OPEL ASTRA J 2015 Сопственички прирачник
Page 171 of 385
Светла169
Вклучување
1. Исклучете го палењето.
2. Извадете го клучот за палење. 3. Отворете ја возачката врата.4. Повлечете ја рачката на трепкачите.
5. Затворете ја возачката врата.
Ако возачката врата не е
затворена, светлата се гаснат по две минути.
Осветлувањето за излегување
веднаш се исклучува ако рачката
за трепкачите се повлече додека е
отворена возачката врата.
Активирањето, деактивирањето и
траењето на оваа функција може
да се менува во изборникот
Settings (Поставки) на
Инфо-екранот во Приспособување на возилото кон индивидуалните
потреби 3 148.
Поставките може да се снимат за
клучот кој се употребува 3 25.
Заштита од празнење на
акумулаторот
Функција за состојбата на
наполнетост на акумулаторот
Функцијата гарантира најдолг
работен век на акумулаторот преку генератор што има контролирана
излезна сила и оптимизирана
распределба на струјата.
За да се спречи празнење на
акумулаторот при возење,
следниве системи се редуцираат
автоматски во две фази и конечно
се исклучуваат:■ Дополнително греење
■ Греење на задните прозорци и ретровизорите
■ Греење на седиштата ■ Вентилатор
Во втората фаза ќе се прикаже
порака во Информативниот центар за возачот што го потврдува
активирањето на заштитата на
акумулаторот од празнење.
Исклучување на
електричните светла
За да се спречи празнење на
акумулаторот кога палењето е исклучено, некои внатрешни
светла се исклучуваат автоматски
за некое време.
Page 172 of 385
170Контрола на климатизацијатаКонтрола на
климатизацијатаСистеми за контрола на
климатизацијата .......................170
Отвори за проветрување ......... 179
Одржување ............................... 180Системи за контрола
на климатизацијата
Систем за греење и
проветрување
Контроли за: ■ Температурата
■ Распределба на воздухот
■ Брзината на вентилаторот
■ Одмаглување и одмрзнување
Греењето на задното стакло Ü
3 39.
Температуратацрвено=топлосино=студено
Греењето нема да биде целосно
ефективно додека не ја достигне
нормалната работна температура
моторот.
Распределба на воздухот
s=кон шофершајбната и
прозорците на предните вратиM=кон пределот на главата преку подвижните отвори за
проветрувањеK=кон пределот на нозете
Сите комбинации се возможни.
Брзината на вентилаторот
Дотерајте го протокот на воздухот
со префрлување на вентлаторот
на саканата брзина.
Page 173 of 385
Контрола на климатизацијата171
Одмаглување и одмрзнување
■Притиснете го копчето V:
вентилаторот автоматски се
префрлува на поголема брзина,
распределбата на воздухот се
насочува кон шофершајбната.
■ Наместете ја контролата на температурата на најтопло ниво.
■ Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
■ Отворете ги страничните отвори за проветрување по потреба и
насочете ги кон прозорците на
вратите.
Систем за климатизација
Освен системот за греење и
проветрување, системот за
климатизација има и контроли за:
n=ладење4=кружење на воздухот
Греење на седиштата ß 3 51,
греење на воланот * 3 112.
Ладење n
Притиснете го копчето
n за да го
вклучите ладењето. Активирањето
се означува со светење на
светлото во копчето. Ладењето
функционира само кога работи моторот и е вклучена контролатана климатизацијата.
Притиснете го копчето n повторно
за да го исклучите ладењето.
Системот за климатизација го лади
и суши воздухот штом
надворешната температура е
малку над точката на смрзнување.
Page 174 of 385
172Контрола на климатизацијата
Затоа може да се формира
кондензација и да капе од под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Активираното ладење може да ги
попречи автоматските сопирања.
Систем за кружење навоздухот 4
Притиснете го копчето 4 за да го
вклучите кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Притиснете го копчето 4
повторно за да го исклучите
кружењето на воздухот.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При многу топол и влажен
надворешен воздух,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога на неа ќе се насочи студен воздух. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот и
исклучете го s.
Максимално ладење
Накратко отворете ги прозорците
за топлиот воздух да може да се
распрска брзо.
■ Вклучете го ладењето n.
■ Системот за кружење на воздухот 4 вклучен.
■ Притиснете го прекинувачот за распределба на воздухот M.
■ Наместете ја контролата на температурата на најстудено
ниво.
Page 175 of 385
Контрола на климатизацијата173
■ Наместете ја брзината навентилаторот на највисоко ниво.
■ Отворете ги сите отвори.
Одмаглување и одмрзнување на прозорците V
■
Притиснете го копчето V:
вентилаторот автоматски се
префрлува на поголема брзина,
распределбата на воздухот се
насочува кон шофершајбната.
■ Наместете ја контролата на температурата на најтопло ниво.
■Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
■ Отворете ги страничните отвори за проветрување по потреба и
насочете ги кон прозорците на
вратите.
Забелешка
Ако копчето V се притисне
додека работи моторот, Autostop
ќе биде попречено додека
повторно не се притисне
копчето V.
Ако се притисне копчето s кога е
вклучен вентилаторот и работи
моторот, ќе се спречи Autostop до
повторно притискање на копчето
s или додека не се исклучи
вентилаторот.
Ако копчето V се притисне кога
моторот е во Autostop, моторот ќе
се запали повторно автоматски.
Ако се притисне копчето s кога е
вклучен вентилаторот додека моторот е во Autostop, моторот ќе
се запали повторно автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 184.Електронски систем за
контрола на
климатизацијата
Контролата на климатизацијата со
двојна зона овозможува различни
температури на климатизацијата
за возачката и совозачката страна.
Во автоматскиот режим,
температурата, брзината на
вентилаторот и распределбата на
воздухот се регулираат
автоматски.
Page 176 of 385
174Контрола на климатизацијата
Контроли за:■ Температурата на страната на возачот
■ Распределба на воздухот
■ Брзината на вентилаторот
■ Температурата на страната на совозачотn=ладењеAUTO=автоматски режим4=рачно кружење на
воздухотV=одмаглување и
одмрзнување
Греење на задното стакло Ü 3 39.
Греење на седиштата ß 3 51,
Волан со греење * 3 112.
Секоја промена на поставките се
покажува на Инфо-екранот неколку
секунди.
Системот за електронска контрола
на климатизацијата е целосно
функционален само кога работи
моторот.
Автоматски режим AUTO
Основна поставка за максимална
удобност:
■ Притиснете го копчето AUTO,
распределбата на воздухот и
брзината на вентилаторот се
регулираат автоматски.
■ Отворете ги сите отвори за проветрување за да овозможите
оптимална распределба на
воздухот во автоматскиот режим.
Page 177 of 385
Контрола на климатизацијата175
■Притиснете n за да го вклучите
оптималното ладење и
одмаглување. Активирањето се
означува со светење на светлото во копчето.
■ Наместете ја претходно одбраната температура за
возачот и совозачот користејќи
го левото и десното вртливо
копче. Препорачана
температура е 22 °C.
Дотерувањето на брзината на
вентилаторот во автоматскиот
режим може да се смени во
изборникот Settings (Поставки).
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Претходно одбирање на
температурата Поставете ја температурата на
саканата вредност.
Ако е поставена минимална
температура Lo, системот за
контрола на климатизацијата
работи на максимално ладење, ако
е вклучено ладењето n.
Ако е поставена максимална
температура Hi, системот за
контрола на климатизацијата
работи со максимално греење.
Забелешка
Доколку е вклучено n,
намалувањето на поставената температура во кабината може да
предизвика повторен старт на
моторот од Автостоп или да
спречи Автостоп.
Одмаглување и одмрзнување
на прозорците V
■
Притиснете го копчето V.
Активирањето се означува со светење на светлото во копчето.
■ Температурата и распределбата на воздохут се поставуваат
автоматски и вентилаторот
работи на голема брзина.
Page 178 of 385
176Контрола на климатизацијата
■Вклучете го греењето на задното
стакло Ü.
■ За враќање на претходниот режим: притиснете го копчето
V ; за враќање на автоматскиот
режим: притиснете го копчето
AUTO .
Поставувањето на автоматското
греење на задното стакло може да
се смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 148.
Забелешка
Ако копчето V се притисне
додека работи моторот, Autostop ќе биде попречено додека
повторно не се притисне
копчето V.
Ако се притисне копчето s кога е
вклучен вентилаторот и работи моторот, ќе се спречи Autostop до повторно притискање на копчето
s или додека не се исклучи
вентилаторот.Ако копчето V се притисне кога
моторот е во Autostop, моторот ќе
се запали повторно автоматски.
Ако се притисне копчето s кога е
вклучен вентилаторот додека
моторот е во Autostop, моторот ќе
се запали повторно автоматски.
Систем за сопирање-поаѓање
3 184.
Рачни поставки
Поставките на системот за
контрола на климатизацијата може
да се изменат со активирање на
копчињата и вртливите копчиња
според следново. Менувањето
поставка ќе го деактивира
автоматскиот режим.Брзина на вентилаторот Z
Притиснете го долното копче за
намалување или горното копче за
зголемување на брзината на
вентилаторот како што е
прикажано на илустрацијата.
Брзината на вентилаторот се
означува со бројот на сегментите
на екранот.
Подолго притискање на долното
копче: вентилаторот и ладењето се исклучуваат.
Подолго притискање на горното
копче: вентилаторот работи со
максимална брзина.
Page 179 of 385
Контрола на климатизацијата177
За да се вратите во автоматскиот
режим: Притиснете го копчето
AUTO .
Распределба на
воздухот s, M , K
Притиснете го соодветното копче
за саканото прилагодување.
Активирањето се означува со
светење на светлото во копчето.
s=кон шофершајбната и
прозорците од предните врати (климатизацијата се вклучува
во позадина за да помогне да
не се замаглуваат прозорците)M=кон пределот на главата преку подвижните отвори за
проветрувањеK=кон пределот на нозете
Сите комбинации се возможни.
Враќање на Автоматската
распределба на воздухот:
притиснете го копчето AUTO.
Ладење n
Притиснете го копчето n за да го
вклучите ладењето. Активирањето
се означува со светење на
светлото во копчето. Ладењето
функционира само кога работи моторот и е вклучена контролатана климатизацијата.
Притиснете го копчето n повторно
за да го исклучите ладењето.
Системот за климатизација лади и
суши кога надворешната
температура е над определено
ниво. Затоа може да се формира
кондензација и да капе од под
возилото.
Ако веќе не е потребно ладење или
сушење, исклучете го системот за
ладење за да заштедите гориво.
Кога е исклучен системот за
ладење, системот за контрола на
климатизацијата нема да бара
повторно палење на моторот за
време на Autostop. Исклучок:
системот за одмрзнување е
активиран и надворешната
температура над 0 °C бара
рестартирање.
Page 180 of 385
178Контрола на климатизацијата
На екранот ќе се прикаже AC ON
кога е вклучено ладењето или AC
OFF кога е исклучено ладењето.
Активирањето или
деактивирањето на ладењето по
палењето на моторот може да се
смени во изборникот Settings
(Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување кон
индивидуалните потреби 3 148.
Режим за кружење на
воздухот 4Притиснете го копчето 4 за да го
вклучите кружењето на воздухот.
Активирањето се означува со
светење на светлото во копчето.
Притиснете го копчето 4
повторно за да го исклучите
кружењето на воздухот.9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот и
исклучете го s.
Основни поставки
Некои поставки може да се сменат
во изборникот Settings (Поставки)
на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.
Дополнително греење Грејач на воздухот
Брзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.