OPEL ASTRA J 2016.5 Сопственички прирачник

Page 101 of 383

Складирање99Капакот со местење на височината
може да се монтира во
три положби:
● непосредно над капакот на задниот под ( 1)
● во средна положба ( 2)
● во горна положба ( 3)Внимание
Уверете се дека предниот и
задниот крај на капакот со
можност за местење на
височината се закачени на исто
ниво.
Дигање
За да се подигне капакот на
повисоко ниво, повлечете ја
јамката наназад и подигнете го
задниот раб од капакот врз
соодветните потпирачи.
Спуштање
За да се спушти капакот, повлечете
го каишот наназад и притиснете ја
предната средина на капакот
надолу истовремено.
Внимание
Не го спуштајте капакот со местење на височината до
положбата 1 во возилата
опремени со сабвуфер.
Сабвуферот може да се оштети.

Page 102 of 383

100СкладирањеЗабелешка
● Ако е монтиран во положбата 2 или 3, меѓупросторот помеѓу
задниот капак на подот и
капакот со можност за местење на височината може да се
користи како складишна
преграда.
● Капакот со можност за местење на височината може
да се подигне и закачи со
каишот кога е монтиран во
положбата 1 или 2.
● Ако е монтиран во положбата 2, се создава речиси потполно
рамен простор за товарење
ако потпирачите за грб на
задните седишта се
преклопени нанапред.
● Отворањето на страничните капаци (на пр. кога се менуваат
сијалиците на задните светла)
е возможно само кога капакот
со можност за местење на
височината е монтиран во
положбата 1 или 2.Внимание
Капакот со можност за местење
на височината може да издржи
товар од не повеќе од 100 кг.
Капак за задниот под, Спортс
турер
Кренете го капакот на задниот под
со влечење на рачката.
Преклопете го и ставете го капакот
зад задните седишта.
Просторот за складирање под
капакот на задниот под може да се
подели со шипка.
Вметнете ја шипката во процепите
на страничните ѕидови.
Внимание
Вметнете ја шипката во задниот отвор кога пренесувате тешки
предмети во товарниот простор.
Во спротивно може да се
оштети капакот на задниот под.

Page 103 of 383

Складирање101Алки за врзување
Алките за врзување се предвидениза обезбедување на предметите
против лизгање, на пр. користење
на каишеви за врзување или мрежа за багаж.
Алките за врзување се достапни само ако капакот на задната
преграда за складирање под подот
е во спуштена позиција 3 98.
Систем за ракување со
товарот
Системот FlexOrganizer е флексибилен систем за делење на товарниот простор.
Системот се состои од: ● адаптери
● мрежести џебови
● куки
● сервисна кутија
● комплет со каиши
Компонентите се наместени во
шини од двете странични облоги со
употребата на адаптери и куки.Монтирање на адаптери во
шините
Отворете ја плочката на рачката со
преклопување, вметнете го
адаптерот во горниот и долниот
жлеб на шината и поместете го во
саканата положба. Свртете ја
плочката на рачката угоре за да се
закочи адаптерот. За да се извади, свртете ја плочката на рачката
надолу и извадете го од шината.

Page 104 of 383

102СкладирањеПроменлива мрежа за
преградување
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Спојте ги половините на шипките на мрежата.
За инсталирање, притиснете ги
малку шипките заедно и вметнете
ги во соодветните отвори во
адаптерите.
За вадење притиснете ги заедно
шипките и извадете ги од
адаптерите.
Мрежест џеб
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Мрежестиот џеб може да се обеси
на адаптерите.
Монтирање на куките во
шините
Вметнете ја куката во саканата
положба првин во горниот жлеб на
шината, и потоа притиснете ја во
долниот жлеб. За да се извади,
првин извлечете ја од горниот
жлеб.

Page 105 of 383

Складирање103Сервисна кутија
Инсталирајте две куки во горната
шина. Вметнете ги горните рамки
на кутијата одозгора во куките.
Како алтернатива можност,
инсталирајте ги двете куки во
долната шина. Приклучете ги
долните рамки на кутијата
одозгора во долните куки.
Комплет со каишеви
Вметнете ги адаптерите во
комплетот со каишеви во некоја
шина. Уверете се дека ременот не
е извртен.
Комплетот со каишеви има две
брави за отворање.
Ременот може да се затегне.
Безбедносна мрежа
Верзијата Спортс турер е
опремена со безбедносна мрежа
што може да се монтира зад
задните седишта или, ако
потпирачите на задните седишта
се преклопени и седалата се
кренати, зад предните седишта.
Не смее да се превозуваат патници зад безбедносната мрежа.
Монтирање
Зад задните седиште

Page 106 of 383

104СкладирањеПрицврстете ја долната кука со
отворот свртен наназад за алката
на левата и десната страна од
подот. Приспособете ја должината
на ремените за затегање на
безбедносната мрежа преку на отворите во ременот за горната
кука. Држете го ременот затегнат
додека ја монтирате шипката.
Зад предните седишта
Закачете го ременот за алките под
задното седало.
Преклопете ги потпирачите за грб
нанапред.
За да добиете рамна товарна
површина, пред да ја закачите
безбедносната мрежа, прво
преклопете го перничето.
Поместете ги предните седишта
нанапред за да ја намалите
затегнатоста, ако е потребно.
Монтирање на шипката
Има два отвора за монтирање во
рамката на покривот: закачете ја шипката на мрежата на една
страна и заглавете ја, соберете ја
шипката и потоа закачете и
заглавете ја на другата страна.
Товарен простор 3 91.
Вадење
Откачете ги шипките на
безбедносната мрежа од држачите во рамката на покривот. Откачете
ги ремените од алките. Замоткајте
ја мрежата и прицврстете ја со
ремен.
Извадената безбедносна мрежа
може да се складира под капакот
на задниот под 3 98.
Предупредувачки
триаголник
Хечбек со 3 врати, хечбек со
5 врати

Page 107 of 383

Складирање105Чувајте го предупредувачкиот
триаголник во просторот зад
каишот на десната страна од
товарниот простор.
Спортс турер
Склопете ги ремените надолу.
Складирајте го предупредувачкиот триаголник во просторот зад
каишевите на внатрешната страна
од задната врата.
Ночбек со 4 врати
Складирајте го предупредувачкиот триаголник во процепот од левата
страна на товарниот простор.
Прибор за прва помош
Хечбек со 5 врати
Складирајте го приборот за прва
помош во складишната преграда
зад предупредувачкиот
триаголник.
Пред првата употреба, притиснете
го внатрешниот тапацир на горниот дел и на страните од
перфорираната линија. Потоа
свиткајте го тапацирот нанадвор за
да добиете пристап до
складишната преграда.

Page 108 of 383

106СкладирањеХечбек со 3 врати
Складирајте го приборот за прва
помош во складишната преграда
зад предупредувачкиот
триаголник.
Користете ги процепите за да го
преклопите капакот надолу.
Зависно од опремата, приборот за
прва помош може да е складиран
во задната преграда за
складирање 3 96.
Спортс турер
Преклопете го ременот надолу.
Складирајте го приборот за прва помош во просторот зад еден каиш
на внатрешната страна од задната врата.
Ночбек со 4 врати
Складирајте го приборот за прва
помош во просторот зад мрежата од десната страна од товарниот
простор.

Page 109 of 383

Складирање107Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив Од безбедносни причини и за да се
избегне оштетувањето на
покривот, се препорачува системот
на багажници за на покрив одобрен за возилото. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и извадете го
багажникот за на покрив кога не е во употреба.
Монтирање на багажникот на
покривот
Откачете го капакот од секоја точка
за монтирање со користење
монета.Хечбек со 5 врати, ночбек со
4 врати
Хечбек со 3 врати
Спортс турер со шини за на покрив
Прицврстете го багажникот за на
покрив кај подрачјето со дупки
покажано со стрелки на сликата.

Page 110 of 383

108СкладирањеИнформации за
товарење
● Тешките предмети во товарниот простор треба да се
наместат до потпирачите за
грб. Уверете се дека
потпирачите за грб се
безбедно заглавени. Ако
предметите можат да се стават еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
● Прицврстувајте предмети со еластичните каишеви закачени
за алките за врзување 3 101.
Закачете го капакот со
местење на височината во
најниската положба (1) 3 98.
● Користете ги четирите куки на страничните ѕидови на
товарниот простор за
закачување кеси. Максимална
оптовареност: 5 кг по кука.
● Спортс турер: Користете ги куките на страничните ѕидови
на товарниот простор за
закачување кеси. Притиснете
за да ја расклопите куката.
● Прицврстувајте слободни предмети во товарниот
простор за да се спречи
нивното лизгање.
● Кога се превозуваат предмети во товарниот простор,
потпирачите за грб од задниот
ред на седиштата не смеат да
бидат навалени напред.
● Не дозволувајте товарот да штрчи над горниот раб на
потпирачите за грб.
● Не ставајте предмети врз капакот на товарниот простор
или врз таблата со
инструменти, и не го
покривајте сензорот на врвот
од таблата со инструменти.
● Товарот не смее да пречи при ракување со педалите,
рачната сопирачка и рачката
на менувачот, или да го спречи
слободното движење на
возачот. Не ставајте
неприцврстени предмети во
внатрешноста.
● Не возете со отворен товарен простор.

Page:   < prev 1-10 ... 61-70 71-80 81-90 91-100 101-110 111-120 121-130 131-140 141-150 ... 390 next >