OPEL COMBO E 2020 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: COMBO E, Model: OPEL COMBO E 2020Pages: 317, PDF Size: 28.98 MB
Page 241 of 317

Нега на возилото239Нега на возилотоОпшти информации.................240
Додатоци и модификации на возилото ................................ 240
Чување на возилото ..............240
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......241
Прверки на возилото ...............242
Вршење работа ...................... 242
Хауба ...................................... 242
Моторно масло ......................243
Ладилник ................................ 244
Течност за миење ..................245
Сопирачки .............................. 245
Течност за сопирачките ........245
Акумулатор ............................. 246
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 248
Замена на четкичките на бришачите ............................. 248
Замена на сијалиците ..............249
Халогенски предни фарови ..249
LED предни фарови ..............252
Предни фарови за магла ......252
Предни трепкачи ....................253
Задни светла .......................... 254Странични трепкачи ..............256
Светло за регистарската табличка ................................ 257
Внатрешни светла .................257
Електричен систем ..................258
Осигурувачи ........................... 258
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............258
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......259
Прирачен алат ......................... 261
Алати ...................................... 261
Тркала и гуми ........................... 262
Зимски гуми ............................ 262
Ознаки на гумите ...................262
Притисок на гумите ................ 262
Систем за откривање на издишаноста на гумите ........264
Длабочина на шарата ...........265
Менување на големината на гумите и тркалата .................266
Раткапни ................................. 266
Синџири за гуми ..................... 266
Комплет за поправање гуми . 267
Менување тркала ................... 270
Резервно тркало ....................271
Палење со кабли ......................276Влечење................................... 278
Влечење на возилото ............278
Влечење друго возило ..........279
Нега за изгледот ......................280
Нега на надворешноста ........280
Нега на внатрешноста ........... 282
Патосници .............................. 283
Page 242 of 317

240Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Прекривки за заштита од студ
За да спречите наталожување снег
на вентилаторот за ладилникот, се
препорачува да ставите прекривки
за заштита од студ што можат да се
отстранат.
Заштитните капаци мора да се монтираат професионално и затоа
посоветувајте се со
автомеханичар.
Внимание
Заштитните капаци секогаш
мора да се отстрануваат кога ќе се случи нешто од следново:
● Амбиенталната температура е над 10 °C.
● Кога возилото се влече.
● Возилото се вози со брзина поголема од 120 км/ч.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
Page 243 of 317

Нега на возилото241● Дотерајте го притисокот вогумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пример, системот за тревожење при
кражба.Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ги електричните
прозорци 3 44.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.
Page 244 of 317

242Нега на возилотоПрверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање Отворете ја возачката врата.
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Притиснете ја безбедносната
спојка нагоре и отворете ја
хаубата.
Page 245 of 317

Нега на возилото243Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се спречи оштетување на моторот.
Проверете дали се користи
моторно масло со правилната
спецификација.
Препорачани течности и средства
за подмачкување 3 289.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 мин.
Извлечете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитате го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Page 246 of 317

244Нега на возилотоКога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани. Ако моторното масло е над максималното ниво, не
стартувајте го возилото и
контактирајте со
автомеханичар.
Зафатнини 3 298.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Фабрички наполнетата течност за
ладење обезбедува заштита од
замрзнување до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 289.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над ознаката MIN. Дотурете ако
нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
Page 247 of 317

Нега на возилото245достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста
за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Нивото на течноста за миење мора
да биде под ознаката MAX.Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 289.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени новите пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде меѓу ознаките DANGER и
MAX .
Ако нивото на течноста е под
DANGER , побарајте помош од
автомеханичар.
Page 248 of 317

246Нега на возилотоТечност за сопирачките и за
куплунгот 3 289.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 145.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, апроветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Акумулаторот треба да го замени
автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 167.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возила со систем за
сопирање-поаѓање, уверете се
дека потенцијалот на
полнењето не надминува
14,6 V кога се користи полнач за батерија. Во спротивно, може да
се оштети батеријата на
возилото.
Палење со кабли 3 276.
Page 249 of 317

Нега на возилото247Заштита од празнењеНапон во батериите
Кога напонот на акумулаторот е
низок, на Информативниот центар
за возачот ќе се прикаже
предупредувачка порака.
Кога возилото вози, функцијата за
намалување на оптоварувањето
привремено деактивира одредени
функции, на пример, греење на
задното стакло.
Деактивираните функции повторно
се активираат автоматски штом
тоа го дозволуваат условите.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.Штекер за струја
Приклучоците за струја се
деактивираат во случај на низок
напон во акумулаторот.
Етикета за предупредување
Значење на симболите: ● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржисулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Режим за заштеда на енергија Овој режим ги деактивира
потрошувачите на енергија за да
спречи прекумерно празнење на
акумулаторот на возилото. Овие
потрошувачи, како што се
инфозабавниот систем, бришачите
на шофершајбната, фаровите за
средно светло, светлата за
внатрешноста и слично може да се користат најмногу 40 минути откако палењето ќе се исклучи.
Менување во режим за заштеда на енергија
Кога е активиран режимот за
заштеда на енергија, во
Информативниот центар за
Page 250 of 317

248Нега на возилотовозачот се појавува порака што
покажува Режим за заштеда на
енергија .
Активен телефонски повик преку
опцијата без раце ќе се одржи уште
околу дополнителни 10 минути.
Деактивирање на режимот за
заштеда на енергија
Режимот за заштеда на енергија се деактивира автоматски кога
моторот ќе се стартува повторно.
Моторот нека работи за да има
доволно енергија:
● помалку од 10 минути за да се користат потрошувачи до
околу 5 минути
● повеќе од 10 минути за да се користат потрошувачи до
околу 30 минутиЦедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучувајте го
палењето трипати за 15 секунди
одеднаш. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не
помалку од пет секунди. Ако
моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Шофершајбна
Исклучете го палењето.
Во рок од една минута по
исклучувањето на палењето,
активирајте ја рачката за
бришачите за да ги поставите
бришачите вертикално на
шофершајбната.
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.