OPEL CORSA F 2020 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 115, PDF Size: 5.05 MB
Page 81 of 115

Радио81
Деактивирање
За да деактивирате Поврзување
FM-DAB, изберете OPTIONS
(ОПЦИИ) во главниот изборник за
радиото, па откажете го изборот на
FM-DAB Follow-up (Следење FM-
DAB) .
Поврзувањето FM-DAB ќе се
деактивира автоматски кога ќе се
деактивира RDS.
Page 82 of 115

82Надворешни уредиНадворешни
уредиОпшти информации ...................82
Репродукција на звук .................83
Прикажување слики ...................84
Користење апликации за
паметни телефони .....................84Општи информации
USB приклучок се наоѓа во
средишната конзола.Внимание
За да заштитите системот, не
користете USB-разделник.
Забелешка
USB-приклучоците секогаш треба
да се чуваат чисти и суви.
USB-приклучоци
Во USB-приклучокот може да се
приклучат МP3-плеер, USB-уред,
SD-картичка (преку приклучок /
адаптер за USB) или паметен
телефон.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира аудиодатотеки или
да прикажува слики што се
зачувани на USB-уреди.
Кога се поврзани со USB-
приклучок, со разни функциите на
уредите може да се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите помошни уреди.
Поврзување / откачување уред
Поврзете еден од горенаведените
уреди во приклучок за USB. Ако е
потребно, користете соодветен
кабел за поврзување. Музичката
функција почнува автоматски.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB што не може да се прочита, се појавува
соодветна порака за грешка и
Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската со
уредот USB, изберете друга
функција, па отстранете го уредот USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.
Page 83 of 115

Надворешни уреди83Пренесување аудио преку
Bluetooth
Пренесувањето ви овозможува даслушате музика од паметниот
телефон.
За детален опис за
воспоставување поврзување
Bluetooth 3 90.
Ако репродуцирање аудио не
започне автоматски, можеби ќе
биде потребно да ја стартувате
репродукцијата од паметниот
телефон.
Прво приспособете ја гласноста на паметниот телефон (на високо
ниво). Потоа приспособете ја
гласноста на Инфозабавниот
систем.
Формати на фајлови
Аудио опремата поддржува
различни формати на датотеки.Репродукција на звук
Активирање на функцијата за
музика
Поврзување уред USB или
Bluetooth 3 82.
Ако уредот е веќе поврзан, но
репродуцирањето на зачуваните
музички датотеки не е активно:
Притиснете b, изберете
SOURCES (ИЗВОРИ) , па изберете
го соодветниот извор.
Репродукцијата на звучните записи почнува автоматски.
Функции за репродуцирањеПрекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете 5 за да го прекинете
репродуцирањето. Екранското
копче се менува во 4.
Допрете 4 за да го продолжите
репродуцирањето.Репродуцирање на претходната
или следната нумера
Допрете P или Q.Брзо напред и брзо назад
Допрете и задржете P или Q.
Отпуштете за да се вратите во нормален режим на репродукција.
Или може да го движите лизгачот
што ја покажува моменталната
положба на записот налево или
надесно.Произволна репродукција на
записите
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) и
допрете ја иконата Random (По
случаен избор) неколку пати:
j : се пуштаат нумерите од
моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.) по
случаен редослед.
k : се пуштаат нумерите од
моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.) по
нормален режим за
репродуцирање.
Page 84 of 115

84Надворешни уредиПовторување нумери
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) и
допрете ја иконата Repeat
(Повтори) n неколку пати за да
изберете една од следниве опции:
● ги повторува нумерите од моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.)
● ги повторува нумерите од моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.) еднаш
● се пуштаат нумерите од моментално избраниот список
(албум, изведувач и др.) по
нормален режим за
репродуцирање
Прикажување слики Може да гледате слики зачувани на
уред USB.
Активирање на прегледникот
на слики
Поврзување уред USB 3 82.
Ако уредот е веќе поврзан, но
прегледникот на слики не е
активен:Притиснете d, изберете Photos
(Фотографии) и изберете ја
саканата папка и слика.
Допрете го екранот за да се
прикаже лентата за избор.
Гледање на претходната или
следната слика
Допрете f или g.
Почнување или прекинување
на приказ на слајдови
Изберете 4 за да ги гледате
сликите зачувани на уредот USB
како слајдови.
Допрете 5 за да го прекинете
приказот на слајдовите.
Користење апликации запаметни телефони
Проекција на телефонот Апликациите за проекција на
телефонот , Apple CarPlay и Android
Auto, прикажуваат избрани
апликации од паметниот телефон
на Инфо-екранот и овозможуваат
управување директно преку
контролите за инфозабава.
Проверете кај производителот на
уредот дали оваа функција е
компатибилна со вашиот паметен
телефон и дали оваа апликација е
достапна во земјата во која се
наоѓате.
Подготвување на паметниот
телефон
iPhone ®
: уверете се дека Siri ®
е
активирано на телефонот.
Page 85 of 115

Надворешни уреди85Телефон со Android: Преземете ја
апликацијата Android Auto на
телефонот од продавницата
Google Play™.
Поврзување на паметниот
телефонiPhone
Поврзете го телефонот со USB-
приклучокот 3 82.
Ако телефонот веќе е поврзан
преку Bluetooth, по поврзувањето со USB-приклучокот и активирање
на Apple CarPlay, поврзувањето
преку Bluetooth ќе се исклучи.
Откако ќе го исклучите
поврзувањето преку USB,
телефонот повторно ќе се поврзе
преку Bluetooth.Телефон Android
Поврзете го телефонот преку
Bluetooth 3 90, па поврзете го
телефонот преку USB-приклучок
3 82.Вклучување на проекцијата на
телефонот
Ако проекцијата на телефонот не
започнува автоматски, притиснете
a , па допрете Apple CarPlay или
Android Auto .
Прикажаниот екран за проекција на
телефонот зависи од паметниот
телефон и верзијата на софтверот.
Враќање на Инфозабавниот екран
Притиснете го, на пример, копчето
b на контролната плоча.
Page 86 of 115

86Препознавање говорПрепознавање
говорОпшти информации ...................86
Користење .................................. 87Општи информации
Вградена функција за
препознавање говор
Вградената функција за
препознавање говор на
инфозабавниот систем
овозможува ракување со различни
функции на инфозабавниот систем со глас. Таа приметува наредби и
нумерички низи независо од
односниот говорник. Наредбите и
низа на броеви може да се кажат
без пауза во зборувањето помеѓу
поединечните зборови.
Во случај на неправилно ракување
или наредби, препознавањето
говор дава визуелна и / или звучна повратна информација и бара
повторно да ја внесете саканата
наредба. Покрај тоа, контролата на
гласот потврдува важни наредби и
ќе се распраша ако е потребно.
Во основа, постојат три различни
начини за изговарање наредби за
да може да се извршат саканите
активности.Забелешка
За да не доведат разговорите во
возилото до ненамерно
активирање на системските
функции, препознавањето говор
не се вклучува додека не се
активира.
Важни информацииПоддршка за јазици ● Не сите достапни јазици за приказ на Инфозабавниот
систем се достапни и за
препознавање говор.
● Доколку моментално избраниот јазик за приказ не е
поддржан од функцијата за препознавање говор, тогаш
препознавањето говор не е
достапно.
Во тој случај, треба да
изберете друг јазик за приказ
ако сакате да го контролирате
Инфозабавниот систем преку
говорно внесување. За да го
промените јазикот на екранот
3 74.
Page 87 of 115

Препознавање говор87Апликација за пренесување на
гласот
Апликацијата за пренесување на гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон.
Апликација за пренесување на
гласот е достапна преку
апликациите за проекција на
телефонот Apple CarPlay и Android
Auto 3 84.
Користење Вградена функција за
препознавање говор
Активирање на контролата на
гласот
Забелешка
Препознавањето говор не е
достапно за време на повик.Активирање преку копчето Y на
воланот
Притиснете Y на воланот.Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба, а изборниците за
помош со најважните достапни
команди се прикажуваат на
екранот.
Препознавањето говор е
подготвено за внесување говор
откако ќе се слушне звук.
Сега може да кажете говорна
наредба за да вклучите некоја
функција на системот (пр. пуштање
претходно поставена
радиостаница).
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Притиснете го копчето за гласност
на воланот нагоре (зголемување
на гласноста) Y или надолу
(намалување на гласноста) Z.
Прекинување говорен потсетник Како искусен корисник, може да
прекинете говорен потсетник со
кусо притискање на Y на воланот.
Или може да речете „Постави го
режимот за дијалог како експерт“.Веднаш се слуша писок и
наредбата може да се каже без
чекање.
Откажување дијалошка низа
За да откажете дијалошка низа и да го деактивирате препознавањето
на говорот, притиснете w на
воланот.
Ако не изговорите наредба
одреден временски период или ако изговорите наредби кои системот
не ги препознава, дијалошката низа автоматски се откажува.
Ракување преку говорни наредби Следете ги упатствата од
говорните насоки и оние
прикажани на екранот.
За најдобри резултати: ● Слушнете го говорниот потсетник и почекајте писок
пред да кажете наредба или да одговорите.
● Прочитајте ги наредбите за пример што се прикажани на
екранот.
Page 88 of 115

88Препознавање говор● Говорниот потсетник може дасе прекине со повторно
притискање на Y.
● Почекајте го сигналот и потоа природно изговорете ја
наредбата, ниту пребрзо, ниту
пребавно.
Обично наредбите може да се
изговорат како една наредба.
Апликација за пренесување на
гласот
Активирање на контролата на
гласот
Притиснете и задржете Y на
воланот додека не започне
сесијата за препознавање говор.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете ) на контролната плоча
или притиснете го копчето за
гласност на воланот нагоре
(зголемување на гласноста) Y
или надолу (намалување на
гласноста) Z.Деактивирање на функцијата за
препознавање говор
Притиснете w на воланот.
Сесијата за препознавање говор е
завршена.
Page 89 of 115

Телефон89ТелефонОпшти информации...................89
Поврзување Bluetooth ................90
Ракување .................................... 91
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 94Општи информации
Функцијата за телефон ви дава
можност да водите разговори на
мобилен телефон преку
микрофонот и звучниците во
возилото, како и да управувате со најважните функции на мобилниоттелефон преку Инфозабавниот
систем во возилото. За да може да
ја користете функцијата за
телефон, мобилниот телефон
мора да е поврзан со
Инфозабавниот систем преку
Bluetooth.
Не сите функции за телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Повеќе информации
за ова можат да се најдат во
упатствата за ракување за
мобилниот телефон или може да
се распрашате кај операторот.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина. Од оваа причина се подготвиле
безбедносни прописи и
директиви. Треба да бидете
запознати со поврзаните
директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 90 of 115

90Телефонразговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Функцијата за телефон е
сертифицирана од Bluetooth
Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата можат да се
најдат на интернет на
http://www.bluetooth.com.
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни
телефони, паметни телефони или
други уреди.
Спојување уред
Во текот на процесот на спојување,
се врши размена на PIN-кодови
помеѓу уредот со Bluetooth и
Инфозабавниот систем и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем.
Важни информации ● Два споени уреди преку Bluetooth истовремено можат
да се поврзат со
Инфозабавниот систем. Еден
уред во режим без раце,
другиот во режим за
пренесување аудио -
погледнете го описот за
поставките на профилот за
Bluetooth подолу.
Но, двата уреди не можат
истовремено да се користат во
режим без раце.
● Спојувањето треба да се изврши само еднаш, освен ако
уредот не се избрише од
списокот на споени уреди. Ако
уредот бил поврзанопретходно, Инфозабавниот
систем ја воспоставува
врската автоматски.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување нов уред 1. Активирање на функцијата Bluetooth на уредот со
Bluetooth. За повеќе
информации видете во
упатството за употреба на
уредот со Bluetooth.
2. Притиснете a, па допрете
Bluetooth search (Пребарување
Bluetooth) .
Се врши пребарување за сите
уреди со Bluetooth во блиската
околина.
3. Од прикажаниот список, изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го споите.