bluetooth OPEL CORSA 2014.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2014.5Pages: 197, PDF Size: 3.06 MB
Page 5 of 197

Вовед............................................ 6
Радио .......................................... 24
ЦД-уред ....................................... 29
AUX приклучок ............................ 35
USB приклучок ............................ 36
Музика Bluetooth ......................... 39 Навигација .................................. 41
Телефон ...................................... 86
Индекс ....................................... 100Touch & Connect
Page 6 of 197

6ВоведВоведОпшти информации.....................6
Функција за аларм при кражба .... 7
Преглед на контролните
елементи ..................................... 10
Ракување .................................... 13Општи информации
Инфозабавниот систем Ви пружа
најсовремена инфозабава во
автомобилот.
Радиото има шест места во
меморијата за станици на средни
бранови и дванаесет за
ултракратки бранови.
Вградениот аудио плеер ќе Ве
забавува со аудио ЦД-а и ЦД-а со
MP3/WMA.
Може да поврзете надворешни мемориски уреди, на пр. iPod, МП3-
плеер или стапле USB или
преносен ЦД-плеер за
Инфозабавниот систем како
дополнителни извори на аудио;
или преку кабел или преку
Bluetooth.
Системот за навигација со
динамично планирање на
маршрутата ќе Ве доведе сигурно
до Вашата дестинација и, ако
сакате, автоматски ќе ги избегнува
застоите во сообраќајот или
другите сообраќајни проблеми.Освен тоа, Инфозабавниот систем
е опремен со портал за телефон
што овозможува удобно и
безбедно користење на вашиот
мобилен телефон во возилото.
Како опција, Инфозабавниот
систем може да се управува преку
користење на далечински
управувач на воланот.
Добро обмислената конструкција
на контролните елементи,
допирниот екран и јасните екрани
ви овозможуваат да го
контролирате системот лесно и
интуитивно.
Забелешка
Упатството ги опишува сите опции и функции достапни за разни
Инфозабавни системи. Одредени
описи, вклучително и оние за
функциите на екранот и на
изборниците, може да не важат за
вашето возило поради
варијантата на моделот,
посебната опрема или
додатоците.
Page 14 of 197

14Вовед
Приспособување на гласноста на
сообраќајните соопштенија (ТА)
Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се
прилагодува за време на
соопштенијата со копчето X. Кога
ќе заврши или ќе се откаже
соопштение, гласноста автоматски
се враќа на првобитната поставка.
Повеќе детали за функцијата ТА
3 24 и 3 27.
Прилагодување на гласноста на
говорните команди (навигација)
Гласноста на говорните команди
може да се прилагодува додека се
соопштува командата со копчето
X или преку изборникот за
поставување на навигацијата,
видете во „Поставки на
гласноста“ подолу.
Прилагодената поставка се
зачувува во Инфозабавниот
систем и автоматски се употребува
за сите следни говорни
известувања додека повторно не
се смени.Прилагодување на гласноста на
изворите приклучени на AUX
Релативното ниво на гласноста на
надворешните извори на звук,
на пр. преносен ЦД-плеер, може да се прилагоди преку изборникот за
поставување на звукот, видете во
„Поставки на гласноста“ подолу.
Прилагодување на гласноста на
звукот на телефонот
Гласноста на звукот на телефонот
може да се прилагоди за време на
повик со копчето X.
Прилагодената поставка се
зачувува во Инфозабавниот
систем и автоматски се употребува
за сите идни телефонски повици
додека повторно не се смени.
Забелешка
Кога гласноста на звукот на
телефонот е сменета,
истовремено се менува и
гласноста на ѕвонењето.Начини на работењето
Радио
Притиснете го копчето FM-AM за
да ги отворите изборниците AM,
FM1 или FM2 или за да ги менувате
изборниците.
Детален опис на функциите на радиото 3 24.
Аудио плеери
Притиснете го копчето MEDIA за да
ги отворите изборниците CD, CD
MP3 , iPod , USB , AUX или
BLUETOOTH AUDIO (ЗВУК
BLUETOOTH) (ако се достапни)
или за да ги менувате изборниците.
Детален опис на: ■ Функции на ЦД плеерот 3 30
■ Функции на влезот AUX 3 35
■ Функции на приклучокот за USB 3 36
■ Функции за музика Bluetooth 3 39
Page 39 of 197

Музика Bluetooth39Музика BluetoothОпшти информации...................39
Ракување .................................... 39Општи информации
Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери со
Bluetooth итн.) што го поддржуваат
музичкиот протокол A2DP за
Bluetooth може да се поврзат
безжично со Инфозабавниот
систем.
Важни информации ■ Инфозабавниот систем се поврзува само со уреди Bluetoothшто го поддржуваат A2DP
(Advanced Audio Distribution
Profile - Напреден профил за
дистрибуција на звук) верзија 1.2 или понова.
■ Уредот Bluetooth мора да поддржува AVRCP (Audio Video
Remote Control Profile - Профил
за далечинско управување со
аудио-видео) верзија 1.0 или
понова. Ако уредот не гоподдржува AVRCP, преку
Инфозабавниот систем може да
се контролира само гласноста.
■ Пред да поврзете уред со Bluetooth со Инфозабавниот
систем, запознајте се со
упатството за употреба за
функциите за Bluetooth.
Ракување ПредусловиСледниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за музика Bluetooth на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 87.
■ Функцијата Bluetooth на надворешниот извор на звук со
Bluetooth мора да е активна
(видете во упатството на
уредот).
■ Зависно од надворешниот извор на звук со Bluetooth, може да
биде потребно тој уред да се
Page 40 of 197

40Музика Bluetooth
постави на позиција
„видлив“ (видете во упатството
на уредот).
■ Надворешниот извор на звук со Bluetooth мора да биде поврзан
со Инфозабавниот систем
3 87.
Активирање на режимот за
музика Bluetooth
Притиснете го копчето MEDIA
еднаш или повеќе пати за да се
активира режимот за музика
Bluetooth.
Со најважните функции на
надворешниот извор на звук сега
може да се ракува преку
Инфозабавниот систем.
Ракување преку
Инфозабавниот систем
Почнување репродукција на песни
Изберете го екранското копче l.
Скокнување до следната или
претходната песна
Кратко притиснете го копчето t
или v (на таблата со
инструменти).
Паузирање/сопирање на
репродукцијата
Изберете го екранското копче z.
За повторен почеток на
репродукцијата: повторно
притиснете го екранското копче l.
Page 86 of 197

86ТелефонТелефонОпшти информации...................86
Поврзување Bluetooth ................87
Итен повик .................................. 89
Ракување .................................... 90Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете Порталот за телефон,
мобилниот телефон треба да е
поврзан со него преку Bluetooth
3 87.
Не сите функции на порталот за
мобилен телефон се поддржани од
секој мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Ќе
најдете повеќе информации за тоа
во упатството за употреба на
вашиот мобилен телефон или
можете да се распрашате за нив кај вашиот мрежен оператор.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 87 of 197

Телефон87разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на, на
пример, мобилен телефон или
МП3-плеер со други уреди.
За да можете да поставите
поврзување Bluetooth со
Инфозабавниот систем,
функцијата Bluetooth на уредот со Bluetooth мора да биде вклучена, а
уредот со Bluetooth треба да биде поставен на „видлив“ (режим за
откривање). За повеќе
информации, видете во упатството за употреба на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уредот со Bluetooth и
Порталот за телефон) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот BLUETOOTH
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
BLUETOOTH) .
За да го отворите изборникот
BLUETOOTH SETUP
(ПОСТАВУВАЊЕ BLUETOOTH) :
притиснете го копчето SETUP, а
потоа изберете ја ставката
Bluetooth & telephone (Bluetooth и телефон) .
Page 88 of 197

88Телефон
Спојување уред Bluetooth
Важни информации ■ Со системот може да се спојат до
четири уреди.
■ Само еден споен уред може да биде поврзан со Инфозабавниот
систем во даден момент.
■ Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен ако
уредот не се избрише од
списокот споени уреди.
Спојување 1. Во изборникот BLUETOOTH
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
BLUETOOTH) : поставете го
Bluetooth на On (Вкл.) .
2. Изберете ја ставката Pair New
Device (Поврзи нов уред) .
Порака бара да го внесете PIN-
кодот „1234“ на уредот со
Bluetooth.
3. На уредот со Bluetooth: ако веќе
не е вклучена, вклучете ја
функцијата Bluetooth, а потоа
вклучете го режимот за
откривање (видете воупатството за употреба на
уредот со Bluetooth).
На уредот со Bluetooth: ако
режимот за откривање го најде
уредот Bluetooth на
Инфозабавниот систем, ќе се
прикаже CAR HF UNIT .
4. На уредот со Bluetooth: изберете CAR HF UNIT , а потоа
следете ги упатствата за да го
внесете PIN-от „1234“.
5. На уредот со Bluetooth: потврдете го внесениот PIN-
код.
На екранот на Инфозабавниот
систем: по неколку секунди се
прикажува порака што
покажува дали спојувањето
било успешно или не.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
било успешно: доколку друг уред
со Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој уред
сега е откачен од системот.Ако поврзувањето преку Bluetooth
не било успешно: почнете
повторно со горе опишаната
постапка или видете во упатството
за употреба на уредот со Bluetooth.
Поврзување со друг споенуред
1. Во изборникот BLUETOOTH
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
BLUETOOTH) : изберете ја
ставката Select Paired Device
(Избери поврзан уред) .
Се прикажува список на сите
уреди со Bluetooth што се
Page 89 of 197

Телефон89
моментно споени соИнфозабавниот систем.
Ставката во списокот на уредот
со Bluetooth што е моментно
поврзан со Инфозабавниот
систем е означена со 9.
2. Изберете го саканиот уред.
3. На уредот со Bluetooth: ако веќе
не е вклучена, вклучете ја
функцијата Bluetooth (видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth).
На екранот на Инфозабавниот
систем: по неколку секунди се
прикажува порака што
покажува дали поврзувањето
Bluetooth било успешно или не.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
било успешно: доколку друг уред
со Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој уред
сега е откачен од системот.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
не било успешно, почнете
повторно со горе опишаната
постапка или видете во упатството
за употреба на уредот со Bluetooth.Отстранување споен уред
Во изборникот BLUETOOTH
SETUP (ПОСТАВУВАЊЕ
BLUETOOTH) : изберете ја
ставката Delete Paired Device
(Избриши поврзан уред) .
Се прикажува список на сите уреди со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Ставката во списокот на уредот со
Bluetooth што е моментно поврзан
со Инфозабавниот систем е
означена со 9.
Изберете го саканиот уред. Уредот
е отстранет од списокот споени
уреди.
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
Page 90 of 197

90Телефондоволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност
Вртете го бројот за ити повици (на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот одслужбата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце ракувањето со мобилниот
телефон и понатаму ќе биде
возможно, на пр. примање на
повик или дотерување на
гласноста.
По воспоставувањето на врската помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем,
податоците од мобилниот телефон
му се предаваат на
Инфозабавниот систем. Тоа може
да потрае, зависно од мобилниот
телефон и количеството податоци
што треба да се пренесат. За тоа
време, ракувањето со мобилниот
телефон преку Инфозабавниот
систем е можно само до одредена
мерка.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа
отстапување од опсегот на
функциите опишани за овие
специфични мобилни телефони е
можно.
Контролни елементи за
ракување со телефон Најважните контролни елементи
специфични за телефонот се
следниве: