OPEL ASTRA J 2016 Сопственички прирачник
Page 301 of 381
Нега на возилото2993. Со MENU на рачката за
трепкачите изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) на
DIC.
4. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
5. Притиснете SET/CLR за да
почне споредувањето на
сензорите. Треба да се прикаже порака што ќе побара
прифаќање на процесот.
6. Притиснете SET/CLR повторно
за да го потврдите изборот.
Сирената се огласува двапати
за да сигнализира дека
приемникот е во режим на
повторно учење.
7. Почнете со левото предно тркало.
8. Ставете ја алатката за повторно учење до страната нагумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот на
TPMS. Кус сигнал на сирената
потврдува декаидентификациската шифра на
сензорот е споредена со таа
положба на тркалото.
9. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 8.
10. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 8.
11. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од Чекор 8.
Сирената се огласува двапати
да укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е споредена со левата
задна гума и споредувањето на
сензорите на TPMS веќе не е
активно.
12. Исклучете го палењето.13. Прилагодете го притисокот во сите четири гуми споредпрепорачаните вредности
прикажани на етикетата за
притисок во гумите.
14. Проверете дали стаусот за оптеретување на фумите е
поставен според избраниот
притисок 3 131.
Зависност од температурата
Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите за
притисокот во гумите на ознаката
за информации за гумите и
табелата за притисок во гумите се
важечки за ладни гуми, а тоа значи 20 °C. Притисокот се зголемува за
речиси 10 kPa за покачување на
температурата за 10 °C. Тоа мора
да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумата прикажана во DIC го покажува
реалниот притисок во гумите.
Page 302 of 381
300Нега на возилотоОладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.
Длабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини при
длабочина на шарите од 2-3 мм
(4 мм за зимски гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
менувајте ги местата на предните тркала со задните тркала. Уверете
се дека насоката на вртењето на
тркалата е иста како порано.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на секои
6 години.
Менување на гумите и
големина на тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.По префрлувањето на гуми со друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.
Page 303 of 381
Нега на возилото3019Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само на предните тркала.
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Хечбек со 5 врати, ночбек со
4 врати, Спортс турер
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
Синџири за гуми се дозволени
само на гуми со големина
205/60 R16 и 215/50 R17.Хечбек со 3 врати
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 225/55 R17.
Секогаш користете синџири со
ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 10 мм на шарата на
гумата и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).
Синџири за гуми се дозволени и на
гумите со големина 245/45 R18.
Секогаш користете синџири со ситна мрежа што не додаваатповеќе од 7 мм на шарата на гумата
и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).Верзија OPC
Синџири за гуми се дозволени на
гумите со големина 235/45 R18.
Секогаш користете синџири со
ситна мрежа што не додаваат
повеќе од 10 мм на шарата на
гумата и внатрешните страни
(вклучително и бравата на
синџирот).Општо
Употребата на синџири за гуми не се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправање
гуми
Помалите оштетувања на шарата
на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Page 304 of 381
302Нега на возилотоОштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Комплетот за поправање гуми е во
преграда под капакот на подот во
товарниот простор или, кај
верзијата со заден систем за
превезување, во фиоката под
совозачкото седиште 3 67.
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот заповрзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
Page 305 of 381
Нега на возилото303
4. Зашрафете го цревото завоздух од компресорот наприклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко
покажува до 6 бара додека
шишето за заптивната смеса се празни (приближно 30 секунди ).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 344. Кога
Page 306 of 381
304Нега на возилотоќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење во
времетраење од 10 минути. Ако пропишаниот притисок за
гумите се уште не е достигнат,
гумата е премногу оштетена.
Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бара, наполнете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Page 307 of 381
Нега на возилото305Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 301.
Сторете ги следниве подготовки и
придржете се кон следните
информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, цврста и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право нанапред.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.● Извадете го резервното тркало
3 309.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.
Page 308 of 381
306Нега на возилото9Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 292.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
Лесни бандажи со средишно
капаче на завртките на
тркалото: Одглавете го
капачето со вметнување и
влечење на клучот во процепот
на амблемот на брендот,
прирачен алат 3 292.
2. Два типа дигалки и клучеви за тркалата се можни, зависно од
верзијата, прирачен алат 3 292.
Варијанта 1а со крут клуч за
тркала:Ставете го клучот за тркалата
уверувајќи се дека е наместен
цврсто и олабавете ја секоја
навртка на тркалото за
половина вртење.
Варијанти 1б, 2 и 3 со
преклоплив клуч за тркала:
Page 309 of 381
Нега на возилото307
Отворете го клучот за тркалата
и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со навртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот на
главата на завртката пред да го наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во касетата.3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
Некои верзии имаат ленти со
покриени точки за кревање на
возилото: првин извлечете го
капакот на односната точка за
кревање.
4. Хечбек со 3 или 5 врати и
ночбек со 4 врати, дигалка со
варијанти 1а, 1б и 3, 3 292:
Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Page 310 of 381
308Нега на возилото
Закачете ја рачката на
дигалката и при правилно
порамнета дигалка, завртете ја
рачката додека тркалото не се
крене од земјата.
Спортс турер,варијанта на
дигалка 2 3 292:Поставете ја дигалката на
потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин
што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 309.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
10. Порамнете ја дупката за вентилот во раткапната со
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
Ставете го капачето на лесните бандажи.