OPEL GRANDLAND X 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018Pages: 303, PDF Size: 7.49 MB
Page 131 of 303

Светла129Аблендирање
За да се активира аблендирањето,повлечете ја рачката.
Влечејќи ја рачката се деактивира
долгото светло.
Регулирање на
височината на фаровите
За приспособување на височината
на предните фарови според
оптовареноста на возилото за да
се спречи отсјајот: свртете го
малото тркалце ? во саканата
положба.
0:предните седишта се зафатени1:сите седишта се зафатени2:сите седишта се зафатени и
товарниот простор е натоварен3:возачкото седиште е зафатено
и товарниот простор е
натоваренСветла за дневно возење
Светлото за дневно возење ја
зголемува видливоста на возилото
при дневна светлина.
Тие се вклучуваат автоматски кога
моторот работи.
Системот се префрлува
автоматски помеѓу светлата за дневно возење и средното светло,
во зависност од условите на
осветлување.
LED предни фарови9 Предупредување
Не гледајте директно во LED-
светлата за да избегнете
оштетување на очите.
LED-системот за предни фарови
содржи разни видови LED-диоди во
секој фар што овозможува
контрола на функциите за
Приспособливо предно
осветлување.
Page 132 of 303

130СветлаПреносот на светлина и нејзиниотинтензитет варира во зависност од условите на осветлувањето, тип на
патот и ситуацијата на возење. Возилото ги адаптира предните
фарови автоматски според
ситуацијата, со цел да овозможи
оптимални перформанси за
возачот.
Некои функции за Приспособливо
предно осветлување на LED
предните фарови може да бидат
исклучени или вклучени од
изборникот за приспособување на
возилото кон индивидуалните
потреби. Изберете ја соодветната
поставка во Settings (Поставки) , I
Vehicle (Возило) на инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 116.
Функциите за осветлување се
достапни само кога прекинувачот
за светлата е во положба AUTO.Меѓуградско светло
Автоматски се активира при брзини
помеѓу 55 км/ч и 115 км/ч кога се
вози во рурални области.
Подобрено е осветлувањето на
тековната лента и другата страна
од патот. Не се заслепени возилата
кои доаѓаат и претекнуваат.
Светло за автопат
Автоматски се активира при брзина поголема од 115 км/ч.
Осветлувањето е приспособено на
поголема брзина со која се вози на автопатишта. Ако нема сообраќај
што доаѓа кон вас, видливоста од
страната на возилото се
зголемува. Опсегот на видливоста
се подигнува од 70 м на 140 м што
овозможува препознавање на
подалечни предмети по целата
ширина на патот.
Градско светло
Автоматски се активира при брзини до приближно 55 км/ч на час и воситуации со надворешно
амбиентално светло. Светлото е
широко и симетрично. Ако
брзината е под 30 км/ч, предните
фарови малку се вртат кон надвор
за да овозможат рано
препознавање на пешаци и
предмети од двете страни на
патот. Дизајниран е специјален
модел кој зрачи за да се избегне
отсјај за другите учесници во
сообраќајот.
Page 133 of 303

Светла131Аголно светло
Кога исклучувате, во зависност од
аголот на управување и
светлината на трепкачот, се
активираат посебни LED диоди кои
го осветлуваат правецот на
патувањето. Тоа се активира до
брзини од 40 км/ч.
Осветлување за лошо време
Се контролира преку сензорот за
бришачи или дожд и се активира
при врнежи од дожд или снег.
Широката дистрибуција на
осветлувањето - малку свртено нанадвор - овозможува подобра
ориентација на рабовите од патот.
Се зголемува интензитетот на
осветлувањето на поголемо
растојание за да се препознаваат
предмети и ознаки од десната
страна на патот и пречки на
лентата и покрај временските
услови. Намалувањето на
одбивањето на влажна подлога го
намалува заслепувањето на
возилата што доаѓаат кон вас.
Осветлувањето за лошо време се
активира при брзина до 70 км/ч.
Свиочно светло
За да се подобри осветлувањето
во кривините, врз основа на аголот на управување и брзината,
дополнително се активираат
посебни LED диоди. Оваа функција
се активира на брзина од 40 км/ч до
70 км/ч и реагира на аголот на
управување.
Помош за долгото светло
Оваа функција овозможува
долгото светло да функционира
како главна светлина за возење во
текот на ноќта.
Камерата во шофершајбната ги
забележува светлата на возилата
од спротивната насока или напред.
Секоја LED-сијаличка на десната
или левата страна може да се
активира или избледи секоја
посебно во согласност со
состојбата во сообраќајот. Ова
дава најдобра дистрибуција на
светлина без да ги заслепи другите учесници во сообраќајот. Откако ќе
се активира, помош за долгото
светло останува активно и се
вклучува и исклучува долгото
светло во зависност од околните
услови. Најпоследната поставка на
помошта за долго светло ќе остане откако ќе се вклучи палењето
повторно.
Page 134 of 303

132Светла
Помошта за долго светло вклучуваи специјален режим за автопат.
Кога се вози побрзо од 115 км/ч на
автопат, долгото светло се
смалува за да се избегне
заслепување на дојдовниот
сообраќај. Кога се вози зад возило
напред или се разминува,
заслепувањето од огледалото на
овие возила е намалено.
Активирање
Активирајте ја помошта за долго
светло со притискање на f на
рачката за трепкачите. LED од копчето светнува ако е активирана
помошта за долго светло. Долгото
светло се вклучува автоматски при брзини над 25 км/ч. Долгото светло
се исклучува при брзини под
15 км/ч, но помошта за долго
светло останува активна.
Зелената контролна сијаличка f
свети постојано кога помошта за
долго светло е активирана, сината
7 свети кога долгото светло е
вклучено.
Контролна сијаличка f 3 109, 7
3 109.
Со притискање еднаш на рачката
за трепкачите рачно се вклучува
долгото светло без помош за долго светло.
Помошта за долго светло
автоматски го вклучува средното
светло кога:
● Се вози во градски предели.● Камерата открие густа магла.
● Предни или задни фарови за магла се вклучени.
Ако не се приметуваат никакви
ограничувања, системот се враќа
на долго светло.
Деактивирање
Деактивирајте ја помошта за долго светло со притискање на f на
рачката за трепкачите
Ако се активира аблендирањето
кога е активирана помошта за
долго светло, а средното светло е
вклучено, помошта за долгото
светло ќе се деактивира. Системот променува на долго светло.
Page 135 of 303

Светла133Ако се активира аблендирањето
кога е активирана помошта за
долго светло, а долгото светло е
вклучено, помошта за долгото
светло ќе се деактивира. Системот
променува на средно светло.
За да ја активирате помошта за
долго светло, аблендирајте со
предните фарови повторно.
Дефект во LED системот за
осветлување
Кога системот ќе открие дефект
во LED системот за осветлување,
тој одбира дефинирана положба за да избегне заслепување на
сообраќајот од спротивната
насока. Во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредување.Предупредувачки
трепкачи
Се ракува со притискање на ¨.
Кога сопирате во итен случај,
предупредувачките трепкачи се
вклучуваат автоматски во
зависност од силата на
забавувањето. Тие се исклучуваат
автоматски првиот пат кога ќе
забрзате.
Трепкачи за вртење и
менување лентирачката угоре:десен трепкачрачката удолу:лев трепкач
При поместувањето на рачката
може да се почувствува точка на
отпор.
Постојаното трепкање се активира
кога рачката ќе се помести по
точката на отпор. Ќе се деактивира кога воланот ќе се сврти во
спротивна насока или кога рачката
рачно ќе се врати во неутрална
положба.
Page 136 of 303

134СветлаАктивирајте го привременото
трепкање така што ќе ја држите
рачката веднаш пред точката на
отпор. Трепкачите ќе трепкаат
додека рачката не се отпушти.
За да активирате три трепкања,
малку потурнете ја рачката без да
ја помине точката на отпор.
Ако заборавите да ги откажете
трепкачите за вртење и менување
ленти подолго од дваесет секунди,
гласноста на звучниот сигнал ќе се зголеми ако брзината е над
60 км/ч.
Предни фарови за маглаСе ракува со притискање на >.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
предните фарови за магла ќе ги вклучи предните светла
автоматски.
Задно светло за магла
Се ракува со притискање на r.
Прекинувачот за светлата во
положбата AUTO: вклучувањето на
задниот фар за магла ќе ги вклучи
предните светла автоматски.
Прекинувачот за светлата во
положбата 8: задниот фар за
магла може да се запали само
заедно со предните фарови за
магла.
Задното светло за магла на
возилото се деактивира кога се
влече приколка или приклучокот е
поврзан со штекерот, на пример
кога се користи носач на
велосипеди.
Паркирни светла
Page 137 of 303

Светла135Кога возилото е паркирано,
паркирните светла од една страна
може да се активираат:
1. Исклучете го палењето.
2. Помрднете ја рачката за трепкачите докрај нагоре
(десни паркирни светла) или
надолу (леви паркирни светла).
Се потврдува со сигнал и
соодветната контролна сијаличка
за трепкачите.
Светло за рикверц
Светлото за рикверц се вклучува
кога палењето е вклучено и се
става во рикверц.
Замаглени капаци насветлата
Внатрешноста на куќиштето на светлата може накратко да се
замагли при лоши, влажни и
студени временски услови, при
силен дожд или по миење.
Замагленоста исчезнува брзо сама од себе; за потпомагање запалете
ги фаровите.Внатрешно светло
Контрола на осветлувањето натаблата со инструменти
Осветленоста на следниве светла
може да се дотера кога се запалени
надворешните светла:
● осветлување на таблата со инструменти
● Инфо-екран
● осветлени прекинувачи и оперативни елементи
Свртете го малото тркалце A и
држете го додека саканата
осветленост не се постигне.
Внатрешни светла
При влегување во возилото и
излегување од него, предните и
задните внатрешни светла
автоматски се вклучуваат и потоа
се исклучуваат по пауза.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња внатрешните светла
се вклучуваат автоматски.
Предно внатрешно светло
Page 138 of 303

136СветлаРакување со преклопникот:w:автоматско
вклучување и
исклучувањепритиснете го
u:вклучувањепритиснете го
v:исклучување
Задни внатрешни светла
Се палат заедно со предното
внатрешно светло зависно од
положбата на преклопникот.
Светла за читање
Со нив се ракува со притискање
s и t во внатрешните светла.
На сликата се прикажани задните
светла за внатрешноста.
Светло во заштитникот за сонце
Светнува кога капакот ќе се отвори.
Карактеристики на
осветлувањето
Осветлување на
средишната конзола
Рефлекторот вграден во
плафонската конзола ја осветлува
средишната конзола кога предните
фарови се исклучени.
Осветлување привлегување
Осветлување „добредојдовте“ Некои или сите од следниве светласе вклучуваат накратко при
отклучување на возилото со
далечинскиот управувач:
● предни фарови
● светла на ретровизорот
● внатрешни светла
Бројот на активирани светла
зависи од условите на околното
осветлување.
Page 139 of 303

Светла137Осветлувањето се исклучува
веднаш кога ќе се вклучи
палењето. Поаѓање 3 18.
Оваа функција може да се
активира и деактивира во
приспособувањето на возилото кон
индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 116.
Следниве светла дополнително ќе
се запалат кога возачката врата ќе
се отвори:
● осветлување на некои прекинувачи
● Информативен центар за возачот
● светла во џебовите на вратите
Осветлување при излегување
Кога ќе се исклучи палењето, се
вклучуваат следниве светла:
● предни фарови
● внатрешни светла
● светло на таблата со инструментиЌе се исклучат автоматски по
пауза. Оваа функција работи само
ако е темно. Театралното
осветлување се активира ако
возачката врата се отвори за тоа
време.
Заштита од празнење на акумулаторот
За да се спречи празнење на
акумулаторот кога палењето е
исклучено, некои внатрешни
светла се исклучуваат автоматски
за некое време.
Page 140 of 303

138Контрола на климатизацијатаКонтрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .......................138
Систем за греење и проветрување .......................138
Систем за климатизација ......139
Електронски систем за контрола на
климатизацијата ...................142
Дополнително греење ...........147
Отвори за проветрување .........148
Приспособливи отвори за проветрување .......................148
Фиксни отвори за проветрување .......................148
Ладење на касетата ..............148
Одржување ............................... 149
Довод на воздухот .................149
Филтер за полен ....................149
Обично работење на климатизацијата ...................149
Сервис .................................... 149Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за греење и проветрување
Контроли за: ● температурата £
● распределба на воздухот l,
M и K
● брзината на вентилаторот Z
● одмаглување и одмрзнување à
● греење на задното стакло и
греење на страничните
ретровизори b
● греење на седиштата ß
Греењето на задното стакло b
3 45.
Странични ретровизори b3 42.
Седишта со греење ß 3 55.
Температурата
Регулирајте ја температурата со
вртење на £ на саканата
температура.црвена зона:потоплосина зона:поладно
Греењето нема да биде целосно ефективно додека не ја достигне
нормалната работна температура
моторот.