OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник
Page 171 of 307
Возење и ракување169Сите бензински мотори и дизел
мотори освен B16DTU имаат само
конвенционален Autostop.
Autostop може да се активира во
мирување или во ниска брзина до
5 км/ч.
Активирање на конвенционалниот
Autostop на следниот начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Поставете го менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Ран Autostop
Моторот B16DTU има ран Autostop како додаток на конвенционалниот
Autostop.
Autostop-от, и конвенционалниот и
раниот, може да се активира во
мирување или во ниска брзина до
14 км/ч.Активирајте го раниот Autostop на
следниот начин:
● Притиснете ја педалата за кочење.
● Притиснете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.Возила со автоматски пренос или
автоматизиран рачен пренос
Ако возилото е во мирување со притисната педала на
сопирачките, Autostop се активира
автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 15 % или повеќе.Показател
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
По рестартирање, брзината на
мирување е означена.
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови.
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Хаубата е целосно затворена.
Page 172 of 307
170Возење и ракување● Возачката врата е затворенаили безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со големо оптоварување на
моторот.
● Околната температура е повисока од -5 °C.
● Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.● Функцијата за самочистење нафилтерот за дизелски честичкине е вклучена.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете во
поглавјето Контрола на
климатизацијата за повеќе детали 3 150.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 163.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.Мерки за штедење енергија
При Autostop, неколку електрични
функции, како помошниот
електричен грејач или греењето на
задното стакло се исклучени или
префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот за
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачотВозила со рачен менувач
Во зависност од моторот, две
верзии на рестартирање се
достапни. Видете ги податоците за моторот за да го идентификувате
идентификациониот код на
моторот на Вашето возило 3 284.
Рестартирањето за сите мотори освен B16DTU е можно во
мирување или во ниска брзина до
7 км/ч и до 14 км/ч за моторот
B16DTU.
Конвенционално рестартирање
Сите мотори имаат
конвенционално рестартирање.
Page 173 of 307
Возење и ракување171Притиснете го куплунгот без
притискање на педалот за
сопирачките за да се рестартира моторот, кај мотори со задоцнеторестартирање е можно само без
притискање на педалот на
сопирачката.
Задоцнето рестартирање
Сите бензински мотори и дизел
мотори B16DTU и B16DTR имаат
задоцнето рестартирање како
додаток на конвенционалното
рестартирање.
● Притиснете ја педалата за кочење.
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Изберете прва брзина.
● Отпуштете ја педалата на кочницата за повторно палењена моторот.Возила со автоматски пренос илиавтоматизиран рачен пренос:
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката
на менувачот од D во N или P за да
го рестартирате моторот.Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Кај возилата со рачен менувач коисе во конвенционален Autostop,рачката на менувачот мора да биде
во лер за да се овозможи
автоматско рестартирање.
Кај возилата со рачен менувач кои
се во ран Autostop, автоматското
рестартирање е можно во секоја
позиција на рачката на менувачот.
Кај возилата со автоматски
менувач или рачен автоматизиран
менувач, рачката на менувачот
мора да биде во D за да овозможи
автоматско рестартирање.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за сопирање-поаѓање:
● Системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно.
● Хаубата е отворена.● Безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворенавозачката врата.
● Температурата на моторот е прениска.
● Наполнетоста на акумулаторот
е под одредено ниво.
● Вакуумот на сопирачката не е доволен.
● Возилото било возено барем со брзина на одење.
● Системот за контрола на климатизацијата бара палењена моторот.
● Климатизацијата е вклучена рачно.
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, на пр.
преносен ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кус пад на напонот за време на
повторното палење.
Page 174 of 307
172Возење и ракувањеПаркирање9Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
За возила со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот
m за најмалку една секунда
додека контролниот
индикатор m свети постојано
и електрична сопирачка за
паркирање се применува
3 104.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на угорница,ставете во прва брзина или
поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на рамна
површина или на надолница,
ставете во рикверц брзина
или поставете ја рачката на
менувачот во положбата P
пред да го извадите клучот за
палење или исклучување на
палењето на возилото со
копчето. Свртете ги предните
тркала кон работ на
тротоарот.● Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
● Извадете го клучот за палење од бравата за
палење или исклучете го
палењето на возилото со
копчето за вклучување.
Завртете го воланот додека
не се почувствува дека
бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски менувач, клучот може да се извади само кога рачката наменувачот е во положба P.
Кај возилата со
автоматизиран рачен
менувач, клучот може да се
извади од бравата за палење
само кога е затегната
сопирачката за паркирање.
● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 228.
Page 175 of 307
Возење и ракување173Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Операција за итни случаи во
екстремно ладни температури
9 Предупредување
Ова итна операција може да се
врши само во случај на
екстремно ниски температури и
ако возилото е паркирано на
рамна површина.
Во земјите со екстремно ниски
температури може да биде
потребно да се паркира возилото
без да се применува рачната
сопирачка.
Ова е операција за итни случаи за
да се избегне замрзнување на
рачната сопирачка.
Возила опремени со рачен
менувач, автоматизирана
електрична сопирачка за
паркирање и копче за вклучување
Кај возилата со автоматизиран
рачен менувач палењето може да
се исклучи само ако се примени
сопирачка за паркирање. Затоа
следниве точки мора да се извршат
за да се ослободи електричната
сопирачка за паркирање:
1. Затегнете ја електричната сопирачка и исклучете го
палењето.
2. Вклучете го палењето со притискање и држење
Engine Start/Stop за 6 секунди
без да ракувате со педалот на сопирачката.3. Притиснете ја педалата на сопирачките и отпуштете ја
електричната сопирачка за
паркирање.
4. Исклучете го палењето.
Page 176 of 307
174Возење и ракувањеИздувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички
Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни меѓу седум и
12 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возење не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со % и предупредувачка
порака во Информативниот центар за возачот.% свети со предупредувачка
порака кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно поскоро.
% со порака за предупредување
трепка кога филтерот за дизелски честички го достигнал
максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето,
држете ја брзината на моторот над 2000 вртежи на минута. Сменете во
помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.
Ако чистењето не е можно од кои
било причини, предупредувачка
порака се појавува во
Информативниот центар на
возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.
Page 177 of 307
Возење и ракување175Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Порака се појавува штом ќе заврши
процесот на самочистење.
Катализатор
Катализаторот го намалува количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 218, 3 284 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи ја брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во рачен режим со допирање на
рачката на менувачот до + или -
3 177.
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Page 178 of 307
176Возење и ракувањеВо автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP:паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката за паркирање е применетаR:рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим<:ставање во поголема брзина
во рачен режим]:ставање во помала брзина во
рачен режим
Рачката на менувачот е заклучена
во P и може да се помести само
кога палењето е вклучено, копчето
на рачка на менувачот е
притиснатo и педалот на
сопирачките е нагазнат.
Без нагазување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само
кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Page 179 of 307
Возење и ракување177Моторно сопирање
За да се искористи дејството на моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.Рачен режим
Поместete ја рачката на менувачот
од положбата D кон лево во
положбата M.
Допрете ја рачката на менувачот
нагоре + за да се префрли во
поголема брзина.
Допрете рачката на менувачот
надолу - за да се префрли во
помала брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар
за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини Симболот R или S со бројка до
него се покажува кога се
препорачува менување брзина
заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми завозење
● По ладно палење, програмата за работна температура ја
зголемува брзината на
моторот за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
Page 180 of 307
178Возење и ракување● Специјални програмиавтоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
● Во снежни или подмрзнати услови или на други лизгави
површини, контролата на
електронскиот пренос му
овозможува на возачот да
избере рачно прва, втора или
трета брзина за поаѓање.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат докрај во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се прикажува
порака на Информативниот центар за возачот. Пораки за возилото
3 118.Електронската контрола на
менувачот овозможува само
четврта брзина. Менувачот веќе не менува автоматски брзини.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањето Во случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 268.
Ако акумулаторот не е причина за дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Отпуштете го тапацирот на рачката на менувачот од
средишната конзола.
Притиснете со прстот во
кожното лежиште под рачката
на менувачот и повлечете го
тапацирот нагоре. Свртете ја
облогата налево.