OPEL ASTRA J 2016 Сопственички прирачник
Page 321 of 381
Нега на возилото319Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Кај возилата со допирна подлога со
амблем: кога миете со млаз вода
под притисок, внимавајте на
минимално растојание од 30 см
кога работите околу задната врата
за да избегнете несакано
отклучување.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир- пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светлаКапаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок
Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.
Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство
за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Page 322 of 381
320Нега на возилотоОстатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Подвижен покрив
Никогаш не чистете го со раствори или нагризувачки средства, горива,агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање врз подвижниот покрив.
Стаклена плоча
Никогаш не чистете го со раствори или нагризувачки средства, горива,агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не нанесувајте
восок или средства за полирање на
стаклената плоча.Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Систем на течен гас9 Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора за сушење со температура над
60 °C, резервоарот за течен гас
мора да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Page 323 of 381
Нега на возилото321Заден систем за превозувањеЧистете го задниот систем за
превезување со млаз пареа или
компресор барем еднаш годишно.
Ракувајте со задниот систем за
превезување повремено ако не се
користи редовно, особено зиме.
Капак за воздухот
Исчистете го системот отвори за воздух на предниот браник за да се
одржи правилно функционирање.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожниот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на тешка валканост користете
средство за нега на кожата.Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите, а
особено бензинот. Не користете компресорски млазници за
чистење.
Page 324 of 381
322Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................322
Сервисни информации ..........322
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 323
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..323Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 120.
Европски сервисни периоди
Постои потреба од одржување на Вашето возило на 30000 км или по1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Македонија, Малта,
Монако, Црна Гора, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Сан Марино, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 120.
Меѓународни сервисни
периоди
Постои потреба од одржување на Вашето возило на 15000 км или по 1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди
важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 120.
Page 325 of 381
Сервисирање и одржување323ПотврдувањаПотврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и километражата се дополнува сопечат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење на
работниот век на моторното
масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 120.Препорачани
течности, средства за подмачкување и
делови
Препорачаните течности и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите на компримиран
природен гас (CNG), течен нафтен
гас (LPG) и етанол (E85).
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на квалитетот и
минималната надворешна
температура 3 327.
Page 326 of 381
324Сервисирање и одржувањеДотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитетот ACEA A1/B1
или единствено A5/B5 е забранета, бидејќи тие може да предизвикаат
долгорочни оштетувања на
моторот при определени работни
услови.
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на квалитетот и
минималната надворешна
температура 3 327.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.Маслото со варијабилна класа е
прикажано со две бројки, на пр.
SAE 5W-30. Првата бројка, по која
следи W, укажува на вискозноста
при ниски температури, а втората
бројка на вискозноста при високи температури.
Изберете ја соодветната класа
вискозност зависно од
минималната надворешна
температура 3 327.
Сите препорачани класи според вискозитетот се соодветни за
високи надворешни температури.
Течност за ладење и антифриз Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз)
одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со средство за ладење конструирано за одлична заштита од корозија и
од смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски температури, фабрички
наполнетото средство за ладењеовозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија
или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од
употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 327 of 381
Технички податоци325Технички податоциИдентификација на возилото..325
Идентификациски број на возилото ................................ 325
Идентификациска табличка ..325
Идентификација на моторот . 326
Податоци за возилото .............327
Препорачани течности и средства за подмачкување ..327
Податоци за моторот .............330
Перформанси ......................... 333
Тежина на возилото ............... 337
Димензии на возилото ........... 341
Зафатнини .............................. 342
Притисоци во гумите .............344Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото може да е врежан на
идентификациската табличка и на
работ на подот, под покривката на
подот, видливо под капак.
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив
низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Идентификацискатабличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.
Page 328 of 381
326Технички податоци
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 330.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Page 329 of 381
Технички податоци327Податоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување
Европски распореди на сервисите
Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 322Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучително CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1––dexos 2✔✔
Во случај да не е достапен квалитет dexos, може да употребите најмногу 1 литар моторно масло со квалитет
ACEA C3 еднаш меѓу менувања масло.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји со европски период на сервисирање 3 322Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40
Page 330 of 381
328Технички податоциМеѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 322Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучително CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1 (ако е достапно)✔–dexos 2✔✔
Во случај да не е достапен квалитетот dexos, може да ги користите маслата со квалитетите наведени подолу:
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 322Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучително CNG, LPG, E85)Мотори на дизелGM-LL-A-025✔–GM-LL-B-025–✔Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 322Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучително CNG, LPG, E85)Мотори на дизелACEA A3/B3✔–ACEA A3/B4✔✔