radio OPEL CORSA F 2020 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: CORSA F, Model: OPEL CORSA F 2020Pages: 115, PDF Size: 5.05 MB
Page 25 of 115

Радио25РадиоУпотреба..................................... 25
Радио податочен систем ...........27
Дигитална аудио дифузија ........28Употреба
Активирање на радиото
Притиснете b. Се прикажува
последниот избран главен
изборник за аудио.
Ако главниот изборник за радио не
е активен, изберете SOURCES
(ИЗВОРИ) , па изберете Radio
(Радио) .
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Избирање бранова должина
Изберете Band (Опсег) неколку
пати за да менувате меѓу
различните бранови должини.
Барање станици
Автоматско пребарување на
станици
Кратко притиснете P или Q за да ја
пуштите претходната или следната станица што може да се прими.
Рачно пребарување на станици
Притиснете го и држете го P или
Q . Отпуштете кога е речиси
достигната бараната фреквенција.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Местење станици
Ако ја знаете точно фреквенцијата
на некоја радио станица, може да ја
внесете рачно.
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) ,
изберете Radio stations
(Радиостаници) , па изберете ја
саканата бранова должина.
Page 26 of 115

26РадиоИзберете Freq. (Фреквенција) ,
внесете ја фреквенцијата и
потврдете го внесеното.
Ако на таа фреквенција има прием на некоја станица, станицата се
пушта.
Списоци со станици
На списоците со станици се
прикажани сите радио станици што
се достапни во моментното
приемно подрачје.
За приказ на моментално
активниот список со бранови
должини, изберете List (Список).
Одберете ја саканата станица.Ажурирање списоци со станици
Ако станиците зачувани на
одреден список со станици за
фреквентно подрачје не можат
веќе да се примаат, списоците на
станици АМ и DAB треба да се
ажурираат. Списокот на FM
станици се ажурира автоматски.
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) ,
изберете Radio stations
(Радиостаници) , па изберете ја
саканата бранова должина.За да започнете ажурирање за
избраната бранова должина,
изберете U.
Зачувување омилени станици Во списокот Presets (Претходно
поставени) може да се зачуваат
најмногу 15 радио станици од сите
вранови должини како омилени.
Изберете Presets (Претходно
поставени) за да се прикажат
меморираните копчиња.Зачувување на тековно активната
станица
Допрете го и задржете го така
саканото копче неколку секунди.
Соодветната фреквенција или име
на станицата се прикажува на
копчето.
Ако некоја станица веќе е зачувана
на меморирано копче, таа станица
ќе се пребрише со новата.
Зачувување станица од списокот
на станици
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) ,
изберете Radio stations
(Радиостаници) , па изберете ја
саканата бранова должина.
Page 27 of 115

Радио27Кратко допрете го копчето до
саканата станица. Или, изберете 7 за да се префрлите на приказот
на плочки. Потоа кратко допрете
a на плочката од саканата
станица.
Изберете Add to favourites (Додај во
омилени) , па допрете и задржете
неколку секунди на редот од
списокот каде што сакате да ја
зачувате станицата.
Ако некоја станица веќе е зачувана на ред од список, таа станица ќе се
пребрише со новата.
Повикување на станици
Во главниот изборник за радиото,
изберете Presets (Претходно
поставени) , па кратко допрете го
меморираното копче на саканата станица.
Радио податочен систем
Радиоподаточен систем (RDS) е
услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.Предности на RDS
● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица
со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пример,информации за актуелната
програма.
Конфигурација RDS
Во главниот изборник за радиото,
изберете OPTIONS (ОПЦИИ) , па
изберете Radio settings (Поставки
за радио) за да го отворите
изборникот за конфигурирање на
RDS.Активирање RDS
Изберете General (Општо) , па
активирајте Alternative frequency
(Алтернативна фреквенција) .
Ако е активирано Alternative
frequency (Алтернативна
фреквенција) , во долниот ред од
главниот изборник за радио се
прикажува RDS.
Радио текст
Ако е активирано RDS,
информациите за радио
програмата што е активна во
моментот или музичката нумера
што се репродуцира во моментот
се прикажуваат под името на
програмата.
За да се прикажат или да се скријат информациите, активирајте или
деактивирајте Display radio text
(Прикажи радио текст) .
Сообраќајни соопштенија
Многу станици со RDS емитуваат
сообраќајни вести. Ако е
активирана функцијата за
сообраќајни соопштенија,
Page 29 of 115

Радио29категории, сервисот DAB што се
прима моментално се прекинува кога има соопштение од таков вид.
Во главниот изборник за радио,
изберете OPTIONS (ОПЦИИ) ,
изберете Radio settings (Поставки
за радио) , па изберете
Announcements (Соопштенија) .
Активирајте ги саканите категории
за известувања, на пример, News
(Вести) или Weather ( Метео). Може
да се изберат разни категории на
соопштенија истовремено.
Поврзување FM-DAB
Оваа функција овозможува
префрлање од станица FM на
соодветна станица DAB и обратно.
Префрлањето од FM на DAB се
случува штом е достапна
соодветна станица DAB. Затоа, се
препорачува да ги зачувате
омилените станици како станици
DAB за да се намали честото
префрлање.
Префрлањето од DAB на FM се
случува ако сигналот е премногу
слаб за да може приемникот да го
прими.Активирање
Предуслов е да биде активирана
Alternative frequency
(Алтернативна фреквенција) пред
да може да се активира
Поврзување FM-DAB.
За да активирате Поврзување FM-
DAB, изберете OPTIONS (ОПЦИИ)
во главниот изборник за радиото,
па изберете FM-DAB Follow-up
(Следење FM-DAB) во Radio
settings (Поставки за радио) .
Кога е активирано Поврзување FM-
DAB, се прикажува следниов
симбол:
Деактивирање
За да деактивирате Поврзување
FM-DAB, изберете OPTIONS
(ОПЦИИ) во главниот изборник за
радиото, па откажете го изборот на
FM-DAB Follow-up (Следење FM-
DAB) во Radio settings (Поставки за
радио) .
Поврзувањето FM-DAB ќе се
деактивира автоматски кога ќе се
деактивира Alternative frequency
(Алтернативна фреквенција) .
Page 77 of 115

Радио77РадиоУпотреба..................................... 77
Радио податочен систем ...........79
Дигитална аудио дифузија ........79Употреба
Активирање на радиото
Притиснете b. Се прикажува
последниот избран главен
изборник за аудио.
Ако главниот изборник за радио не
е активен, изберете SOURCES
(ИЗВОРИ) , па изберете Radio
(Радио) .
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Избирање бранова должина
Изберете OPTIONS (ОПЦИИ) и
неколку пати допрете i за да се
префрлате меѓу различни бранови
должини.
Барање станици
Автоматско пребарување на
станици
Кратко притиснете P или Q за да ја
пуштите претходната или следната
станица што може да се прими.
Рачно пребарување на станици
Притиснете го и држете го P или
Q . Отпуштете кога е речиси
достигната бараната фреквенција.
Се врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Списоци со станици
На списоците со станици се
прикажани сите радио станици што
се достапни во моментното
приемно подрачје.