OPEL ASTRA K 2017.5 Сопственички прирачник
Page 81 of 555
Складирање79СкладирањеПростори за складирање...........79
Касета ....................................... 79
Држачи за чаши .......................80
Предна складишна преграда ..80
Складирање во потпирачот за рака .......................................... 80
Товарен простор ........................81
Задна преграда за складирање ............................. 87
Капак на товарниот простор ...87
Капак на задната преграда за складирање под подот ...........89
Алки за врзување ..................... 90
Систем за ракување со товарот .................................... 91
Безбедносна мрежа .................93
Предупредувачки триаголник ............................... 95
Прибор за прва помош ............95
Систем на багажници за на
покрив ......................................... 96
Багажник за на покрив .............96
Информации за товарење .........97Простори за
складирање9 Предупредување
Не чувајте тешки или остри
предмети во просторите за
складирање. Инаку, капакот на
просторот за складирање може да се отвори и патниците може
да се повредат од исфрлени
предмети во случај на нагло
сопирање, ненадејна промена
на правецот или сообраќајка.
Касета
Касетата има држач за пенкало,
држач за монети и адаптер за
завртките за заклучување на
тркалата.
Касетата исто така може да
содржи CD плеер и алатка за
отстранување на капакот на
осигурувачи со конектори за
напојување.
Својства на касетата: ● држач за пенкало
● држач за монети
● адаптер за навртките за заклучување на тркалата
● ЦД плеер
● алатката за отстранување на капакот на осигурувачите со
конекторите за напојување
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Page 82 of 555
80СкладирањеДржачи за чаши
Држачи за чаши се наоѓаат во
средишната конзола.
Држачите за чаши се наоѓаат под
капакот на централната конзола.
Лизнете го капакот наназад.
Зависно од моделот, држачите за
чаши се наоѓаат под еден капак во
средишната конзола. Лизнете го
капакот наназад.
Предна складишнапреграда
До воланот се наоѓа предна
складишна преграда.
Складирање во
потпирачот за рака
Складирање под предниот
потпирач за рака
Притиснете го копчето за да се
преклопи потпирачот за рака
нагоре. Потпирачот за рака треба
да биде во најзадната положба.
Page 83 of 555
Складирање81Товарен простор
Во зависност од опремата,
наклонот на задното седиште е
поделен на два или три дела. Сите делови можат да се преклопат
надолу.
Пред да ги склопите потпирачите
за грб на задните седишта,
направете го следното, доколку е
неопходно:
● Хечбек со 5 врати: отстранете го капакот на товарниот
простор 3 87.
● Sports Tourer: отстранете ги ролетните со валци 3 87.
● Притиснете ја и држете ја спојката за да ги притиснете
потпирачите за глава надолу
3 51.
● Отстранете ги задните потпирачи за глава за
потпирачите за грб целосно да
се потпрат врз седалата 3 51.Продолжување на товарниот
простор (дводелен заден
потпирач за грб), Хечбек со
5 врати
● Водете ги безбедносните ремени на надворешните
седишта преку страничните
потпирачи за да ги заштитите
од оштетување. Кога ги
преклопувате потпирачите за
грб, повлечете ги
безбедносните ремени заедно
со нив.
● Повлечете го лостот за
ослободување на едната или
двете надворешни страни и преклопете ги потпирачите за
грб надолу врз седалото.
● Извадете го безбедносниот ремен од водичот на
потпирачот за грб и ставете го
зад држачот, како што е
покажано на илустрацијата.
● За да се преклопат нагоре, кренете ги потпирачите за грби доведете ги во исправена
положба додека не се заглават
чујно.
Page 84 of 555
82Складирање
Потпирачите за грб се
правилно заглавени кога
црвената ознака близу до
рачката за ослободување веќе
не се гледа.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до телесни повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Безбедносниот ремен на
средишното седиште може да се
блокира кога потпирачот за грб се
преклопува премногу брзо. За да
се откочи механизмот за
вовлекување, турнете го
безбедносниот ремен навнатре или извлечете го околу 20 мм, па
отпуштете.
Продолжување на товарниот
простор (триделен заден
потпирач за грб), Хечбек со
5 врати
● Преклопете го задниот потпирач за рака нагоре.● Повлечете ја јамката ипреклопете го надолу на
потпирачот за грб на
средишното седиште.
● Повлечете го лостот за ослободување на едната илидвете надворешни страни ипреклопете ги потпирачите за
грб надолу врз седалото.
9 Предупредување
Внимавајте кога го
преклопувате наклонот на
десното надворешно седиште
ако потпирачот за грб на
Page 85 of 555
Складирање83централното седиште е веќе
склопен. Ризик од повреда
поради навртки кои излегуваат
од внатрешната страна на
потпирачот за грб.
● Водете ги безбедносните ремени на надворешните
седишта преку страничните
потпирачи за да ги заштитите
од оштетување. Кога ги
преклопувате потпирачите за
грб, повлечете ги
безбедносните ремени заедно
со нив.
● Извадете го безбедносниот ремен од водичот на
потпирачот за грб и ставете го
зад држачот, како што е
покажано на илустрацијата.
● За да се преклопат нагоре, кренете ги потпирачите за грб
и доведете ги во исправена
положба додека не се заглават
чујно.Потпирачите за грб се
правилно заглавени кога
црвените ознаки на двете
страни близу до рачката за
ослободување веќе не се
гледаат.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до телесни
повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Page 86 of 555
84Складирање
Безбедносниот ремен на
средишното седиште може да се
блокира кога потпирачот за грб се
преклопува премногу брзо. За да
се откочи механизмот за
вовлекување, турнете го
безбедносниот ремен навнатре
или извлечете го околу 20 мм, па
отпуштете.
Продолжување на товарниот
простор (дводелен заден
потпирач за грб), Sports Tourer
● Вметнете ги плочките на надворешните безбедносни
ремени во страничните држачи
за да ги заштитите ремените
од оштетување, видете ја
илустрацијата.
● Повлечете го лостот за ослободување на едната или
двете надворешни страни и
преклопете ги потпирачите за
грб надолу врз седалото.
● За да се преклопат нагоре, кренете ги потпирачите за грб
и доведете ги во исправена
положба додека не се заглават
чујно.
Page 87 of 555
Складирање85
Потпирачите за грб се
правилно заглавени кога
црвените ознаки на двете
страни близу до рачката за
ослободување веќе не се
гледаат.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до телесни
повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Безбедносниот ремен на
средишното седиште може да се
блокира кога потпирачот за грб се
преклопува премногу брзо. За да
се откочи механизмот за
вовлекување, турнете го
безбедносниот ремен навнатре или извлечете го околу 20 мм, па
отпуштете.
Продолжување на товарниот
простор (триделен заден
потпирач за грб), Sports Tourer
● Преклопете го задниот средишен потпирач за рака
нагоре.● Повлечете ја јамката и преклопете го надолу на
потпирачот за грб на
средишното седиште.
Page 88 of 555
86Складирање● Вметнете ги плочките нанадворешните безбедносни
ремени во страничните држачи за да ги заштитите ремените
од оштетување, видете ја
илустрацијата.
● Повлечете го лостот за ослободување на едната или
двете надворешни страни и
преклопете ги потпирачите за
грб надолу врз седалото.
9 Предупредување
Внимавајте кога го
преклопувате наклонот на
десното надворешно седиште
ако потпирачот за грб на
централното седиште е веќе
склопен. Ризик од повреда
поради навртки кои излегуваат
од внатрешната страна на
потпирачот за грб.
● Или пак, преклопете ги потпирачите за грб на
седиштата од товарниот
простор: повлечете го
прекинувачот на левиот или
десниот ѕид од товарниот
простор за да го преклопите
соодветниот дел од
потпирачот за грб на задното
седиште.9 Предупредување
Водете сметка при ракување со
задните потпирачи за грб од
товарниот простор. Потпирачот за грбот се преклопува со
значителна сила. Ризик од
повреда, особено за децата.
Осигурете се дека ништо не е закачено за задните седишта и
дека на седалото нема ништо.
● За да се преклопат нагоре, кренете ги потпирачите за грб
и доведете ги во исправена
положба додека не се заглават
чујно.
Page 89 of 555
Складирање87
Потпирачите за грб се
правилно заглавени кога
црвените ознаки на двете
страни близу до рачката за
ослободување веќе не се
гледаат.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до телесни
повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Безбедносниот ремен на
средишното седиште може да се
блокира кога потпирачот за грб се
преклопува премногу брзо. За да
се откочи механизмот за
вовлекување, турнете го
безбедносниот ремен навнатре или извлечете го околу 20 мм, па
отпуштете.
Задна преграда за
складирање
Складишна кутија
Во товарниот простор се наоѓа
складишна кутија. Извадете го
капакот за да пристапите до
складишната кутија. Капак на
задната преграда за складирање
под подот 3 89.
Капак на товарниот простор
Не ставајте предмети врз капакот.
Page 90 of 555
88СкладирањеХечбек со 5 вратиВадење
Откачете ги врвците за држење од
задната врата.
Кренете го капакот на задниот дел
и турнете го нагоре на предниот
дел.
Извадете го капакот.
Монтирање
Заглавете го капакот во
страничните шини и преклопете го
удолу. Закачете ги врвците за
држење за задната врата.
Sports Tourer
Затворање на ролетните со валци
Повлечете ги ролетните со валци
со помош на рачката наназад и
нагоре, додека не се прицврсти на
страничните држачи.
Отворање на ролетните со валци
Повлечете ја рачката на крајот на
ролетните со валци кон задниот
дел и надолу. Автоматски се
собира.