OPEL COMBO E 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2020Pages: 317, PDF Size: 28.98 MB
Page 221 of 317

Возење и ракување219Деактивирање
Системот се деактивира во
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 129. B
се гаси во групата инструменти.
Освен тоа, се огласува звучен
сигнал.
Состојбата на системот се
зачувува кога ќе го исклучите
палењето.
Системот се деактивира
автоматски кога се влече
електрично поврзана приколка.
Поради лоши временски услови,
како што е пороен дожд, може да се случај погрешни откривања.
Дефект
Во случај на дефект, на таблата со инструменти трепка B неколку
секунди, заедно со C и со порака
на екранот. Нека Ви ја отстрани
причината на дефектот
автомеханичар.Камера од страната на
совозачот
Камерата од страната на
совозачот го надгледува
страничниот дел од возилото.
Камерата е монтирана на долниот
дел од страничниот ретровизор од страната на совозачот.
Приказот од страната на совозачот
се прикажува во екранот за заден
приказ 3 127.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
ВклучувањеКамерата се вклучува кога
возилото се движи со степен на
пренос за движење напред и од
екранот за заден приказ се избере
приказ од страната на совозачот.
Наведувачки линии
Линијата претставува растојание
од околу 4 м од работ на задниот
браник на возилото.
Page 222 of 317

220Возење и ракувањеИсклучување
Камерата се деактивира кога ќе се
избере друг тип на приказ.
Систем за панорамски поглед
Овој систем овозможува приказите
на околината на возилото да се
прикажуваат речиси како слика од
180° на Инфо-екранот, како поглед од птичја перспектива.
Системот користи: ● задна камера, што се наоѓа во задната врата
● ултрасонични сензори за паркирање во задниот браник
Екранот на Инфо-екранот е
поделен на два дела. На десната страна има приказ од горе, а на
левата има приказ од назад.
Сензорите за паркирање ги
комплетираат информациите за
приказот од горе на возилото.
Променете ја гласноста на
акустичните сигнали со
притискање на C во десната долна
зона од екранот.
Активирање
Системот за панорамски поглед се
активира кога:
● ќе се избере рикверц
● се вози до 10 км/ч
Функционалност Во левиот дел од екранот може да
се изберат различни прикази.
Променете го типот на приказот во
секое време при маневрирање со
притискање на полето за допир во
левата долна зона од екранот:
● Standard view (Стандарден
поглед)
● AUTO Mode (Автоматски
режим)
● Zoom view (Зумиран поглед)
● 180° view (Поглед од 180°)
Екранот се ажурира веднаш со
типот на избраниот приказ.
AUTO Mode (Автоматски режим) е
стандардно активирано. Во овој
режим, системот го избира
најдобриот приказ за
Page 223 of 317

Возење и ракување221прикажување, стандарден или
зумиран, според информациите од
сензорите за паркирање.
Состојбата на системот не
останува во меморијата кога ќе се
исклучи палењето.
Rear view (Поглед од назад) /
Standard view ( Стандарден поглед)
На екранот се прикажува областа
зад возилото. Вертикалните линии
ја претставуваат ширината на
возилото со отворени ретровизори. Насоката на линиите се променува
со положбата на воланот.
Првата хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии ги
претставуваат растојанијата од
околу 1 до 2 м од работ на задниот
браник на возилото.
Овој приказ е достапен во AUTO
Mode (Автоматски режим) или во
изборникот за избор на приказ.
Rear zoom view (Зумиран поглед од назад) /
Zoom view (Зумиран поглед)
Камерата ја снима околината на
возилото во текот на
маневрирањето за да го
реконструира погледот од горе од
задната страна на возилото на
блиската околина и на тој начин
овозможува маневрирање на
возилото околу пречките во
близина. Овој приказ е достапен кај
AUTO Mode (Автоматски режим)
или во изборникот за избор на
приказ.
Rear side view (Поглед од задната
страна) /
180° view (Поглед од 180°)
Приказот од 180° го олеснува
возењето во рикверц при
излегување од место за паркирање и на тој начин овозможува да го
Page 224 of 317

222Возење и ракувањезабележите приближувањето на
возила, пешаци и велосипедисти.
Овој приказ не се препорачува за изведување на целосен маневар.
Се состои од три области: лево 1,
средина 2 и десно 3. Овој приказ е
достапен само од изборникот за
избор на приказ.
Деактивирање
Системот за панорамски поглед се
деактивира при:
● возење побрзо од 10 км/ч
● седум секунди откако ќе извадите од рикверц
● со притискање на иконата Ù
во левиот горен агол од
екранот на допир, а потоа &
● отворање на задната врата ● поврзување приколка или носач за велосипедиОпшти информации9Предупредување
Системот за панорамски поглед
не го заменува видот на
возачот. Нема да прикаже деца, пешаци, велосипедисти,
вкрстен сообраќај, животни или
какви било други предмети
надвор од областа на погледот
на камерата, на пример, под
браникот или под возилото.
Не возете и не паркирајте го
возилото само со помош на
системот за панорамски поглед.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Прикажаните слики може да се
подалеку или поблиску од тоа што се прикажува. Прикажаната
област е ограничена, а
објектите што се поблиску до
некој од рабовите на браникот
или под браникот не се
прикажани на екранот.
Ограничувања на системотВнимание
За оптимална работа на
системот, важно е објективот од камерата во задната врата
помеѓу светлата за
регистарската табличка
секогаш да биде чист.
Исплакнете го објективот со
вода и избришете го со мека
крпа.
Не чистете го објективот со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем
притисок.
Системот за панорамски поглед може да не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективите на
камерата.
● При ноќно возење.
● Времето ја ограничува видливоста, на пример, кога
има магла, дожд или снег.
Page 225 of 317

Возење и ракување223● Објективите на камерата себлокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија.
● Возилото влече приколка.
● Возилото имало судар.
● Има екстремни промени на температурата.
Ретровизорска камера Во зависност од верзијата,
камерата е монтирана над
регистарската табличка во задната
врата / левата задна врата или на
врвот од левата задна врата.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите на помошта за
паркирање, на пр. под браникот
или под возилото, не се
прикажуваат.
Не возете во рикверц и не
паркирајте го возилото само со
помош на ретровизорската
камера.
Секогаш проверувајте ја
околината на возилото пред да
возите.
Камера над регистарската
табличка на задната врата /
левата задна врата
Сликата од камерата се прикажува
на Инфо-екранот 3 124.
Подрачјето што го прикажува
камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Вклучување
Ретровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од еден метар
проектирани на сликата за да ја
определат оддалеченоста од
прикажаните предмети.
Page 226 of 317

224Возење и ракувањеТраекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Исклучување
Камерата се исклучува кога ќе се
избере брзина за движење напред.
Камера на врвот од левата
задна врата
Сликата од камерата се прикажува
на екранот за заден приказ 3 127.
Вклучување
Ретровизорската камера се
вклучува автоматски.
Стандардниот заден приказ се
активира кога ќе се избере брзина
за движење напред.
Задниот приказ одблиску се
активира кога ќе се избере преку
p во екранот за заден приказ или
кога ќе се избере рикверц.
Кога работите со приколка, задниот приказ одблиску не работи повеќе.
Наведувачки линииСтандарден заден приказ
Хоризонталната линија
претставува растојание од околу
4 м од работ на задниот браник на
возилото.
Заден приказ одблиску
Долната хоризонтална линија
претставува растојание од околу
30 см од работ на задниот браник
на возилото. Горните
хоризонтални линии
претставуваат растојание од околу 1 м и 2 м.
Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Page 227 of 317

Возење и ракување225
Покрај тоа, радиусот на отворање
на задните врати се прикажува во
екранот за заден приказ.
Исклучување
Ретровизорската камера се
исклучува кога ќе се исклучи
екранот за заден приказ.
Ограничувања на системот
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● наоколу е темно
● зракот од предните фарови свети директно во објективите
на камерата
● времето ја ограничува видливоста, на пример, когаима магла, дожд или снег
● објективите на камерата се блокирани од снег, мраз,
растопен снег, кал или
нечистотија. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа
● задната врата ќе се отвори ● возилото влече електрично поврзана приколка, носач завелосипеди и др.
● возилото се судрило од задната страна
● има екстремни промени на температурата
Помош за задржување на лента
Помош за задржување на лента
помага да се избегнат судири како
резултат на ненамерно напуштање на лентата. Предната камера што
се наоѓа во горниот дел од
шофершајбната ги следи ознакитеза ленти помеѓу кои вози возилото.
Ако возилото се приближи до
ознаките за лентата, воланот
нежно се врти за да ја врати
положбата на возилото во лентата. Тогаш возачот ќе почувствува
вртење на воланот. Завртете го
воланот во истата насока, ако
управувањето со системот не е
доволно. Завртете го воланот
нежно во спротивната насока,
доколку е планирана промена на
лентата.
Кога системот управува за да
изврши корекции на траекторијата
на возилото, a трепка во групата
инструменти.
Порака за предупредување во
Информативниот центар за
возачот заедно со
предупредувачка мелодија го
предупредува возачот кога е
потребно итно дејство од возачот.
Системот не претпоставува
ненамерно напуштање лента кога
се вклучуваат трепкачите и во
период од 20 секунди откако
трепкачите ќе се исклучат.
Page 228 of 317

226Возење и ракувањеЗабелешка
Системот може да биде исклучен, ако детектира ленти, кои се
премногу тесни, премногу широки
или криви.
Треба да се исполнат следниве
предуслови:
● брзината на возилото мора да биде помеѓу 65 км/ч и 180 км/ч
● возачот мора да го држи воланот со двете раце
● трепкачите не се вклучуваат при промената на насоката на
движење
● Електронската контрола на стабилноста е активирана, но
не работи
● возилото не е поврзано со приколка или носач на
електричен велосипед
● вообичаено возење (системот открива динамичен стил на
возење, т.е. притисок на
педалите за сопирачките или гаста)
● патишта со лоши обележувања
на лентите● не се користи резервно тркало
● возачот треба да биде активен
при корекцијата
● возилото не се вози во тесна уличка
Активирање
Ако системот е активиран, LED-
сијаличката во копчето Ó не свети.
За да го активирате системот кога
е деактивиран, притиснете Ó.
Системот работи при брзини на
возилото помеѓу 65 км/ч и 180 км/ч и ако лентите може да се откријат.
Возачот мора да го држи воланот
со двете раце. Системот за
електронска контрола на
стабилноста мора да биде
активиран.
Контролната сијаличка a трепка
жолто при коригирањето на
насоката на движење.
Ако возачот сака да ја задржи
насоката на движење на возилото,
може да го спречи коригирањето
така што цврсто ќе го стегне
воланот, на пример, при маневар
за избегнување. Коригирањето се
прекинува ако се вклучат
трепкачите.
Нема коригирање кога се
вклучуваат трепкачите и во
периодот од неколку секунди
откако трепкачите ќе се исклучат.
Ако системот открие дека возачот
не го држи воланот доволно цврсто во текот на автоматската корекција
на насоката на движење, тогаш ја
прекинува корекцијата. Порака за
предупредување во
Информативниот центар за
возачот заедно со
предупредувачка мелодија го
предупредува возачот кога е
потребно итно дејство од возачот.
Page 229 of 317

Возење и ракување227Ако се активира известувањето за
странична слепа точка и возачот
сака да ја промени лентата,
системот ја поправата
траекторијата на возилото и покрај
активирањето на трепкачите ако во
зоната за странична слепа точка се открие друго возило.
Деактивирање За да го деактивирате системот,
притиснете и задржете Ó.
Деактивирањето на системот се
потврдува со вклучување на LED-
сијаличката во копчето. Во
Информативниот центар за
возачот се прикажани полни сиви
линии.
Препорачано деактивирање Се препорачува да го
деактивирате системот во
следниве ситуации:
● Подлогата е во лоша состојба● Лоши климатски услови
● Лизгави површини, на пример, мразСистемот не е дизајниран за
возење во следниве ситуации:
● Возење на патеки за трки
● Возење со приколка
● Возење на брановидна подлога
● Возење на нестабилни површини
Дефект Во случај на дефект, на таблата со
инструменти се појавуваат a и
C заедно со порака на екранот и
предупредувачка мелодија.
Контактирајте со продавач или
автомеханичар за да се изврши
проверка на системот.
Ограничувања на системот
Перформансите на системот може
да бидат под влијание на:
● шофершајбната не е чиста или
е под влијание на надворешни предмети, на пример,
налепници
● блиски возила напред
● накосени патишта● тесни, кривулести или ридски патишта
● рабови на патот
● нагли промени на осветлувањето
● неповолни временски услови, на пример, силен дожд или
снег
● промени кај возилото, на пример, гуми
Исклучете го системот, ако
системот е попречен од мрсни
дамки, сенки, пукнатини на патот,
привремени или градежни
обележувања на лентата или други видови на неповолности.9 Предупредување
Секогаш задржете го Вашето
внимание на патот и одржувајте ја соодветната позиција на
возило во лентата на патот,
Page 230 of 317

228Возење и ракувањеинаку може да дојде до
оштетување на возилото,
повреди или смрт.
Помошта за држење на лентата
не го управува возилото
постојано.
Системот може да не го
одржува возилото во лентата
или да даде предупредување,
дури и ако се откријат ознаките
за лентата.
Управувањето со помошта за задржување на лента можеби
не е доволно за да се избегне
излегувањето од лента.
Системот може да не открие
возење без раце поради
надворешни влијанија, како што се состојба на патиштата и
површината и временските
услови. Возачот има целосна одговорност за контрола на
возилото и секогаш е потребно
да ги задржи рацете на воланот
за време на возењето.Користење на системот при
влечење на приколка или на
лизгави патишта може да
предизвика губење на контрола
над возилото и незгода.
Исклучете го системот.
Предупредување за
возачот
Системот за предупредување за
возачот го следи времето
поминато во возење и
внимателноста на возачот.
Следењето на внимателноста на
возачот се заснова врз промената
на насоката на возилото во
споредба со ознаките на лентата.
9 Предупредување
Системот не може да ја замени
потребата за внимателност од
страна на возачот. Се
препорачува да правите пауза
штом ќе се почувствувате
изморени или најмалку на секои два часа. Не возете ако се
чувствувате изморени.
Активирање или деактивирање
Системот може да се активира илидеактивира во приспособувањето
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 129.
Состојбата на системот останува
во меморијата кога ќе се исклучи
палењето.
Предупредување за времето на
возење
Возачот добива појавен симбол за
потсетување € во
Информативниот центар за
возачот заедно со акустично
предупредување ако не направил
пауза по 2 часа возење со брзина
поголема од 65 км/ч.
Предупредувањето се повторува
на секој час додека возилото не
запре, без оглед на тоа како се
менува брзината на возилото.