OPEL ASTRA J 2018.5 Сопственички прирачник
Page 221 of 331
Возење и ракување219Возни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возењето и
камперски приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1300 кг употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 301.Влечење на приколка
Товари на приколката
Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичката оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката и
фактичката оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото. Општо,
тие важат за стрмнини до најмногу
12%.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10% насекои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мала стрмнина (помала од 8%,
на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена
на идентификациската табличка
3 289.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш трудете се за максималната оптовареност,
особено во случај на тешки
Page 222 of 331
220Возење и ракувањеприколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Оптовареност на задната оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 60 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколка извадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбичката со топчестата влечна
кука се складира во задната
складишна преграда на подот.
Протнете го ременот низ алката за
врзување, завиткајте го околу неа
двапати и затегнете го ременот за
да се прицврсти торбата.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Сите верзии освен хечбек со
3 врати: Притиснете ги
прицврстувачите навнатре и
склопете го капакот надолу
однапред. Извадете го капакот.
Page 223 of 331
Возење и ракување221
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Page 224 of 331
222Возење и ракувањеВметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
оригиналната положба, потпирајќи
се на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Page 225 of 331
Возење и ракување223Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете а во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Сите верзии освен хечбек со
3 врати: Закачете го задниот дел на
капакот во процепот на браникот и
склопете ја предната страна
нагоре.
Притиснете ги прицврстувачите
нанадвор.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската контрола на
стабилноста 3 174.
Page 226 of 331
224Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................225
Додатоци и модификации на возилото ................................ 225
Чување на возилото ..............225
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......226
Прверки на возилото ...............226
Вршење работа ...................... 226
Хауба ...................................... 227
Моторно масло ......................227
Ладилник ................................ 229
Течност за серво управување ........................... 229
Течност за миење ..................230
Сопирачки .............................. 230
Течност за сопирачките ........230
Акумулатор ............................. 231
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 232
Замена на четкичките на бришачите ............................. 233
Замена на сијалиците ..............233
Халогенски предни фарови ..234
Приспособливо предно светло .................................... 237Фарови за магла....................238
Предни трепкачи ....................240
Задни светла .......................... 243
Странични трепкачи ..............246
Светло за регистарската табличка ................................ 247
Внатрешни светла .................248
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 248
Електричен систем ..................248
Осигурувачи ........................... 248
Кутија со осигурувачи во
моторниот простор ...............250
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......252
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................253
Прирачен алат ......................... 255
Алати ...................................... 255
Тркала и гуми ........................... 256
Зимски гуми ............................ 256
Ознаки на гумите ...................257
Притисок на гумите ................ 257
Систем за следење на притисокот на гумите ...........259
Длабочина на шарата ...........263
Менување на големината на гумите и тркалата .................263
Раткапни ................................. 263Синџири за гуми ..................... 264
Комплет за поправање гуми . 265
Менување тркала ................... 268
Резервно тркало ....................272
Палење со кабли ......................276
Влечење ................................... 278
Влечење на возилото ............278
Влечење друго возило ..........279
Нега за изгледот ......................280
Нега на надворешноста ........280
Нега на внатрешноста ........... 283
Page 227 of 331
Нега на возилото225Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Page 228 of 331
226Нега на возилотоВраќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, кадешто се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 229 of 331
Нега на возилото2279Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
Page 230 of 331
228Нега на возилотомасло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 286.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 л на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извадете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитајте го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Ја препорачуваме употребата на
моторно масло од иста класа со тоа коешто беше употребено при
поселдното менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 300.
Наместете го капачето право и
затегнете го.