OPEL ASTRA J 2019 Сопственички прирачник

Page 201 of 231

Нега на возилото199Пластични и гумени деловиПластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите, а
особено бензинот. Не користете компресорски млазници за
чистење.

Page 202 of 231

200Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................200
Сервисни информации ..........200
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 201
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..201Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 69.
Европски сервисни периоди
Вашето возило треба да се
одржува на секои 30000 км или по
една година, кое и да настапи прво. Кога е потребна дополнителна
замена на моторното масло и
филтерот порано од одржувањето,
тоа се прикажува на системот за
работниот век на моторното масло.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Македонија, Малта,
Монако, Црна Гора, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Сан Марино, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 69.
Меѓународни сервисни
периоди
Вашето возило треба да се
одржува на секои 15000 км или по една година, кое и да настапи прво. Кога е потребна дополнителна
замена на моторното масло и
филтерот порано од одржувањето,
тоа се прикажува на системот за
работниот век на моторното масло.

Page 203 of 231

Сервисирање и одржување201Тешки услови за работа постојат
ако често се случуваат една или
неколку од следниве околности:
Ладно стартување, тргнување и застанување, влечење приколка,возење по планински терен,
возење на лоша или песоклива
подлога, зголемено загадување на
воздухот, присуство на песок и
големо количество прашина во
воздухот, возење на голема
надморска висина и големи
промени на температурата. Во
овие тешки услови за работа,
можеби ќе биде потребно
сервисирање на одредени делови
почесто од редовниот сервисен
период.
Меѓународните сервисни периоди важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 69.
Потврдувања
Потврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот икилометражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности
и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.

Page 204 of 231

202Сервисирање и одржувањеКвалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на квалитетот и
минималната надворешна
температура 3 206.Дотурање моторно маслоВнимание
Ако се истури масло, избришете
го и фрлете го правилно.
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Забрането е користењето моторни
масла за сите бензински мотори
само со квалитет ACEA бидејќи тоа може да предизвика оштетување
на моторот во одредени услови на
работа.
Изберете го соодветното моторно
масло врз основа на квалитетот и
минималната надворешна
температура 3 206.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.
Маслото со варијабилна класа е
прикажано со две бројки, на пр.
SAE 5W-30. Првата бројка, по која
следи W, укажува на вискозноста
при ниски температури, а втората
бројка на вискозноста при високи температури.
Изберете ја соодветната класа
вискозност зависно од
минималната надворешна
температура 3 206.
Сите препорачани класи според
вискозитетот се соодветни за
високи надворешни температури.
Течност за ладење и антифриз
Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз)
одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.

Page 205 of 231

Сервисирање и одржување203Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење направено за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до околу -28 °C. Во
ладните региони со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува
во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од
употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.Течност за миење
Користете само течност за миење
што е одобрена за возилото за да
спречите оштетување на
бришачите, бојата, пластичните и гумените делови. Посоветувајте се
со автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.

Page 206 of 231

204Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..204
Идентификациски број на возилото ................................ 204
Идентификациска табличка ..204
Идентификација на моторот . 205
Податоци за возилото .............206
Препорачани течности и средства за подмачкување ..206
Податоци за моторот .............208
Димензии на возилото ........... 210
Притисоци во гумите .............211Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото може да е врежан на
идентификациската табличка и на
работ на подот, под покривката на
подот, видливо под капак.
Идентификацискиот број на
возилото може да е изгравиран на
таблата за инструменти, видлив
низ шофершајбната, или во
моторната преграда на десната
плоча на каросеријата.
Идентификацискатабличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.

Page 207 of 231

Технички податоци205
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8:податоци специфични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее
да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Идентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 208.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.

Page 208 of 231

206Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкување Европски распореди на сервисите
Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 200Квалитет на моторното маслоD14NETdexos1 Gen2✔
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји со европски период на сервисирање 3 200Околна температурадо -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40
SAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40

Page 209 of 231

Технички податоци207Меѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 200Квалитет на моторното маслоD14NETdexos1 Gen2✔
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 200Околна температурадо -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40
SAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40до -20 °CSAE 10W-30 1)
или SAE 10W-40 1)1)
Дозволено, но се препорачува користење масла со квалитет dexos.

Page 210 of 231

208Технички податоциПодатоци за моторотИдентификациска шифра на моторотD14NETКомерцијална ознака1.4 ТурбоИстиснување на клиповите (см3
)1364Моќност на моторот [kW]103при вртежи на минута4900-6000Вртлив момент (Nm)200при вртежи на минута1850-4900Вид на горивотоБензинОктански број RON 2)препорачано95можно98можно912)
Специфична етикета за државата што е ставена на капачето од резервоарот може да има предност пред специфичното
барање за моторот.

Page:   < prev 1-10 ... 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 240 next >