OPEL ASTRA K 2016.5 Прирачник за инфозабавата

Page 71 of 185

Навигација71Изберете Save (Сочувај) на
горниот дел од екранот и зачувајте
ги измените.
Оптимизирање на патувањето со
точки на патот
Доколку се додадат неколку точки
на патот и патувањето со точки на
патот се измени неколку пати,
можеби би сакале точките на патот
повторно да се уредат на
најефикасен начин.
Изберете OPTIMISE
(ОПТИМИЗИРАЈ) на
интерактивната лента за избор на изборникот за водење низ
маршрутата.
Почекајте додека списокот со точки на патот се ажурира.
Изберете Save (Сочувај) на
горниот дел од екранот и зачувајте
ги измените.

Page 72 of 185

72Препознавање говорПрепознавање
говорОпшти информации ...................72
Користење .................................. 74Општи информации
Вградена функција за
препознавање говор
Вградената функција за
препознавање говор на
инфозабавниот систем
овозможува ракување со различни
функции на инфозабавниот систем со глас. Таа приметува наредби и
нумерички низи независо од
односниот говорник. Наредбите и
низа на броеви може да се кажат
без пауза во зборувањето помеѓу
поединечните зборови.
Во случај на неправилно ракување
или наредби, препознавањето
говор дава визуелна и/или звучна
повратна информација и бара
повторно да ја внесете саканата
наредба. Покрај тоа, контролата на
гласот потврдува важни наредби и
ќе се распраша ако е потребно.
Во основа, постојат три различни
начини за изговарање наредби за
да може да се извршат саканите
активности.Забелешка
За да не доведат разговорите во
возилото до ненамерно
активирање на системските
функции, препознавањето говор
не се вклучува додека не се
активира.
Важни информацииПоддршка за јазици ● Не сите достапни јазици за приказ на Инфозабавниот
систем се достапни и за
препознавање говор.
● Доколку моментално избраниот јазик за приказ не е
поддржан од функцијата за препознавање говор, тогаш
препознавањето говор не е
достапно.
Во тој случај, треба да
изберете друг јазик за приказ, ако сакате да го контролирате
инфозабавниот систем со
говорни влезни информации. За менување на јазикот за
приказ, видете "Јазик" во
поглавјето "Системски
поставки" 3 30.

Page 73 of 185

Препознавање говор73Внесување адреса за дестинации
во странство
Ако сакате да внесете адреса на
дестинација што се наоѓа во друга
земја преку говорниот внес, треба
да го смените јазикот на
инфоекранот во јазикот на другата
земја.
На пример, доколку екранот е
моментално поставен на англиски
и сакате да внесите име на град
лоциран во Франција, треба да
смените јазикот на приказ на
француски.
Исклучоци: Ако сакате да внесете
адреса во Белгија, опционално
може да го смените јазикот на
приказот во француски или
холандски. За адреси во
Швајцарција може опционално да
го менувате јазикот на приказот на
француски, германски или
италијански.
За менување на јазикот за приказ,
видете "Јазик" во поглавјето
"Системски поставки" 3 30.Редослед за внесување за
адресите на дестинациите
Редоследот по којшто деловите на
една адреса треба да се внесат со
користење на системот за
препознавање говор зависи од
земјата каде што се наоѓа
дестинацијата.
● Австрија, Германија: <град> <улица> <број>
● Белгија, Франција, Велика Британија:
<број> <улица> <град>
● Данска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Русија,
Шпанија, Швајцарија, Турција:
<улица> <број> <град>
Поставување на функцијата за
препознавање говор
Може да се извршат неколку
поставки и приспособувања за
вградената функција за
препознавање говор на
инфозабавниот систем.
Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .Изберете ја ставката Voice (Глас)
за да влезете во односниот
подизборник.Confidence Threshold (Праг на
доверба)
Во зависност од избраните опции
во соодветниот подизборник,
функцијата за препознавање говр е помалку или повеќе „доверлива“ во
точното тазбирање на вашите
наредби.
Confirm More (Потврдувај повеќе) :
Доколку се избере, системот бара
релативно често да ги потврдувате вашите наредби. Следствено,
системот извршува точни
активности во повеќето случаи.

Page 74 of 185

74Препознавање говорConfirm Less (Потврдувај помалку):
Доколку се избере, системот помалку често бара да ги
потврдувате вашите гласовни
влезни информации. Следствено, системот може понекогаш
погрешно да ги протолкува
наредбите и да не ја изврши
точната активност.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката
Confirm More (Потврдувај повеќе)
може да ви биде од корист. Како
што ќе стекнувате поголемо
искуство, т.е. ќе научите како да ги изговарате наредбите на начин
што функцијата за препознавање
говор точно ќе ве разбира,
користењето на поставката
Confirm Less (Потврдувај
помалку) може да биде од корист.Prompt Length (Должина на
известување)
Должината и нивото на детали на
прашањата и изјавите што ги дава
функцијата за препознавање говор
може да се приспособат во
соодветниот подизборник.Audio Feedback Speed (Брзина на
звучни повратни информации)
Брзината со која функцијата за
препознавање говор поставува
прашања или дава изјави може да
се приспособат во односниот
подизборник.
Ако се избере Medium (Средно) ,
стапката на говор на системот
одговара на природен говор.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката Long
(Долго) може да ви биде од
корист. Како што стекнувате
искуство, ќе може да ја користите
поставката Short (Кратко) .Апликација за пренесување на
гласот
Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон.
Достапноста на оваа функција
зависи од паметниот телефон. За
повеќе информации за
компатибилноста, посетете ја
нашата веб-локација.
Користење Вградена функција за
препознавање говор
Активирање на контролата на
гласот
Забелешка
Препознавањето говор не е
достапно за време на повик.Активирање преку копчето w на
воланот
Притиснете w на воланот.

Page 75 of 185

Препознавање говор75Аудиосистемот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба и изборници за
помош со најважните достапни
команди се прикажуваат на
инфоекранот и информативниот
центар за возачот.
Штом препознавањето говор е
подготвено за говорен внес, се
слуша писок. Симболот за
препознавање на говор во горниот
лев агол на изборникот за помош од бел станува црвен.
Сега може да кажете говорна
наредба за да вклучите некоја
функција на системот (пр. пуштање
претходно поставена
радиостаница).Активирање преку екранското
копче VOICE (Глас) на
централниот екран
Изберете VOICE (Глас) на
интерактивната лента за избор од
главниот изборник на централниот
екран.
Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба и изборник запомош со најважните достапни
команди се прикажува на
централниот екран.
Штом препознавањето говор е
подготвено за говорен внес, се
слуша писок. Симболот за
препознавање на говор на десната страна од изборникот за помош од
црн станува црвен.
Сега може да ја изговорите
наредбата, видете го описот
погоре.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Притиснете ! или # од воланот
нагоре (зголемување на гласноста) или надолу (намалување на
гласноста).
Прекинување говорен потсетник
Како искусен корисник, може да
прекинете говорен потсетник со
кусо притискање на w на воланот.
Веднаш ќе слушнете сигнал,
симболот за препознавање говор
станува црвен, а наредбата може
да се изговори без да се чека.Откажување дијалошка низа
Ова се различни можности за
прекинување на дијалошката низа
и за деактивирање на функцијата
за препознавање говор:
● Кажете &#34; Cancel&#34; (Откажи) или
&#34; Exit &#34; (Излез).
● Притиснете n на воланот.
● Ако сесијата за препознавање говор беше активирана преку
екранското копче VOICE
(Глас) на централниот екран,
може да:
● Притиснете HOME на
контролната табла.
● Изберете m или Exit
(Излез) во изборникот за
помош.

Page 76 of 185

76Препознавање говорВо следниве ситуации дијалошкитенизи се откажуваат автоматски:
● Ако не кажете наредба одреден временски период
(основно е трипати да добиете
потсетник да кажете наредба).
● Ако кажувате наредби што системот не ги препознава
(основно е трипати да добиете
потсетник да кажете правилна
команда).
Работа со говорни наредби
Функцијата за препознавање говор
може да ги разбере наредбите што
се природно наведени во форма на
реченица или директните наредби
со наведување апликација и
активност.
За најдобри резултати: ● Слушнете го говорниот потсетник и почекајте писок
пред да кажете наредба или да одговорите.
● Кажете „ Помош“ или
прочитајте ги командите
наведени како пример на
екранот.● Говорниот потсетник може да се прекине со повторно
притискање на w.
● Почекајте писок, а потоа кажете ја наредбата природно,
не пребрзо, не пребавно.
Користете кратки и директни
наредби.
Обично наредбите може да се
изговорат како една наредба. На
пример, „Повикај го Дејвид Смит на
работа“, „Пушти“ и името на
изведувачот или името на песната,
„Вклучи“ и брановата должина и
фреквенцијата/името на станицата или „Најди ја адресата“ и адресата,
на пример „Главна улица 123,
Лондон“.
При сложени наредби или кога
недостасуваат информации,
системот започнува дијалог.
Кога пребарувате „Точки од
интерес“, само главните синџири
може да се изберат по име.
Синџири се фирми што имаат
најмалку 20 локации. За други ТИ,
изговорете го името на
категоријата, како „Ресторани“,
„Шопинг центри“ или „Болници“.Доколку кажете „Телефон“ или
„Телефонски наредби“, системот
разбира дека сакате да
воспоставите телефонски повик и
одговара со соодветни прашања,
додека не се соберат доволно
детали. Ако телефонскиот број е
сочуван со име и место, директната наредба треба да ги вклучува и
двете, на пример &#34;Јави му се на
Даре на работа&#34;.Бирање ставки од листа
Кога е прикажана листа, говорен
потсетник бара да потврдите или
изберете ставка од неа. Ставка од
листа може да се избере рачно или со изговарање на бројот на редот
на ставката.
Листата на екранот за
препознавање говор функционира
исто како и листите на другите екрани. Рачното лизгање низ
списокот на екранот во текот на
сесија за препознавање говор ја
прекинува моменталната
активност за препознавање говор и
активира порака како „Изберете од списокот со користење на рачните
контроли, притиснете го задното

Page 77 of 185

Препознавање говор77копче на предната плоча или
притиснете го задното екранско
копче за да се обидете повторно“.
Ако не се избере ништо рачно во
рок од 15 секунди, препознавањето
говор се прекинува и ве потсетува
порака, а повторно се прикажува
претходниот екран.Наредбата &#34;Назад&#34;
За враќање на претходниот
изборник, може да кажете „ Назад“,
притиснете k BACK на
контролната табла или притиснете m .Наредбата &#34;Помош&#34;
Откако ќе кажете „ Помош“,
пораката за помош за
моменталниот екран ќе биде
гласно прочитана. Дополнително,
пораката е биде прикажана на екранот.
Во зависност од начинот на
активирање на функцијата за
препознавање говор, пораката за
помош се прикажува на
информативниот центар за
возачот или на централниот екран.За да го прекинете потсетникот за
помош, притиснете w. Ќе се огласи
сигнал. Може да кажете наредба.
Апликација за пренесување на
гласот
Активирање на контролата на
гласот
Притиснете и задржете s на
воланот додека во
Информативниот центар за
возачот не се прикаже икона за
препознавање говор.
Дополнително, порака во
Информативниот центар за
возачот ве информира кога
апликацијата за пренесување на
гласот е подготвена за користење.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете m на контролната табла
или притиснете ! или # на воланот
нагоре (зголемување на гласноста) или надолу (намалување на
гласноста).Деактивирање на функцијата за
препознавање говор
Притиснете n на воланот.
Сесијата за препознавање говор е
завршена.

Page 78 of 185

78ТелефонТелефонОпшти информации...................78
Поврзување Bluetooth ................79
Итен повик .................................. 81
Ракување .................................... 82
Текстуални пораки .....................86
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 89Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори
на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Ќе најдете повеќе
информации за тоа во упатствата
за ракување за вашиот мобилен
телефон или можете да се
распрашате за нив кај вашиот
оператор на мрежата.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Затоа се изготвени безбедносни прописи и директиви. Треба да
бидете запознати со поврзаните директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за

Page 79 of 185

Телефон79разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следите
посебните прописи кои важат во
конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special
Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth Bluetooth е радио стандард за
безжично поврзување на мобилни
телефони, модели iPod/iPhone и
други уреди.
За да поставите поврзување
Bluetooth со инфозабавниот
систем. треба да е активна
функцијата Bluetooth или уредот
Bluetooth. За повеќе информации,
видете во упатството за употреба
на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши преку изборникот за Bluetooth
поставки.
Изборник за Bluetooth поставки Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .
Изберете Bluetooth (Блутут) за да
се прикаже односниот
подизборник.Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до пет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од
списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
претходно, Инфозабавниот
систем автоматски
воспоставува врска.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување преку апликацијата за
поставки
1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата SETTINGS
(Поставки) .

Page 80 of 185

80ТелефонИзберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете го Pair Device (Уред
за спарување) .
Односно, изберете Device
Management (Управување со
уреди) за да се прикаже
списокот со уреди и потоа
изберете Pair Device (Уред за
спарување) .
3. На инфозабавниот систем се прикажува порака со име и PIN-
код на инфозабавниот систем.
4. Активирајте ја функцијата за пребарување Bluetooth на
Bluetooth-уредот.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Споредете го PIN-кодот
(доколку се побара) и
потврдете ги пораките наинфозабавниот систем и
Bluetooth-уредот.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Доколку сакате, изберете Set PIN (Одреди ПИН) за да
го смените PIN-кодот на
инфозабавниот систем. Се
прикажува тастатура.
Внесте го новиот PIN-код и
потврдете го внесот.
Внесете го PIN-кодот на
инфозабавниот систем на Bluetooth-уредот и
потврдете го внесот.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени и се
прикажува список со уреди.
Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
7. Доколку се достапни на Bluetooth-уредот,
телефонскиот именик и
списокот со повици ќе сепреземе на инфозабавниот
систем. Доколку е потребно,
потврдете ја соодветната
порака на смартфонот.
Забелешка
За инфозабавниот систем да ги
прочита контактите, тие реба да
се зачувани во меморијата на
мобилниот телефон.
Ако функцијата не е поддржанаод уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака на
инфозабавниот систем.
Спојување преку апликацијата за
телефон
1. Притиснете HOME, а потоа
изберете ја иконата PHONE
(Телефон) .
2. Изберете го Pair Device (Уред
за спарување) .
3. Продолжете од чекор 3 од „Спојување преку апликацијата
за поставки“ (видете погоре).
4. Ако уредот е успешно споен, се
прикажува изборникот зателефон.

Page:   < prev 1-10 ... 31-40 41-50 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100 101-110 111-120 ... 190 next >