language OPEL ASTRA K 2016 Прирачник за инфозабавата

Page 31 of 185

Основно ракување31Приказ на часовникот
Изберете Clock Display
( Прикажување на часовникот) за да
влезете во односниот
подизборник.
За исклучување на приказот на
дигиталниот часовник во
изборниците, изберете Off
(Исклучување) .
Јазик
Притиснете HOME, а потоа
изберете SETTINGS (Поставки) .
Листајте и изберете Language
(Јазик) .
Забелешка
Моментално активниот јазик е
означен со 9.
Лизгајте низ списокот и изберете го саканиот јазик.
Режим на опслужување Ако е активиран режим на
опслужување, сите прикази на
возилото се заклучени и не може
да се извршат промени во
системот.Забелешка
Пораките поврзани со возилото и
задната камера остануваат
овозможени.
Заклучување на системот
Притиснете HOME, а потоа
изберете SETTINGS (Поставки) .
Листајте и изберете Valet Mode
(Услужен режим) . Се прикажува
тастатура.
Внесете шифра од четири цифри и
потоа изберете Enter (Внеси).
Тастатурата повторно се
прикажува.
За да го потврдите првиот внес,
повторно внесете ја
четирицифрената шифра и
изберете Lock (Заклучи) . Системот
е заклучен.
Отклучување на системот
Вклучете го инфозабавниот
систем. Се прикажува тастатура.
Внесете ја соодветната
четирицифрена шифра и изберете
Unlock (Отклучи) . Системот е
отклучен.

Page 113 of 185

Вовед113Auto Set (Автоматско поставување)
За да одберете дали времето и
датумот ќе се поставуваат
автоматски или рачно, изберете
Auto Set (Автоматско
поставување) .
За автоматско поставување на
времето и датумот, изберете On -
RDS (Вкл. RDS) .
За рачно поставување на времето
и датумот, изберете Off - Manual
(Искл. - Рачно) . Ако Auto Set
(Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual (Искл. -
Рачно) , ставките Set Time
(Местење на часовникот) и Set
Date (Местење на датумот) од
подизборникот стануваат
достапни.
Поставете време и датум
За да ги приспособите поставките
за времето и датумот, изберете Set
Time (Местење на часовникот) или
Set Date (Местење на датумот) .
Допрете + и - за да ги приспособите
поставките.Поставки за јазикот
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Language ( Јазик) за да се
прикаже односниот изборник.
За да се приспособи јазикот за
текстовите на изборниците:
допрете го саканиот јазик.
Функција за листање на текстот Ако на екранот се прикаже долг
текст, на пример наслови на песни
или имиња на станици, тој може да
се листа постојано или еднаш, па
да се прикаже во скратен облик.
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете го Radio (Радио) .
Ако сакате текстот да се листа
постојано, активирајте Text Scroll
(Листање текст) .
Ако сакате текстот да се листа во
блокови, деактивирајте ја
поставката.
Основни фабрички поставки
Притиснете ; и потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Return to
Factory Settings (Врати на
фабрички поставки) .

Page 155 of 185

Основно ракување155Листајте и изберете Settings
(Поставки) .
Изберете го Maximum Startup
Volume (Максимална гласност при
вклучување) .
Наместете ја саканата вредност.
Гласност на сообраќајните
соопштенија
За да ја приспособите гласноста на сообраќајните соопштенија,
поставете ја саканата гласност
додека системот емитува
сообраќајно соопштение.
Системот ја зачувува соодветната
поставка.
Системски поставки
Преку изборникот за поставки
може да се вршат разни
поставувања и приспособувања на Инфозабавниот систем.
Поставки за време и датум
Притиснете MENU за да го
отворите соодветниот изборник за
аудио.
Изберете го Time and Date (Време
и датум) .
Местење на времето
Изберете Set Time (Местење на
часовникот) за да влезете во
односниот подизборник.
Изберете Auto Set (Автоматско
поставување) на долниот дел од
екранот. Активитајте On - RDS
(Вкл. RDS) или Off (Manual) (Искл.)
(Рачно) .
Ако се избере Off (Manual) (Искл.)
(Рачно) , приспособете ги часовите
и минутите.
Избирајте го 12-24 HR (12-24
часа) на долниот дел од екранот за
да изберете режим за времето.
Доколку се избере 12-часовен
режим, се прикажува трета колона
за избор на АМ и РМ. Одберете ја
саканата опција.
Поставување на датумот
Изберете Set Date (Местење на
датумот) за да влезете во
односниот подизборник.
Изберете Auto Set (Автоматско
поставување) на долниот дел од
екранот. Активитајте On - RDS
(Вкл. RDS) или Off (Manual) (Искл.)
(Рачно) .
Ако е избрано Off (Manual) (Искл.)
(Рачно) , поставете ги поставките
за датумот.
Јазик
Притиснете MENU за да го
отворите соодветниот изборник за
аудио.
Изберете го Languages (Јазици) .
Лизгајте низ списокот и изберете го саканиот јазик.