OPEL ASTRA J 2016.5 Сопственички прирачник
Page 311 of 383
Нега на возилото309Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 306.
Сторете ги следниве подготовки и
придржете се кон следните
информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право нанапред.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.● Извадете го резервното тркало
3 313.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.
Page 312 of 383
310Нега на возилото9Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 296.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
Лесни бандажи со средишно
капаче на завртките на
тркалото: Одглавете го
капачето со вметнување и
влечење на клучот во процепот
на амблемот на брендот,
прирачен алат 3 296.
2. Два типа дигалки и клучеви за тркалата се можни, зависно од
верзијата, прирачен алат 3 296.
Варијанта 1а со крут клуч за
тркала:Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
цврсто и олабавете ја секоја
навртка на тркалото за
половина вртење.
Варијанти 1б, 2 и 3 со
преклоплив клуч за тркала:
Page 313 of 383
Нега на возилото311
Отворете го клучот за тркалата
и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со навртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот на
главата на завртката пред да го наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во касетата.3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Некои верзии имаат ленти со
покриени точки за кревање на
возилото: првин извлечете го
капакот на односната точка за
кревање.
4. Хечбек со 3 или 5 врати и
ночбек со 4 врати, дигалка со
варијанти 1а, 1б и 3, 3 296:
Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Page 314 of 383
312Нега на возилото
Закачете ја рачката на
дигалката и при правилно
порамнета дигалка, завртете ја
рачката додека тркалото не се
крене од земјата.
Спортс турер,варијанта на
дигалка 2 3 296:Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 313.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Порамнете ја дупката за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
Ставете го капачето на лесните бандажи.
Page 315 of 383
Нега на возилото31311. Вратете го капакот на точкатаза кревање на возилото кај
верзиите со ленти.
12. Складирајте ги заменетото тркало 3 313, прирачниот алат
3 296 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 67.
13. Проверете го притисокот на монтираната гума изатегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.Положба за дигање за
дигалката со платформа за
дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
Page 316 of 383
314Нега на возилотопомош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало секогаш има челична рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот. Се прицврстува со
пеперужна навртка.
За да го извадите: 1. Отворете го капакот на подот.
2. Само за хечбек со 3 врати: извадете ја задната преграда
притискајќи ги двете копчиња.
Склопете го капакот и извадете
ја преградата нагоре.
3. Резервното тркало е прицврстено со навртка со
крилца. Одвртете ја навртката,
извадете го конусот (само
хечбек со 3 врати) за да го
извадите резервното тркало.
Под резервното тркало има
кутија со прирачен алат.
4. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
дупката за резервното тркало,
прицврстете ја кутијата со
алати завртувајќи ја
пеперужната навртка и
затворете го капакот на подот.
Складирање на оштетено
целосно тркало во товарниот
простор, хечбек со 3 и со
5 врати
Дупката на резервното тркало не еконструирана за други големини на
гуми освен за резервното тркало.
Оштетено тркало со целосна
големина треба да се складира во
товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат
3 296. За прицврстување на
тркалото:
1. Наместете го тркалото со надворешната страна нагоре
близу до едниот страничен ѕид
на товарниот простор.
Page 317 of 383
Нега на возилото315
2. Протнете го крајот со јамка одременот низ предната алка за
врзување на соодветната
страна.
3. Протнете го крајот на ременот со куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што епокажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на задната
алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
Складирање на оштетено
целосно тркало во дупката за
резервно тркало, Спортс турер
и ночбек со 4 вратиВозила опремени со резервно
тркало со целосна големина:
Оштетено тркало со целосна
големина мора да се складира со
надворешната страна нагоре во
дупката за резервното тркало,
обезбедено со пеперужната
навртка.
Капакот на подот може да се стави
на тркалото што штрчи.
Page 318 of 383
316Нега на возилотоВозила опремени со привремено
резервно тркало:
Прицврстете го оштетеното
целосно тркало со надворешната
страна нагоре со пеперужната
навртка во дупката за резервното тркало откако ќе ја замените
завојната навртка со
продолжетокот што се наоѓа во
вреќичката со алати 3 296. За
замена на завртката:
1. Поставете ја шестаголната глава на клучот за тркалата
уверувајќи се таа е добро
поставена врз завртката.
2. Завртете го клучот за тркалата налево за да ја разлабавите
завртката. Извадете ја
завртката.
3. Земете го продолжетокот од вреќичката со алати 3 296 и
навртете ја (колку што може) со имбусот или со клучот.
4. Складирајте ги кутијата со алати и оштетеното тркало со
надворешната страна нагоре
во дупката за резервното
тркало и прицврстете ги со
вртење на пеперужната
навртка надесно на завртката.
Капакот на подот може да се стави
на тркалото што штрчи.
Заменете го продолжетокот со
кусата завртка пред да го ставите
привременото резервно тркало во
дупката, откако ќе го замените или
поправите дефектното тркало.Враќање на резервното тркало
во дупката откако ќе се замени
оштетеното тркало
1. Отворете го капакот на подот, одвртете ја и извадете ја
пеперужната навртка.
Само хечбек со 3 врати:
отворете го капакот на подот,
извадете ја задната преграда
за складирање, одвртете ги и
извадете ги пеперужната
навртка и конусот.
2. Само Спортс турер и ночбек со 4 врати со привремено
резервно тркало: заменете го
Page 319 of 383
Нега на возилото317продолжетокот со кусата
завртка со имбусот или клучот
за тркала.
3. Ставете ги алатите во кутијата или во вреќичката 3 296.
4. Положете го резервното тркало
со надворешната страна нагорево дупката за тркалото и
прицврстете го завртувајќи ја
пеперужната навртка.
Само хечбек со 3 врати:
положете го ексцентричниот
конус во процепот на
резервното тркало пред да ја
завртите пеперужната навртка.
5. Затворете го капакот на подот и
вметнете ја задната преграда
за складирање (само хечбек со
3 врати).9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Складирајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Оштетено возило ставено во
товарниот простор секогаш
мора да биде прицврстено со
ремен.
Привремено резервно тркалоВнимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 305.
Резервно тркало со насочна
гума
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
Page 320 of 383
318Нега на возилототркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи што
е можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Не палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на отворен
пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулаторот.
● Користете помошен акумулатор со ист напон
( 12 волти). Неговиот капацитет
(Ah) не смее да биде
значително помал од оној на
испразнетиот акумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.