OPEL ADAM 2017 Сопственички прирачник
Page 151 of 273
Возење и ракување149● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 186.Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класите на масла поинакви од
оние наброени на страница
3 176 може да го оштетат
катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Page 152 of 273
150Возење и ракувањеРачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот и притиснете го копчето
за ослободување на рачката на менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување брзини
3 97.
Систем за сопирање-поаѓање
3 145.
Автоматизиран рачен
менувач
Автоматизираниот рачен менувач
овозможува рачно менување
брзини (рачен режим) или
автоматско менување брзини
(автоматски режим), двете со
автоматска контрола на куплунгот.
Рачното менување е можно со
потчукнување на рачката на
менувачот во рачниот режим.
Забелешка
Кога отклучувате или отворате
врата на возилото, може да се
слуша звук од хидрауличниот
систем.
Page 153 of 273
Возење и ракување151Екран на менувачот
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
Палење на моторот
За да го запалите моторот,
притиснете ја педалата на
сопирачките ако менувачот не е во
N .
Менувачот автоматски се
променува во N по палењето.
Можее да настапи кратко
задоцнување.
Палењето не е возможно ако сите
светла за сопирачката се
дефектни.
Систем за сопирање-поаѓање
Autostop
Ако возилото е во мирување и
педалата за сопирачките е
притисната, Autostop се активира
автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
Autostart
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката
на менувачот од D за да го
рестартирате моторот.
Повторното палење на моторот е
прикажано на вртежометарот со
иглата во положба за лер.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 15 % или повеќе.
Систем за сопирање-поаѓање
3 145.
Page 154 of 273
152Возење и ракувањеРачка на менувачот
Секогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.
Забелешка
Не држете ја рачката на
менувачот во средишна положба.
Ако некоја брзина не е целосно
активирана, тоа може да
предизвика дефект, а во
Информативниот центар за
возачот може да се прикаже
шифра за грешка 81.
Вратете ја рачката на менувачот
во средишната положба. По
кратко време, во
Информативниот центар за
возачот ќе се прикаже N и
системот повторно ќе работи
нормално.
Пораки за возилото 3 108.N:положбата лерD/
M:префрлување помеѓу
автоматскиот (D) и рачниот
(M) режим за менување.
Екранот на менувачот
прикажува D или M со
избраната брзина<:ставање во поголема брзина во рачниот режим]:ставање во помала брзина
во рачниот режимR:рикверц. Ставајте во
рикверц само кога возилото
е во мирување
Ако рачката на менувачот се
помести од R налево, D директно
се активира.
Ако рачката на менувачот се
помести од D во < или ], се избира
рачниот режим M и преносот се
менува.
Поаѓање Притиснете ја педалата на
сопирачките и поместете ја
рачката на менувачот во D/M или
R . Ако е избрано D, менувачот е во
автоматски режим и ставено е во
прва брзина. Ако се избере R, се
активира рикверц.
Возилото почнува да лази штом ќе
се отпушти сопирачката.
За да појдете без притискање на
педалата на сопирачките,
забрзајте веднаш откако ќе ставите во брзина додека трепка D или R.
Ако ни педалот за гас ни ножната сопирачка не е нагазната, не се
става во ниедна брзина и за кратко
време трепка D или R на екранот.
Page 155 of 273
Возење и ракување153Застанување на возилотоВо D, првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото ќе застане. Во R,
рикверцот останува активен.
Моторно кочење
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини
додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини. Промената во
рачен режим е можна само додека
моторот работи или за време на
Autostop.Нишање на возилото
Нишањето на автомобилот е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал, снег или
јама. Местете ја рачката на
менувачот помеѓу R и D повеќе
пати. Не турирајте го моторот и избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Последната ставена брзина
(видете на екранот на менувачот)
останува активна кога се исклучува
палењето. Со N не е ставено во
ниедна брзина.
Затоа секогаш затегнувајте ја
паркирната сопирачка кога го
исклучувате палењето. Ако не е
затегната паркирната сопирачка,
P трепка на екранот на менувачот
и клучот не може да се извади од бравата за палење. P престанува
да трепка на екранот на менувачот штом ќе се затегне малку
паркирната сопирачка.Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Систем за контрола на
притисокот во гумите
За да го почнете споредувањето на
сензорите на системот за контрола на притисокот во гумите, рачката
на менувачот треба да се помести
и да се задржи во положбата N
пет секунди. P светнува на екранот
на менувачот за да покаже дека
споредувањето на сензорите може
да се почне.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 212.
Рачен режим Ако се одбере поголема брзина кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа го спречува моторот да работи со премногу или премалку
вртежи. Во Информативниот
Page 156 of 273
154Возење и ракувањецентар за возачот се прикажува
предупредувачка порака. Пораки
за возилото 3 108.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се
менува во помала брзина.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина
само преку збоднувањето.
Кога + или - е избрано во
автоматскиот режим, менувачот се префрлува во рачен режим и
менува брзини соодветно.
Показател за менување брзини
Симболот R со број до него се
прикажува кога се препорачува
менување брзина за да се заштеди гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.Електронски програми за
возењето
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
● Приспособливата програма автоматски го прилагодува
менувањето на брзини кон
условите за возење, на пр.
поголема оптовареност или стрмнини.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
За да се спречи оштетувањето на
автоматизираниот рачен менувач,
куплунгот автоматски се затвора при високи температури на истиот.Во случај на дефект, се пали
контролната сијаличка g. Освен
тоа, во Информативниот центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака. Пораки
за возилото 3 108.
Понатамошното возење е
ограничено или не е можно,
зависно од дефектот.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 157 of 273
Возење и ракување155Сопирачки
Системот на сопирачки се состои
од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање,
возилото се уште може да се сопре со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 96.Систем за деблокирање
на сопирачките
Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 97.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Page 158 of 273
156Возење и ракувањеСопирачка за паркирањеРачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 96.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага во спречување на несакани движења при возење на
коса површина.
При отпуштање на педалата за
сопирачката по застанување на закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.
Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува или ќе заврши
времето за задржување од две
секунди.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.
Page 159 of 273
Возење и ракување157Системи за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC).
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира по секое палење
на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи TC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете b
накратко.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.
Кога TC е деактивирана, ESC
останува активна.
TC повторно се активира со
повторно притискање на b. Порака
за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се активира
повторно.
Page 160 of 273
158Возење и ракувањеTC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.
Дефект
Ако има дефект на системот,
контролната сијаличка b постојано
свети и на Информативниот
центар за возачот се појавува
порака или шифра за
предупредување. Системот не
функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
закочуваат посебно.ESC работи во комбинација со
систем за контрола на
пролизгувањето. Го спречува
шлајфувањето на погонските
тркала.
ESC функционира по секое палење на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи ESC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 98.
Деактивирање