OPEL ADAM 2016.5 Сопственички прирачник
Page 231 of 271
Нега на возилото229Нека Ви ја заменат или
поправат неисправната гума
колку е можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 216.
Резервно тркало со насочна
гума
Ако е возможно, монтирајте ги
еднонасочните гуми така што тие
ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи што
е можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на кабли за палење и акумулатор од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
Page 232 of 271
230Нега на возилотопредизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на гол пламен
или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работите
со акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со ист напон
( 12 волти). Неговиот капацитет
(Ач) не смее да биде
значително помал од оној на
испразнетиот акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25
мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.
● Отворете ги заштитните капаци на позитивната клемана двата акумулатори.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
Page 233 of 271
Нега на возилото231монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку од
испразнетиот акумулатор, а
најмалку 60 см.
Спроведете ги каблите така што да
не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По пет минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од една минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
три минути со поврзани кабли.
4. Вклучете ги елктричните поторшувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото кое го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото Алката за влечење се складира
заедно со прирачните алати 3 207.Adam
1. Откачете го капачето
притискајќи на означеното
место.2. Зашрафете ја алката за влечење колку што може
додека не застане во
хоризонтална положба.
3. Закачете сајла за влечење - или, уште подобро е шипка за
влечење - за алката за
влечење.
Page 234 of 271
232Нега на возилотоAdam Rocks
1. Откачете го малото капаче соштафцигер на ознеченото
место.
2. Зашрафете ја алката за влечење колку што може
додека не застане во
хоризонтална положба.
3. Закачете сајла за влечење - или, уште подобро е шипка за
влечење - за алката за
влечење.Општо
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Менувачот е во лер.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возила со автоматизиран рачен менувач: возилото треба да се
влече само свртено нанапред со
предната оска крената од тлото.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Ставете го капачето и заглавете го во предниот браник.
Page 235 of 271
Нега на возилото233Влечење друго возило
Adam
Вметнете одвртка во процепот во
долниот раб на капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на одвртката удолу.
Алката за влечење се складира заедно со прирачните алати 3 207.
Зашрафете ја алката за влечење
колку што може додека не застане
во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел
под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето и заглавете
во браникот.
Adam Rocks
Не е можно влечење на друго
возило.
Page 236 of 271
234Нега на возилотоНега за изгледотНега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка бравите повторно автомеханичар.
МиењеAdam без подвижен покрив:
Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Постојат ограничувања за
деловите од каросеријата што сеобоени со мат боја или имаат
нанесено филм или декоративни
ленти, видете во „Полирање и
нанесување восок“.Adam со подвижен покрив:
Бојата на вашето возило е
изложена на влијание од
средината, затоа редовно перете
го своето возило.
Кога кориситте автоматски
перални, изберете ги тие со
текстилни четки и изберете
програма без полирни адитиви.
Постојат ограничувања за
деловите од каросеријата што се
обоени со мат боја или имаат
нанесено филм или декоративни
ленти, видете во „Полирање и
нанесување восок“.
При рачно перење на возилото,
користете чиста вода и мека четка
и перете во правец на ткаењето на
подвижниот покрив.
За подвижниот покрив никогаш не
користете млаз со пареа или млаз
под висок притисок.Редовно нанесувајте восок на
фарбаните делови од возилото, но
не и на текстилот на подвижниот
покрив.Внимание
По миење или чистење, мекиот
подвижен покрив мора сосема
да се исуши пред да биде
отворен. Ако мокар подвижен
покрив остане отворен подолго
време, ќе се оштети со дамки од водата и ќе се развие мувла.
Сите варијанти:
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за
автомобили, спроведете ги
соодветните напатствија на
производителот на пералната.
Бришачот на шофершајбната и
бришачот на задното стакло мора
Page 237 of 271
Нега на возилото235да бидат исклучени. Извадете ги
антената и надворешните
додатоци, како на пример
багажниците за на покрив, итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Чистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Кај возилата со допирна подлога со
амблем: кога миете со млаз вода
под притисок, внимавајте на
минимално растојание од 30 см
кога работите околу задната врата
за да избегнете несакано
отклучување.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.Полирање и нанесување восок
Редовно полирајте ги обоените
делови на возилото со полир-паста
(најдоцна кога веќе не се
формираат меури од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Подвижниот покрив не треба да се
полира и да му се нанесува восок.
Кога користите автоматски
перални за возила одберете
програма без полирни адитиви.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Небоените пластични делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Деловите од каросеријата што се во мат боја и обложени со филм
или декоративни ленти не смее да
се полираат за да се избегне
сјајност. Во автоматски перални за
Page 238 of 271
236Нега на возилотовозила не користете програми со
топол восок ако возилото ги содржи
овие делови.
Мат обоените декоративни делови, на пр. прекривките за ретровизори,не смее да се полираат. Во
спротивно, овие делови ќе блештат
или ќе се растопи бојата.
Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задното стакло
одзади, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да не го
оштетите.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на
прозорци.
Стаклена плочаНикогаш не чистете го со раствори
или нагризувачки средства, горива, агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање на
стаклената плоча.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Page 239 of 271
Нега на возилото237Систем на течен гас9Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора за сушење со температура над
60 °C, резервоарот за течен гас
мора да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Заден систем за превозување
Чистете го задниот систем за
превезување со млаз пареа или
компресор барем еднаш годишно.
Ракувајте со задниот систем за
превезување повремено ако не се
користи редовно, особено зиме.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење
на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особенона тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Page 240 of 271
238Нега на возилотоПластични и гумени деловиПластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.