OPEL ASTRA J 2017 Сопственички прирачник

Page 31 of 331

Клучеви, врати и прозорци29Затворање
Користете една од внатрешните
рачки.
Не притиснувајте го прекинувачот
на допирање или амблемот на
брендот додека се затвора бидејќи тоа, повторно, ќе ја отклучи
задната врата.
Централна брава 3 25.
Општи практични совети за
ракување со задната врата9 Опасност
Не возете со отворена или
подотворена задна врата,
на пр. кога превозувате кабасти
предмети, бидејќи во возилото
може да навлезат отровни
издувни гасови што не можат да
се видат или намирисаат. Тоа
може да предизвика несвест и
дури смрт.
Внимание
Пред да ја отворите задната врата, проверете ги пречките
над глава, како врата на
гаражата, за да се избегне
оштетувањето на задната
врата. Секогаш проверувајте го
просторот на движењето
одозгора и позади задната
врата.
Забелешка
Инсталирањето на определени
тешки додатоци врз задната
врата може да повлијае врз
нејзината способност да остане
отворена.

Page 32 of 331

30Клучеви, врати и прозорциБезбедност на
возилото
Систем за заштита од кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира сите врати.
Сите врати треба да се затворат,
инаку системот не може да се
активира.
Ако палењето беше вклучено,
возачката врата мора да се отвори и затвори еднаш за да се обезбеди
возилото.
Отклучувањето на возилото го
исклучува механичкиот систем за заштита од кражба. Тоа не е
возможно со копчето на
централната брава.
Вклучување
Притиснете го e на далечинскиот
управувач двапати во рок од
15 секунди.
Систем за тревожење прикражба
Системот за тревожење при
кражба е комбиниран со системот
за заштита од кражба.
Ги надгледува:
● вратите, задната врата, хаубата
● патничкиот простор вклучувајќи го соседниот
товарен простор
● наваленоста на возилото, на пр. ако е кренато
● палењето
Активирање ● Се активира сам 30 секунди откако ќе се заклучи возилото
со еден притисок на e.
● Директно со притискање на e
двапати кратко за пет секунди.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример
употребата на навлаки за
седишта, и отворени прозорци
или подвижен покрив, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.

Page 33 of 331

Клучеви, врати и прозорци31Активирање без надгледување
на патничкиот простор и
наклонетоста на возилото
Исклучете го надгледувањето на
патничкиот простор и на
наваленоста на возилото кога се
оставаат животни во возилото,
поради ултрасоничните сигнали со
висока гласност или движењата
што го активираат алармот. Исто
така исклучете го кога возилото е
на траект или воз.
1. Затворете ги задната врата, хаубата, прозорците и
подвижниот покрив.
2. Притиснете o. LED
сијаличката во копчето o
свети најмногу десет минути.
3. Затворете ги вратите.
4. Активирајте го системот за тревожење при кражба.
Во Информативниот центар за
возачот се прикажува порака за
состојбата.
Сијаличка за состојбаСијаличката за состојба е вграденаво сензорот на врвот од таблата со
инструменти.
Состојбата за време на првите
30 секунди по активирањето на
системот за тревожење при
кражба:Сијаличката
светнува:проверка,
задоцнување на
вклучувањетоСијаличката
трепка брзо:вратите, задната
врата или
хаубата не се
целосно
затворени, или
има системска
грешка
Состојба по вклучувањето на
системот:
Сијаличката
трепка бавно:системот е
вклучен
Побарајте помош од
автомеханичар во случај на
дефекти.

Page 34 of 331

32Клучеви, врати и прозорциДеактивирање
Отклучувањето на возилото со
притискање на c го деактивира
системот за тревожење при
кражба.
Системот не се деактивира со
отклучување на возачката врата со клучот или со копчето за
централната брава во патничкиот
простор.
Аларм
Кога е активиран, се огласува
сирената за аларм и
предупредувачките трепкачи
трепкаат истовремено. Бројот и
времетраењето на аларамните
сигнали се утврдени со закон.
Алармот може да се придуши со
притиснување на било кое копче на
далечинскиот управувач или со
вклучување на палењето.
Системот за тревожење при
кражба може да се деактивира
само со притискање на c или со
вклучување на палењето.На вклучен аларм што не го
прекинал возачот ќе укажуваат
предупредувачките светла. Ќе
трепнат брзо трипати следниот пат кога возилото ќе се отклучи со
далечинскиот управувач.
Дополнително, на
Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра откако ќе
се вклучи палењето.
Пораки за возилото 3 109.
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.Имобилизаторот автоматски се
активира откако клучот ќе се
извади од прекинувачот за палење.
Ако контролната сијаличка d
трепка кога палењето е вклучено,
има дефект во системот; моторот не може да се запали. Исклучете го
палењето и повторете го обидот за
палење.
Ако контролната сијаличка
продолжува да трепка, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте помош од автомеханичар.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 25, 3 30.
Контролна сијаличка d 3 100.

Page 35 of 331

Клучеви, врати и прозорци33Странични
ретровизори
Конвексен облик Конвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Електрично местењеИзберете го соодветниот
страничен ретровизор со вртење
на контролата лево (L) или десно
(R) . Потоа завртете ја контролата
за да се намести ретровизорот.
Во положбата 0 не е избран ниеден
ретровизор.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Електрично свиткување
Свртете ја контролата на 0, па
притиснете ја истата надолу. Двата
странични ретровизора ќе се
свиткаат.
Притиснете ја контролата
повторно надолу - двата странични ретровизора се враќаат во својата
првобитна положба.

Page 36 of 331

34Клучеви, врати и прозорциАко рачно се извлече некој
електрично свиткан ретровизор,
притиснувањето на контролата
електрично ќе го извлече само
другиот ретровизор.
Ретровизори со греење
Се ракува со притискање на Ü
.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Автоматско намалување
на отсјај
Отсјајот од возилата што доаѓаат
одзади ноќе, автоматски се
намалува.

Page 37 of 331

Клучеви, врати и прозорци35Прозорци
Шофершајбна Топлино-одбивна
шофершајбна
Топлино-одбивната шофершајбна
има премаз што го одбива
сончевото зрачење. Може да се
одбиваат и податочни сигнали, на
пр., од патарини.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за
запишување електронски податоци и плаќање патарина треба да се
закачат во тие подрачја. Инаку
може да дојде до неисправно
запишување на податоците.
Налепници на шофершајбната
Не ставајте налепници како вињети за патарина или слично на
шофершајбната, во пределот на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот и погледот
на камерата во куќиштето на
ретровизорот може да бидат
ограничени.
Замена на шофершајбнаВнимание
Ако возилото има сензор за предна камера за системи за
помош на возачот, многу важно
е секоја замена на
шофершајбната да се врши
точно според спецификации на
Опел. Инаку, овие системи
може да не работат правилно, и
постои ризик од неочекувано
однесување и/или пораки од
овие системи.
Механички прозорци
Прозорците на вратите може да се
отвораат или затвораат со рачките
на прозорците.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Задржано исклучување 3 156.

Page 38 of 331

36Клучеви, врати и прозорци
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање, и со
повлекување за затворање.
Нежно притискање или
повлекување до првиот степен: прозорецот се движи нагоре или
надолу се додека се управува со
прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување до вториот степен и
потоа отпуштање: прозорецот се
движи автоматски нагоре или
надолу при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Безбедносна функција Ако стаклото на прозорецот наиде
на отпор во горната половина на
прозорецот за време на
автоматското затворање, веднаш застанува и повторно се отвора.
Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, вклучете го палењето, па повлечете го прекинувачот до
првиот степен и држете го.
Прозорецот се движи нагоре без да биде вклучена безбедносната
функција. За да се запре
движењето, отпуштете го
прекинувачот.Систем за безбедноста на деца
за задните прозорци
Притиснете z за деактивирање на
задните електрични прозорци; се
осветлува LED-светилката. За
активирање притиснете го z
повторно.
Ракување со прозорците
однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото.

Page 39 of 331

Клучеви, врати и прозорци37
Притиснете го и држете го c за да
се отворат прозорците.
Притиснете го и држете го e за да
се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.
Ако прозорците се отворат или
затворат целосно,
предупредувачките светла ќе
трепнат двапати.
Преоптоварување Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за неколку време.
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), во Информативниот
центар за возачот се прикажува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра.
Пораки за возилото 3 109.
Активирајте ја електрониката на
прозорците на следниот начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште две секунди.
4. Повторете го истото за секој прозорец.Греење на задното стакло
Се ракува со притискање на Ü.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Штитници за сонце Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.

Page 40 of 331

38Клучеви, врати и прозорциНа задната страна од штитникот за
сонце се наоѓа држач за билети.Покрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Вклучете го палењето за ракување со подвижниот покрив.
Отворање или затворање
Притиснете го p или r нежно
до првиот степен: подвижниот
покрив се отвора или затвора при
вклучена безбедносна функција се
додека се ракува со прекинувачот.
Притиснете го p или r цврсто
до вториот степен и потоа
отпуштете го: подвижниот покрив
се отвора или затвора автоматски
при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, уште еднаш ракувајте
со прекинувачот.

Page:   < prev 1-10 11-20 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 71-80 ... 340 next >