OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник
Page 161 of 307
Контрола на климатизацијата159Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на вратите и во пределите на нозете.Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи довод на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полени ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува
системот за контрола на
климатизацијата да се проверува
годишно, почнувајќи три години по
првата регистрација на возилото,
вклучувајќи ги следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени
Page 162 of 307
160Контрола на климатизацијата● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Page 163 of 307
Возење и ракување161Возење и
ракувањеПрактични совети за возење ..162
Контрола над возилото .........162
Управување ............................ 162
Поаѓање и ракување ................163
Разработување на новото возило .................................... 163
Положби на прекинувачот за палење .................................. 163
Копче за вклучување .............164
Задржано исклучување .........165
Палење на моторот ...............166
Исклучување на пребрзувањето .....................168
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 168
Паркирање ............................. 172
Издувни гасови од моторот .....174
Филтер за дизелски честички ................................ 174
Катализатор ........................... 175
Автоматски менувач ................175
Екран на менувачот ...............175
Рачка на менувачот ...............176Рачен режим .......................... 177
Електронски програми за возење ................................... 177
Дефект .................................... 178
Прекин на напојувањето .......178
Рачен менувач ......................... 179
Автоматизиран рачен
менувач ..................................... 180
Екран на менувачот ...............180
Рачка на менувачот ...............181
Рачен режим .......................... 182
Електронски програми за возењето ............................... 182
Дефект .................................... 183
Сопирачки ................................. 183
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 183
Сопирачка за паркирање ......184
Серво кочење ......................... 186
Помош при поаѓање на угорници ................................ 186
Системи за контрола на
возењето ................................... 187
Систем за контрола на пролизгувањето ....................187
Електронска контрола на стабилноста .......................... 188
Спортски режим .....................189Системи за помош на возачот 190
Контрола на патувањето .......190
Ограничувач на брзината .....193
Предупредување за преден судир ...................................... 194
Показател за растојание однапред ............................... 197
Активно итно сопирање ......... 198
Помош за паркирање ............200
Известување за странична слепа точка ........................... 208
Ретровизорска камера ..........209
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 212
Помош за задржување на лента ...................................... 216
Гориво ....................................... 218
Гориво за бензински мотори . 218
Гориво за мотори на дизел ...219
Полнење гориво ..................... 219
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................220
Кука за приколки ......................221
Општи информации ...............221
Возни карактеристики, совети
за влечење ............................ 221
Влечење на приколка ............222
Page 164 of 307
162Возење и ракувањеОпрема за влечење...............223
Помош за стабилноста на приколката ............................ 225Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Систем за сопирање-поаѓање
3 168.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.
Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.Педали
За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.
Page 165 of 307
Возење и ракување163Поаѓање и ракување
Разработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно
при првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 174.Положби на прекинувачот
за палење
Свртете го клучот:0:исклучено палење: Некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:режим за помошно напојување:
Заклучувањето на воланот се
отпушта, некои електрични
функции работат, палењето е
исклучено2:режим за напојување со
вклучено палење: Палењето е
вклучено, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции3:стартување на моторот:
Отпуштете го клучот откако ќе
почне стартувањето
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
9 Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Page 166 of 307
164Возење и ракувањеКопче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Режим за помошно напојување
Притиснете Engine Start/Stop
еднаш без да ракувате со
куплунгот или педалата на
сопирачката. Жолтата сијаличка во
копчето се пали. Заклучувањето на воланот се отпушта и некои
електрични функции работат,
палењето е исклучено.Режим за напојување со вклучено
палење
Притиснете и држете
Engine Start/Stop за 6 секунди без
да ракувате со куплунгот или
педалата на сопирачката.
Зелената сијаличка во копчето се
пали, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции.Стартување на моторот
Ракувајте со куплунгот (рачен
менувач) или педалата на
сопирачката (автоматски менувач
или автоматизиран рачен менувач) и притиснете Engine Start/Stop
уште еднаш. Отпуштете го копчето
откако ќе почне стартувањето.Исклучено палење
Притиснете го Engine Start/Stop
кратко во секој режим или кога
работи моторот и возилото е во
мирување. Некои функции
остануваат активни додека не се
отвори возачката врата, под услов
палењето да било вклучено
претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Engine Start/Stop
подолго од 2 секунди или
притиснете двапати кратко во рок
од 5 секунди 3 166.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
● Возачката врата е отворена.
За да се отклучи воланот, отворете
ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Page 167 of 307
Возење и ракување165Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во
случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви
потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Поставете го електронскиот клуч
единствено центриран во областа
на предавателот во надолжната
насока рамен со копчиња превртен како што е прикажано на сликата.
Други предмети, на пр, други
клучеви, транспондер, тагови,
монети итн. мора да бидат
отстранети од средишната
конзола.
Притиснете го куплунгот (рачен
менувач) или педалата на
сопирачките (автоматски менувач
или автоматизиран рачен менувач) и притиснете го Engine Start/Stop .
За да го изгаснете моторот, притиснете Engine Start/Stop
повторно. Извадете го
електронскиот клуч од средишната
конзола.
Оваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 23.
За отклучување или заклучување на вратите, видете во дефект на
уредот на далечинскиот управувач или на системот на електронскиот
клуч 3 26.
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
10 минути откако ќе се исклучи
палењето:
● електричните прозорци
● подвижен покрив
● штекери за напојување
Page 168 of 307
166Возење и ракувањеПалење на моторотВозила со прекинувач за
палење
Свртете го копчето во положба 1 за
да се ослободи бравата на
воланот.
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Автоматизиран рачен менувач:
притиснете ја педалата за
сопирачките.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положба 2 за предзагревање и
почекајте да се изгасне
контролната сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот го пушта автоматска
постапка со кратка пауза додека
моторот не проработи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на куплунгот 3 168.
Автоматски менувач или
автоматизиран рачен менувач: за
време на Autostop, моторот може
да се запали со притискање на
педалата на кочницата 3 168.Возила со копче за вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Автоматизиран рачен менувач:
притиснете ја педалата за
сопирачките.
Не нагазнувајте го педалот за гас. Притиснете го и отпуштете го
Engine Start/Stop : анласерот го
пушта автоматска постапка со
Page 169 of 307
Возење и ракување167кратка пауза додека моторот не
проработи, видете под „автоматска
контрола на анласерот“.
Пред повторно палење или за да го
исклучите моторот кога возилото е
во мирување, притиснете го
Engine Start/Stop уште еднаш
кратко.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на куплунгот 3 168.
Автоматски менувач или
автоматизиран рачен менувач: за
време на Autostop, моторот може
да се запали со притискање на педалата на кочницата 3 168.
Итно исклучување при возење
Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итен случај, држете
го Engine Start/Stop подолго од
две секунди или притиснете го
двапати кратко во рок од
пет секунди.9 Опасност
Исклучување на моторот за
време на возењето може да
предизвика губење поддршка за системите за сопирање и за
управување. Системите за
помош и на воздушни
перничиња се исклучуваат.
Светлата за осветлување и на
сопирачките се гасат. Затоа
гасете го моторот и
исклучувајте го палењето при
возење само кога е потребно
при итен случај.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу пет минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не треба да го држи клучот во положба 3 или да го држи
Engine Start/Stop притиснато. Штом
се применува, системот ќе
продолжи да запали автоматски
додека не проработи моторот.
Поради постапката за
проверување моторот
проработува по кратка пауза.
Page 170 of 307
168Возење и ракувањеВозможни причини за непалење на
моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Педалата за сопирачките не е притисната (автоматизиранрачен менувач).
● Дојде до надминување на времето.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.Исклучување на
пребрзувањето
Доводот на гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина но
педалот за гас е отпуштен.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или
стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж.
АктивирањеСистемот за сопирање-поаѓање едостапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на Ï OFF . Исклучувањето е
прикажано со осветлување на
сијаличката во копчето.
Autostop
Возила со рачен менувач
Во зависност од моторот, две
верзии на Autostop се достапни.
Видете ги податоците за моторот за да го идентификувате
идентификациониот код на
моторот на Вашето возило 3 284.
Конвенционален Autostop