OPEL ADAM 2017 Сопственички прирачник

Page 191 of 273

Нега на возилото189Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 240.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната што содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Течност за миење 3 240.

Page 192 of 273

190Нега на возилотоСопирачкиВо случај на минимална дебелинана облогата на сопирачката, се
слуша чкрипење при сопирањето.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 240.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 129.

Page 193 of 273

Нега на возилото191Откачување на акумулаторотАко треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Во возилата со акумулатор AGM (Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате
акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 145.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волни кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 230.

Page 194 of 273

192Нега на возилотоЕтикета за предупредување
Значење на симболите:● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Во близина на акумулаторот може да има експлозивен гас.
Замена на четкичките на бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката како што е
покажано на илустрацијата и
извадете ја.

Page 195 of 273

Нега на возилото193Прицврстете ја четкичката на
бришачот под определен агол во
однос на рачката на бришачот, и
притиснете ја се додека не се
заглави.
Спуштајте ја рачката на бришачот внимателно.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата! Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на
сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло.
Надворешна ламба за средно
светло (1).
Внатрешна ламба за долго светло
(2).
Средно светло (1) 1. Завртете го капачето налево и извадете го.

Page 196 of 273

194Нега на возилото
2.Притиснете ја штипката за да го
ослободите држачот на
ламбата. Повлечете го држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на ламбата со штипката надолу и
заглавете во фарот додека да
кликне.
5. Ставете го капачето.
Долго светло (2)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2.Притиснете ја штипката за да го
ослободите држачот на
ламбата. Повлечете го држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на ламбата со штипката нагоре и
заглавете во фарот додека да кликне.
5. Ставете го капачето.

Page 197 of 273

Нега на возилото195Странични светла /Светла за
дневно возење со сијалици (3)
1. Завртете ја фасонката на ламбата (3) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од куќиштето на
фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
4. Вметнете ја фасонката во комплетот на фарот и завртете
надесно.
Странични/Светла за дневно
возење со LED-сијалици
Страничните светла и светлата за дневно возење имаат LED
сијалички што не може да се
сменат. Посоветувајте се со сервис
во случај на дефектна LED
сијаличка.
Предни трепкачи
1. Одвртете ја завртката и извадете го капакот.

Page 198 of 273

196Нега на возилото2. Одвртете ја завртката иизвадете го комплетот на
светлото од браникот.
3. Откачете ја и извадете ја фасонката вртејќи ја налево.
4. Извадете ја ламбата вртејќи ја налево малку и извлечете ја.
Заменете ја сијалицата.
5. Вметнете ја фасонката во комплетот и завртете ја
надесно.
6. Закачете го комплетот на светлото во браникот и
прицврстете го со завртката.
7. Вметнете го капакот во браникот и прицврстете со
завртката.
Adam Rocks1. Откачете го малото капаче со штафцигер на ознеченото
место.
2. Отстранете го капачето повлекувајќи го со прстите на
обележаните места, видете ги
стрелките на илустрацијата.

Page 199 of 273

Нега на возилото197
3. Одвртете ги двете завртки иизвадете го комплетот на
светлото од браникот.
4. Откачете ја и извадете ја фасонката вртејќи ја налево.
5. Извадете ја ламбата вртејќи јаналево малку и извлечете ја.
Заменете ја сијалицата.
6. Вметнете ја фасонката во комплетот и завртете ја
надесно.
7. Закачете го комплетот на светлото во браникот и
прицврстете со двете завртки.
8. Ставете го и вглавете го капачето на браникот. Ставете
го малото капаче.
Задни светла Верзии со кутија за субвуфер
Извадете ја покривката од подот на
товарниот простор. На десната
страна отстранете ја и кутијата за
алат за да добиете пристап до покривката 3 72.
Верзии со складишна кутија
Извадете ја складишанта кутија за
да пристапите до капакот 3 70.
1. Ослободете го капакот од
односната страна и извадете.

Page 200 of 273

198Нега на возилото
2. Однатре отшрафете јапластичната навртка заприцврстување со рака.
3. Внимателно извлечете го комплетот на задното светло одпроцепите и извадете го.
4. Свртете го држачот на ламбата
налево и извадете. Заменете ја
ламбата со влечење:
трепкач 1
задно светло 2
задно/стоп светло 3
Ако задното светло 2 и задното
светло/стоп светло 3 се LED
сијалички, за нивно менување
побарајте помош во сервис.
5. Вметнете го и свртете го држачот на ламбата надесно во
комплетот на задното светло.
Внимавајте жиците да останат
во каналите за каблите.
Наместете го комплетот на
светлото со држачите во
процепите на каросеријата на
возилото и затегнете ја пластичната навртка што го
држи од внатрешната страна на
товарниот простор. Повлечете
го кружниот дихтунг врз
процепот на куќиштето на
ламбата.
Затворете го капакот и
заглавете го.

Page:   < prev 1-10 ... 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 ... 280 next >