122Надворешни уредиКога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Сликовни фајлови
Формати на датотеки со слики што
може да се прикажат се JPG, JPEG,
BMP, PNG и GIF.
Датотеките JPG мора да имаат 64 на 5000 пиксели во широчина и 64
на 5000 пиксели во височина.
Датотеките BMP, PNG и GIF мора
да имаат 64 на 1024 пиксели во
широчина и 64 на 1024 пиксели во
височина.
Сликите не смеат да бидат поголеми од 1 МБ.
Филмски фајлови
Формати на видеа што може да се
пуштаат се AVI и MP4.
Максималната резолуција е 1280 x
720 пиксели. Брзината на
репродукција мора да биде помала
од 30 fps.
Употреблив кодек е H.264/MPEG-4
AVC.Формати на аудио што можат да се репродуцираат
се .MP3, .AC3, .AAC и .WMA.
Формат на титли што може да се
прикаже е .SMI.
Репродукција на звук Активирање на функцијата за
музика
Ако уредот не е поврзан со
Инфозабавниот систем, поврзете
го уредот 3 120.
Обично, соодветниот главен
изборник за аудио се прикажува
автоматски.
Ако репродукцијата не започне
автоматски, на пример, ако USB
Auto Launch (Автоматско
вчитување USB) е деактивирано
3 120, направете ги следниве
чекори:
Притиснете ;, па изберете AUDIO
(АУДИО) за да го отворите
последниот избран главен
изборник за аудио.Изберете Source (Извор) во
интерактивната лента за избор, па изберете го саканиот аудиоизвор за да го отворите соодветниот
главен изборник за аудио.
Репродукцијата на звучните записи почнува автоматски.
Функциски копчиња
Прекинување и продолжување на
репродукцијата
Допрете = за да го прекинете
репродуцирањето. Екранското
копче се менува во l.
Допрете l за да го продолжите
репродуцирањето.