run flat OPEL ADAM 2019 Сопственички прирачник
Page 192 of 253
190Нега на возилотоКај верзијата со сабвуферска
кутија, алатите и алката за
влечење се наоѓаат заедно со
предупредувачкиот триаголник во
кутијата под капакот на подот. За
да пристапите, извадете го капакот на подот: преклопете го задниот
дел напред и извлечете го капакот кон назад 3 59.
Возила со резервно тркало
Дигалката, клучот за завртките на
тркалата, алатите и два ремени за
прицврстување оштетено тркало
се во кутијата со алати под капакот на подот на товарниот простор
3 59.
Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и, ако
е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Препорачуваме да не се
заменуваат предните со задните
тркала и обратно, тоа може да
влијае врз стабилноста на
возилото. Секогаш користете
помалку изабени гуми на задната
оска.Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се стават на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 232.
Големината 185/60 R 15 е
дозволена само како зимска гима.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете
ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите На пр. 195/55 R 16 95 H195:широчина на гумата во мм55:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во %R:вид ремен: РадијаленRF:вид: RunFlat (функционира и
издишана)16:пречник на тркалото во инчи