OPEL COMBO E 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2020Pages: 317, PDF Size: 28.98 MB
Page 231 of 317

Возење и ракување229Предупредувањето за времето на
возење ќе се ресетира ако се
исполни еден од следниве услови:
● Возилото стои во место подолго од 15 минути со
вклучен мотор.
● Палењето се исклучи неколку минути.
● Безбедносниот ремен на возачот е одврзан и возачката
врата е отворена.
Забелешка
Ако брзината на возилото се
намали под 65 км/ч, системот се
паузира. Времето на возење
повторно се мери штом брзината
е над 65 км/ч.
Откривање на поспаноста на
возачот
Системот го следи нивото на внимателност на возачот.
Камерата во горниот дел од
шофершајбната ги открива
промените на насоката во
споредба со ознаките на лентата.
Системот е особено погоден за
брзи патишта (со брзини поголеми
од 65 км/ч).Ако насоката на возилото укажува
на одредено ниво на поспаност или невнимание на возачот, системот
го активира првото ниво на
предупредување. Возачот добива
известување преку порака и се
слуша звучен сигнал.
По првите три нивоа на
предупредување, системот
активира ново предупредување со
порака заедно со погласен звучен
сигнал.
Во одредени услови на возење
(лош пат или силни ветрови),
системот може да дава
предупредувања независно од
нивото на внимателност на
возачот.
Откривањето на поспаноста на
возачот се активира повторно кога
палењето ќе се исклучи на неколку минути или ако брзината се
одржува под 65 км/ч неколку
минути.Ограничувања на системот
Во следниве ситуации, системот
може да не работи правилно или
дури и да не работи воопшто:
● лоша видливост поради несоодветно осветлување на
патот, врнежи од снег, пороен
дожд, густа магла и сл.
● заслепување од предни фарови од возила што доаѓаат,
ниско сонце, одблесоци од
влажни патишта, излегување
од тунел, менување на светло
и сенка.
● областа на шофершајбната пред камерата е покриена со
нечистотија, снег, налепници и
сл.
● не се откриени ознаки за лента
или има повеќе ознаки за лента поради работи на патот
● блиски возила напред
● кривулести патишта или тесни патишта
Page 232 of 317

230Возење и ракувањеГоривоГориво за бензинскимотори
Бензинските мотори се
компатибилни со биогорива кои ги
исполнуваат тековните и идните
европски стандарди и можат да се
добијат од бензински станици:
Бензин што го исполнува
стандардот EN228, помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN15376.
Користете гориво со
препорачаниот октански број.
Понискиот октански број може да ја
намали моќноста и вртежниот
момент на моторот и малку ќе ја
зголеми потрошувачката на
гориво.
Внимание
Не користете гориво или адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 295. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Во одредени земји, може да биде
потребно да се користи одредено
гориво, на пример, со конкретен
октански број, за да се обезбеди
правилна работа на моторот.
Гориво за мотори на дизел
Дизел моторите се компатибилни
со биогорива кои ги исполнуваат
тековните и идните европски
стандарди и може да се добијат од
бензински станици:
Дизел гориво што го исполнува
стандардот EN590 помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN14214 (може да
содржи до 7% метил естер на
масни киселини)
Page 233 of 317

Возење и ракување231
Дизел гориво што го исполнува
стандардот EN16734 помешано со
биогориво што го исполнува
стандардот EN14214 (може да
содржи до 10% метил естер на масни киселини)
Парафинско дизел гориво што го
исполнува стандардот EN15940
помешано со биогориво што го
исполнува стандардот EN14214
(може да содржи до 7% метил
естер на масни киселини).
Може да се користи гориво B20 или
B30 што го исполнува стандардот
EN16709 во дизел моторите.
Сепак, ова користење, дури и
повремено, бара строга примена
на специјални услуги за
сервисирање кои се нарекуваат
„Тешки услови“.
За повеќе информации,
контактирајте со продавачот или со квалификуван автомеханичар.
Внимание
Користењето кој било друг тип
(био) гориво (растителни или
животински масла, чисти или
разредени, домашно гориво и
др.) е строго забрането (постои
ризик од оштетување на
моторот и системот за гориво).
Забелешка
Единствените адитиви за дизел
кои се дозволени за употреба се
оние кои ги исполнуваат
стандардот B715000.
За возила со дизел мотор што се
користат во Еквадор треба да се користи адитивот DLP 32-600 за да
се избегне оштетување на
системот за вбризгување. Овој адитив може да се купи само од
продавачите на Opel. Овој адитив
мора да се тури во резервоарот
пред да дополнувате дизел гориво. При секое дополнување од 50
литри дизел гориво, треба да се
додадат 30 милилитри од
адитивот. За да го дозирате
адитивот, користете го капачето од
кантата за адитив. Капачето
дозволува доза од 30 милилитри.
Работа при ниски температури
При температури под 0 °C, некои
дизел производи со мешавини од
биодизел може да се затнат, да
замрзнат или да се претворат во
гел, што може да влијае врз
системот за довод на гориво.
Page 234 of 317

232Возење и ракувањеПалењето и работата на моторот
може да не функционираат
правилно. Не заборавајте да
дополнувате дизел-гориво со
зимска вредност при температура
на околината под 0 °C.
Дизел гориво со арктички степен може да се користи при екстремно
ниски температури под -20 °C. Не
се препорачува користење на
гориво од ваков степен во жешки
или топли клими и може да
предизвика заглавување на
моторот, лошо палење или
оштетување на системот за
вбризгување гориво.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори
за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
На етикетата со симболи на
вратничката за полнење гориво се
прикажани дозволените типови
гориво. Цевките на пумпите на
бензинските станици во Европа се
означени со овие симболи.
Полнете само гориво од дозволен
тип.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната лева
страна на возилото.
Ако возилото е опремено со систем на електронскиот клуч,
вратничката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Во
зависност од верзијата,
ослободете ја вратничката на
Page 235 of 317

Возење и ракување233резервоарот за гориво така што ќе
ја турнете или ќе ја повлечете на
долниот десен агол.
Полнење бензин и дизел
Во зависност од верзијата, ставете го клучот во бравата и отклучете го
капачето.
За да отворите, полека свртете го
капачето налево.
Капачето за полнење гориво може
да се закачи за куката на
вратичката на резервоарот.
Поставете ја млазницата во
исправена положба во однос на грлото за полнење и притиснете
малку за да влезе.
За да наполните гориво, вклучете
ја цевката на пумпата.
По автоматското исклучување,
резервоарот може да се дополни
целосно со вклучување на цевката
на пумпата уште најмногу двапати.Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Кука за приколки
Општи информацииУпотребувајте само таква опрема
за влечење која е одобрена за
Вашето возило.
Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Функцијата за откривање
откажување на сијаличките за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на
сијаличките, на пример, во случај
на четири сијалички со моќност од
5 W, открива откажување на
сијаличките само кога останала
само една или ниту една сијаличка
од 5 W.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
Page 236 of 317

234Возење и ракувањевлечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото за да ви
биде при рака ако е потребно.
Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
При влечење приколка не ја
надминувајте брзината од 80 км/ч.
Максималната брзина од 100 км/ч е соодветна само ако се користи
амортизер за осцилациите и
дозволената бруто тежина на
приколката не ја надминува
тежината на возилото при
сопирање.
За приколки со ниска стабилност
при возење и караван-приколки, се
препорачува користење на
амортизер за осцилации.Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 298.
Влечење на приколка Товари на приколкатаДозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност
која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичката оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
фактичката бруто тежина на
приколката и фактичката
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото.
Воопшто, тие важат за нагиби до
12%.
Дозволениот товар во приколката
се однесува на одредената
стрмнина и на надморската
височина. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената бруто влечна тежина
исто така се намалува за 10% на
секои 1000 метри надморска
височина. Бруто влечната тежина
не мора да се намалува кога се
вози по патишта со мала стрмнина
(помала од 8%, на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена
на идентификациската табличка
3 291.
Page 237 of 317

Возење и ракување235Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото.
Секогаш трудете се за
максималната вертикална
оптовареност на влечната спојка,
особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.
Оптовареност на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволенатаоптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото не смее да се надмине. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечење Во зависност од верзијата,
возилото може да биде опремено
со топчеста влечна кука која може
да е фиксна или да се вади.
Тип АВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Монтирање на топчестата влечна
кука
1. Ставете го клучот во бравата и
отклучете ја влечната кука.
Поместете ја рачката во задна
положба.
Page 238 of 317

236Возење и ракување
2.Исчистете ги точките за контакт
со мека и чиста крпа.
3. Ставете ја топчестата влечна кука во отворот и притиснете
посилно додека не запре.
Правилно обезбедете ја
топчестата влечна кука така
што ќе ја поместите рачката во
заклучена положба, како што е
покажано на сликата.
4. Откачете ја влечната кука така што ќе го вртите клучот.
Извадете го клучот и затворете
го заштитното капаче.
5. Поврзете ја приколката. 6. Преклопете го приклучокот напред.
7. Поврзете го приклучокот на приколката со штекерот.
8. Поврзете го кабелот што госпречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Page 239 of 317

Возење и ракување237Демонтирање топчеста влечна
кука
1. Исклучете го приклучокот на приколката.
2. Отстранете го кабелот што го спречува откачувањето на
приколката.
3. Отстранете ја приколката.
4. Отворете ја заштитната вратничка и отклучете ја
влечната кука со клучот.
5. Поместете ја рачката на топчестата влечна кука во
задна положба. Отстранете ја
топчестата влечна кука така
што ќе ја повлечете.
6. Поместете ја рачката на топчестата влечна кука во
предна положба.
Тип B
1. Поврзете го приклучокот од приколката во штекерот и
поврзете го кабелот што го
спречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
2. Поврзете ја приколката.
Тип C
1. Отстранете го безбедносниот имобилизатор.
Page 240 of 317

238Возење и ракување
2. Повлечете ја рачката иотворете го прстенот за
влечење.
3. Поврзете ја приколката, затворете го прстенот за
влечење и поставете го
имобилизаторот.4. Поврзете го приклучокот од приколката во штекерот и
поврзете го кабелот што го
спречува откачувањето на
приколката за алката на
носачот.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и комбинацијата возила / приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 184.