OPEL GRANDLAND X 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: GRANDLAND X, Model: OPEL GRANDLAND X 2018Pages: 303, PDF Size: 7.49 MB
Page 251 of 303

Нега на возилото249ECO притисокот на гумите служида се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.
Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето со возилото,
удобноста и економичноста на потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисоците на гумите се
разликуваат, зависно од опциите.
За правилна вредност на
притисокот на гумите, следете ја
постапката опишана подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра намоторот. Податоци за моторот
3 277.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок на гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 281.
За гумите одобрени за Вашето
возило, видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
Вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени
на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумите прикажана во Информативниот
систем за возачот го покажува
реалниот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.
Page 252 of 303

250Нега на возилотоСистем за откривање наиздишаноста на гумите
Системот за откривање на
издишаноста на гумите постојано
ја проверува брзината на ротација
на сите четири тркала и
предупредува за низок притисок во
гумите кога возилото е во
движење. Тоа се постигнува со
споредување на работ на
тркалање со референтни
вредности.
Ако некоја гума го загуби
притисокот, контролната сијаличка
w светнува, а во Информативниот
центар за возачот се прикажува
порака за предупредување.
Во овој случај, намалете ја
брзината, избегнувајте остри
свртувања и нагло сопирање.
Запрете штом ќе ви се укаже
можност и проверете го притисокот во гумите.
Контролна сијаличка w 3 108.Откако ќе го приспособите
притисокот во гумите, активирајте
го системот за да ја исклучите
контролната сијаличка и да го
рестартирате системот.Внимание
Системот за откривање на
издишаноста само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.
Во случај на дефект на системот, се прикажува порака во
Информативниот центар за
возачот. Поставете го правилниот
притисок во гумите и повторно
активирајте го системот. Ако
грешката продолжи да се
прикажува, посетете
автомеханичар. Системот не може
да работи ако ABS или ESC имаат
дефект или се користи резервно
тркало. Штом ќе се постави
нормално погонско тркало,
проверете го притисокот во гумите
кога гумите се ладни и повторно
активирајте го системот.
Иницијализирање на системот
По корекција на притисокот во
гумите или менување тркала,
системот мора да се активира за да
ги научи новите референти
вредности за тркалање:
1. Секогаш проверувајте дали сите четири гуми го имаат
точниот притисок 3 281.
2. Активирајте ја рачната сопирачка за паркирање.
Page 253 of 303

Нега на возилото2513.Притиснете w за да го
ресетирате системот за откривање на издишаноста.
4. Ресетирањето се потврдува со појавно известување.
По активирањето, системот
автоматски се калибрира на новите
притисоци во гумите во текот на
возењето. По подолго возење,
системот ќе ги прифати и ќе ги
следи новите притисоци.
Секогаш проверувајте го
притисокот во гумите кога гумите
се ладни.
Системот мора да се активира
повторно кога:
● Притисокот во гумите се променил
● Натовареноста се променила
● Тркалата ги замениле местата или биле променети
Системот нема веднаш да
предупреди за дупка во некоја гума или за брзо издишување. Ова е
поради потребното време за
пресметување.Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да
не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, сменувајте ги
предните тркала со задните тркала
периодично. Проверете дали
насоката на вртењето на тркалата
е иста.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат рзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
Ако ставите тркала друга
големина, заменете ја
налепницата со притисоците во
Page 254 of 303

252Нега на возилотогумите и преинсталирајте го
системот за откривање на
издишаноста на гумите. 3 2509 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите завртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 9 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени на
гуми со големина 215/70R16,
215/65 R17, 225/55 R18 и
205/55 R19.
Привремено резервно тркало
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Page 255 of 303

Нега на возилото253Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може
да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
товарниот простор под капакот на
подот.
1. Извадете ги шишето со заптивната смеса и
компресорот.
2. Извадете ја налепницата за ограничување на брзината од
шишето со заптивната смеса и
ставете ја некаде каде што ќе
биде видлива за возачот.3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
Page 256 of 303

254Нега на возилото4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресоротмора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
10. Поставете го преклопникот на
компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надувува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути.
Притисок во гумите 3 281.
Кога ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е
Page 257 of 303

Нега на возилото255достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок со копчето на цревото за
воздух.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Отстранете гошишето со заптивната смеса од држачот. Зашрафете го
цревото за полнење врз
слободниот приклучок од
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите
во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 5 км
(но не повеќе од десет минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумите. Навртете го цревото за воздух директно
врз вентилот на гумата кога го
правите тоа. Наполнете ја
гумата како што е опишано
погоре. Испуштете го вишокот
притисок со копчето на цревото за воздух.
Ако притисокот во гумата не се
намалил под 1,5 бар, поставете
го на правилната вредност. Во спротивно, возилото не смее да
се користи. Побарајте помош од автомеханичар. 3 281
Повторете ја постапката за
проверка уште еднаш откако ќе
возите уште дополнителни
10 км (но не повеќе од десет
минути) за да проверите дека
повеќе нема губење на
притисок.
Ако притисокот во гумата паднал под 1,5 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
17. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Page 258 of 303

256Нега на возилотоЗабелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил се отвора при притисок од седум
бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 252.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Ако е потребно, ставете блокатор под тркалото што е
дијагонално спротивно од
тркалото што се менува.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 259.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги завртките пред да
ги затегнете.9 Предупредување
Не подмачкувајте го навојот на
завртката на тркалото.
1. Извадете ги навлаките од
завртките со помош на
отстранувачот. 3 246
Челични тркала со раткапна:
Извлечете ја раткапната.
Page 259 of 303

Нега на возилото257Лесни бандажи: Извадете ги
навлаките од завртките со
помош на отстранувачот.
2. Отворете го клучот за тркалата и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот на
главата на завртката пред да го наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во кутијата
со алати. 3 246
3. Уверете се дека дигалката е
правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Page 260 of 303

258Нега на возилотоПроверете дали работ на
телото се вклопува во жлебот
на дигалката.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 259
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалата, уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
завртка по наизменичен
(вкрстен) редослед. Затезниот
момент е 115 Nm.
10. Порамнете го отворот за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
11. Складирајте ги заменетото тркало 3 259, прирачниот алат
3 246 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума изатегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.Положба за кревање за
платформа
Задниот носач на платформата за
кревање треба да биде поставен
централно под соодветната точка
за кревање на возилото.