OPEL ADAM 2016.5 Сопственички прирачник

Page 221 of 271

Нега на возилото2193. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревотоза воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до шест бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути. Притисок во гумите

Page 222 of 271

220Нега на возилото3 254. Кога ќе се постигне
правилниот притисок,
исклучете го компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќиткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км(но не повеќе од десет минути), застанете и проверете го
притисокот во гумите.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот
на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, наполнете
ја до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.

Page 223 of 271

Нега на возилото221Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Повторно наместете ја
патосницата. Капак на задната
преграда за складирање под
подот 3 72.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил
се отвора при притисок од седум
бари.
Проверете го рокот на траење на комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Испорачаните адаптери може да
се користат за пумпање други
работи, на пр. фудбалски топки,
душеци, базени за надувување и
сл. Тие се наоѓаат од долната
страна на компресорот. За да се
извади, притегнете го цревото за
воздух на компресорот и
извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Кренете ја рачната сопирачка и
ставете во прва брзина или во
рикверц.● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Пред да ги зашрафите завртките на тркалото,
исчистете ги и малку
намачкајте го стеснетиот крај
од секоја завртка со мазиво
достапно во трговијата.

Page 224 of 271

222Нега на возилото9Предупредување
Не подмачкувајте го навојот на
завртката на тркалото.
1. Челични тркала:
Извлечете ја раткапната.
Легирани тркала со капачиња
на завртките
Откачете ги капачињата на
завртките за тркало со
шрафцигер и извадете ги. За да
се заштити тркалото, ставете
мека ткаенина помеѓу шрафцигерот и лесната
бандажа.
Легирани тркала со централно
капаче
Достапни се две верзии:
1.1. Вметнете го екстракторот
во отворениот процеп на
централното капаче и
отстранете го капачето од
тркалото. Прирачен алат 3 207.
1.2. Ставете го екстракторот во
отворот на централното капаче
и извадете го капачето од
тркалото. Прирачен алат 3 207.
2. Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
завртка на тркалото за
половина вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки, прво
ставете го адаптерот за
заклучување на завртките од
тркалото на главата на
завртката пред да го наместите

Page 225 of 271

Нега на возилото223клучот за тркалата. Адаптерот
се наоѓа во касетата.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Некои верзии имаат ленти со
покриени точки за кревање на
возилото: прво извлечете го
капакот на односната точка за
кревање пред да ја поставите
дигалката.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете ја рачката на
дигалката и при правилно
порамнета дигалка, завртете ја
рачката додека тркалото не е
ослободено од земјата.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото.

Page 226 of 271

224Нега на возилото9. Ставете го клучот за тркалатауверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
завртка по вкрсен редослед.
Затезниот момент е 110 Nm.
10. Порамнете го отворот на вентилот во раткапната на
челичното тркало со вентилот
на гумата пред да ја монтирате.
Наместете ги капачињата на
завртките или централното
капаче на легираното тркало.
11. Складирајте ги и прицврстете ги
заменетото тркало, прирачниот
алат 3 207 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 57.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.Положба за кревање за
платформа
Положба за задната рачка на
платформата за дигање, се наоѓа
централно под вдлабнатината на
прагот.
Положба за предниот крак на
платформата за кревање на
подвозјето.
Резервно тркало
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.

Page 227 of 271

Нега на возилото225Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се наоѓа во
држач под подот на возилото.
1. Отворете го капакот на товарниот простор 3 72.
Извадете ја складишната кутија
доколку ја има 3 70.
2. Извадете го клучот за тркалата од кутијата со алати.3. Наместете го клучот за тркала на шестоаголната глава близу
до кутијата со алати и вртете го
налево додека не
почувствувате отпор.
4. Поткренете го малку држачот на резервото тркало со рака и
откачете го резето.
5. Спуштете го држачот на резервното тркало.
6. Поткренете го малку држачотна резервото тркало со рака и
откачете го безбедносниот
кабел.

Page 228 of 271

226Нега на возилото
7. Спиштет ја дршката докрај изаменете го резервното тркало.
8. Сменете го тркалото 3 221.
Оштетеното тркало мора да се
прицврсти во товарниот
простор, видете подолу.
9. Подигнете го празниот држач на резервното тркало и
вметнете го безбедносниот
кабел.
10. Кренете го држачот на резервното тркало понатаму и
заглавете во резето.
Отворената страна на
патентбравата треба да биде
свртена кон напред.
11. Затворете го празниот држач за
резервното тркало вртејќи ја
шестоаголната завртка
постепено со клучот за
тркалата.
12. Одложете ги клучот за тркалата
и дигалката во кутијата за алати
во подот на возилото.
13. Затворете го капакот на товарниот простор.
Складирање на оштетено
тркало во товарниот простор
Држачот на резервното тркало не е
конструиран за други големини на
гуми освен за резервното тркало.
Оштетено тркало пошироко од
резервното мора да се складира во товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат 3 207.Тркала со големина на гумата до
195/55 R 16 1. Извадете го капакот на товарниот простор и кренете го
подот на товарниот простор.Одложете ги двете зад
подигнатите потпирачи за грб
на задните седишта.
2. Одвртете ја пеперужната навртка и извадете ја кутијата
со алати.
3. Поставете го оштетеното тркало исправено во просторот
за алати, свртено нанапред.

Page 229 of 271

Нега на возилото227
4. Извадете го ременот 1 од
кутијата со алати и ставете ја
јамката на ременот низ десната
алка за врзување.
5. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.6. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што епокажано на илустрацијата.
7. Монтирајте ја куката на левата алка за врзување.
8. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.9. Ставете ја кутијата за алати од внатрешната страна на
тркалото и прицврстете ја со
ременот 2 вметнат низ два
краци на тркалото.
Тркала со гума поголема од
195/55 R 16 1. Склопете ги потпирачите за грб
на задните седишта 3 69.

Page 230 of 271

228Нега на возилото
2. Извадете го ременот 1 од
кутијата со алати.
3. Поставете го оштетеното тркало со надворешната страна
кон долу во товарниот простор.
4. Земете го ременот 1 и ставете
ја јамката на ременот низ
десната алка за врзување.
5. Протнете го крајот на каишот со
куката преку јамката и
повлекувајте го додека каишот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
6. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
7. Монтирајте ја куката на левата алка за врзување.
8. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Оштетено возило ставено во
товарниот простор секогаш
мора да биде прицврстено со
ремен.
Привремено резервно тркало
Внимание
Употребата на привременото
резервно тркало може да
повлијае врз возната состојба.

Page:   < prev 1-10 ... 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 ... 280 next >