчето À
или Á додека не се прикаже
саканата поставка на
Информативниот центар за
возачот 3 85.
0=Предните седишта се
зафатени1=Со патници на сите седишта2=Сите седишта се зафатени и
товарниот простор е
натоварен3=Возачкото седиште е
зафатено и полн товарен
простор
Предните фарови кога се
вози во странство
Снопот на несиметричните предни
светла ја зголемува видливоста на
работ на патот од страната на
совозачот.
Меѓутоа, кога возите во држави
каде што сообраќајот се одвива на
спротивната страна на патот,
дотерајте ги предните фарови да
се спречи заслепувањето на
сообраќајот од спротивната
насока.
Нека Ви ги намести предните
фарови автомеханичар.
Светла за дневно возење
Светлата за дневно возење ја
зголемуваат видливоста на
возилото при дневна светлина.
Кога функцијата е активна и
палењето е вклучено, предните фарови се палат автоматски и
осветлувањето на инструментите
се придушува. Прекинивачот за
светло треба да е во положба §.
Светлата за преку ден се
исклучуваат кога ќе се исклучи
палењето.
Забелешка
Возачот е одговорен за
вклучување на средното светло
кога е потребно, на пр. кога се
вози низ тунел или ноќе.
Кога ќе се деактивира функцијата,
предните фарови не се палат
автоматски кога ќе се вклучи
палењето и прекинувачот за
светлата е во положба §.
Светлата за дневно возење се активираат/деактивираат преку
изборник во Информативниот
центар за возачот 3 85.
Page 100 of 205

98СветлаПредупредувачки
трепкачи
Со него се ракува со копчето ¨.
Трепкачи за вртење и
менување лентиРачката угоре=десен трепкачРачката удолу=лев трепкач
Ако рачката се помрдне преку
отпорната точка, трепкачот е
вклучен постојано. Кога воланот се враќа назад, трепкачот автоматски
се деактивира.
За трепнување петпати, на пр. кога се менува лента, притиснете ја
рачката додека не се почувствува
отпор, па отпуштете ја.
Помрднете ја рачката до отпорната точка и држете ја за подолго
трепкање.
Исклучете ги трепкачите рачно со
поместување на рачката во
првобитната положба.
Предни фарови за магла
Со него се ракува со притискање на
копчето >.
Со вклучување на предните
фарови за магла автоматски се
вклучуваат страничните светла.