OPEL ANTARA 2014.5 Сопственички прирачник
Page 201 of 247
Нега на возилото199
Забелешка
Во земјите каде што системот за
следење на притисокот на гумите е законска обврска, користењето
тркала без сензори за притисокот
ќе го обезважи одобрението за
типот на возилото.
Моменталниот притисок на гумите
може да се прикаже во ставката
Tyres (Гуми) на изборникот Board
Computer (Автомобилски
компјутер) . Притиснете го копчето
BC на инфозабавниот систем и
изберете ја ставката.
Системот за контрола на
притисокот на гумите автоматски ја открива оптовареноста на
возилото. На информативниот
екран се појавува порака ако се
открие нерамномерен притисок на
гумите. Кај некои верзии, пораката
се прикажува во скратен облик.
На пример, може да се прикажат
следниве пораки:
Илустрација што укажува дека
левата задна гума е прикажана
заедно со моменталниот притисок во гумата; мало отклонување на
притисокот.
Намалување на брзината.
Проверете го притисокот на гумата веднаш штом ќе можете со
соодветен мерач и поправете го
колку што треба.
На инфо-екранот во боја, оваа порака ќе се прикаже жолто.
Илустрација што укажува дека
предната лева гума се прикажува
заедно со моменталниот притисок во гумата; големо отклонување напритисокот или директно губење
притисок.
Page 202 of 247
200Нега на возилото
Одвезете го возилото од
сообраќајниот тек колку е можно
побрзо без загрозување на другите
возила. Застанете и проверете ги
гумите. Монтирајте го резервното
тркало ако е потребно 3 205.
На инфо-екранот во боја, оваа
порака ќе се прикаже црвено.
Потврда на предупредувањата
3 102, 3 105.
Пораки за возилото 3 111.
Ако притисокот во гумата треба да се намали или зголеми, исклучете
го палењето. Притисоци во гумите
3 197, 3 234.
Надворешни радио опреми со
голема моќност може да му пречат на системот за контрола на
притисокот во гумите.
Плочките на вентилот на системот
за контрола на притисокот во
гумите и прстените на дихтунгот
треба да се заменат секој пат кога
се менуваат гумите.Надоместување на
температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат.
Притисокот на гумите прикажан на
екранот е фактичкиот притисок.
Затоа е важно да се проверува
притисокот во гумите со ладни
гуми.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите е 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
(TWI) . Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред
отколку назад, сменете ги
предните тркала и задните тркала.
Уверете се дека насоката на
вртењето на тркалата е иста како
порано.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Page 203 of 247
Нега на возилото201Менување на гумите и
големина на тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
лепливата етикета со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Ако треба да се стават бандажи од
друг вид, навртките на тркалата
исто ќе мора да се сменат.
Препорачуваме да се
посоветувате со својот сервисен
партнер.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџирите за гуми само на
предните тркала смеат да се
ставаат.
Мора да се ставаат на гумите
симетрично за да се постигне
симетрично стегање.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
Page 204 of 247
202Нега на возилото9Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџирите за гуми се дозволени само за тркалата од 16 инчи.
Препорачуваме да се
посоветувате со својот сервисен
партнер.
Ако е потребно користење синџири
за гуми по дупнување предна гума, ставете ја привремената резервна
гума на задната оска и префрлете
една од задните гуми на предната
оска.
Општо
Употребата на синџири за гуми не се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата и на страните може да се
поправат со комплетот за
поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се од
страната на гумата близу до работ
не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Кај возилата со комплет за
поправање на гумите, може да
нема дигалка и комплет алатки за
возилото.
Прирачен алат 3 195.
Привремено резервно тркало 3 208.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Применете ја електричната
паркирна сопирачка 3 152 и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
преградата под капакот на подот во товарниот простор.
За да го извадите комплетот за
поправање гуми, отворете ја
задната врата.
Повлечете ја рачката на капакот на
подот нагоре 3 76.
Прирачен алат 3 195.Внимание
Не дозволувајте предмети да
штрчат над врвот на заедната
подна преграда за складирање,
за да избегнете оштетување на
просторот за складирање и на
подот на товарниот простор.
Page 205 of 247
Нега на возилото203
1. Ослободете ги цревото заполнење со заптивна смеса 1 и
приклучокот за струја 2.
2. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
Зашрафете го цревото за
полнење на вентилот на гумата.
3. Поврзете го утикачот во штекерот за напојување.
Откачете ги сите работи од
другите штекери за напојување.
4. Вклучете го палењето. За да се
избегне испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.5. Свртете го прекинувачот за одбирање налево во положбатазаптивна смеса + воздух .
6. Притиснете го копчето вкл./
искл. за да го вклучите
комплетот за поправање гуми.
Гумата се полни со заптивната
смеса.
Мерачот на притисокот накусо
покажува висок притисок
додека се празни боцата со
заптивна смеса. Потоа
притисокот почнува да опаѓа.
Целата заптивна смеса се
пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
7. Напумпајте ја гумата до препорачаниот притисок со
мерачот за притисок.
Пропишаниот притисок за
гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути
3 234. Кога ќе се постигне
правилниот притисок,
исклучете го компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно вртење на гумата. Повторно
Page 206 of 247
204Нега на возилото
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето до
мерачот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
8. Откачете го комплетот за поправање гуми и ставете го
капачето на вентилот.
9. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
10. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса и закачете ја во видното поле на возачот.
11. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Ако притисокот се намалил
малку, допумпајте до
правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 68 kPa (0,68 bar),
возилото не смее да се вози.
Побарајте помош од
автомеханичар.
12. За да го прилагодите притисокот во гумата, завртете
го цревото за воздух на
компресорот (со стрелка)
директно на вентилот на
гумата.
Page 207 of 247
Нега на возилото205
13. Свртете го прекинувачот заодбирање надесно до
положбата само воздух .
Вклучете го компресорот да ја
напумпа гумата само со воздух.
Забелешка
Карактеристиките на возењето со
поправена гума значително е
сменета, затоа нека ви ја заменат
гумата.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Проверете го рокот на траење на комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не се гарантира. Обрнувајте
внимание на информациите за
чување на садот со заптивна
смеса.
Заменете го користениот сад со заптивна смеса. За да го извадите
садот со заптивна смеса, откачете ги цревото за полнење и цревото
за воздух, клизнете го садот
надвор од куќиштето и одвртете
го цревото од садот. Фрлете го садот како што е пропишано од
соодветните закони.
Адаптерот за додатоци може да
се користи за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, душеци, гумени чамци, итн. Адаптерот се наоѓа од долната
страна на комплетот за
поправање гуми.
Менување тркала Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 202.Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
■ Паркирајте го возилото на рамна,
тврда и нелизгава површина.Предните тркала треба да бидат
наместени право.
■ Применете ја електричната паркирна сопирачка 3 152 и
ставете во прва брзина, рикверц
или P.
■ Извадете го резервното тркало 3 208.
■ Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
■ Блокирајте го тркалото дијагонално спротивно на
тркалото што ќе се менува
ставајќи клинови или нешто
соодветно пред и зад тркалото.
■ Користете ја дигалката само за менување тркала во случај на
дупнување, а не за сезонски
зимски или летни менувања на
гумите.
Page 208 of 247
206Нега на возилото
■ Не надминувајте јамаксималната работна
оптовареност (900 кг) на
дигалката.
■ Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
■ Не кревајте го возилото повеќе одошто е потребно за менување
на тркало.
■ Во возилото не смее да има луѓе
или животни кога се дига.
■ Не пикајте се под возило што е кренато со дигалка.
■ Не палете го моторот кога е кренато со дигалката.
■ Исчистете ги навртките на тркалата и навоите пред да го
монтирате тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Извлечете ја раткапната.
2. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и олабавете ја секоја
навртка на тркалото за едно
вртење налево.3. Местото на предните и задните точки за дигање е означено со
жлебови на долниот раб од
возилото, под вратите.
Page 209 of 247
Нега на возилото207
4.Пред да ја поставите дигалката,
поставете ја потребната
височина вртејќи ја со рака.
Наместете ја дигалката во
точка за дигање сместена
најблизу до соодветното тркало така што клештите на дигалката
ќе ја опфаќаат вертикалната
основа. Уверете се дека дигалката е наместена
правилно.
Основата на дигалката треба
да биде на тлото непосредно
под точката за дигање на тој
начин што ќе се спречи
лизгањето.5. Закачете го клучот за тркала во
алката на прачката со навои и
вртете го клучот надесно за да го кренете возилото.
Ако не сте успеале, внимателно
спуштете го возилото веднаш и
повторно наместете ја
дигалката. Кренете го возилото
се додека тркалото токму не ја
допира земјата.
6. Одвртете ги навртките на тркалото целосно и исчистете
ги со крпа.
Не подмачкувајте ги навоите.
Ставете ги навртките на
тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
7. Сменете го тркалото. Забелешки за резервното
тркало 3 208.
8. Завртете ги навртките на тркалото и затегнете ги малку
со рака вртејќи ги надесно
додека тркалото не се
прицврсти на држачот.
9. Вртете го клучот налево и спуштете го возилото на тлото.
10. Ставете го клучот за тркалата проверувајќи дали е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
11. Складирајте ги заменетото тркало 3 208 и прирачните
алати 3 195.
12. Проверете го притисокот во ставената гума што е можно
поскоро.
Поправете ја оштетената гума и
заменете го привременото
резервно тркало со правилно
тркало без одложување.
Page 210 of 247
208Нега на возилото
Положба за дигање за
дигалката со платформа за дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Резервно тркало
Привремено резервно тркало Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Привременото резервно тркало е
конструирано за користење само
со вашето возило.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Користењето на привременото
резервно тркало може да влијае на
управливоста, особено ако
користите зимски гуми. Поправете
ја дефектната гума што е можно
поскоро и избалансирајте го
тркалото и вратете го на возилото.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.