OPEL ASTRA K 2017 Прирачник за инфозабавата

Page 161 of 189

Радио161РадиоУпотреба................................... 161
Пребарување станици .............161
Списоци со миленици ..............162
Радио податочен систем
(RDS) ......................................... 163
Дигитална аудио дифузија ......164Употреба
Активирање на функцијата
радио
Притиснете го RADIO.
Одбирање на брановата
должина
Притискајте RADIO на контролната
табла за да менувате меѓу
различните бранови должини.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на
станици
Притиснете t или v зада се
пушти претходната или следната
станица.
Рачно пребарување на станици
Притиснете го и држете го t или
v . Отпуштете го копчето кога е
речиси достигната бараната
фреквенција.
Рачно штелување
Притиснете MENU за да се отвори
изборникот за бранови должини и потоа изберете Manual Tuning
(Рачно местење) .
Во зависност од избраната
бранова должина, се прикажува
список со сите фреквенции.
Изберете ја саканата фреквенција.
Списоци со станици
Завртете MENU за приказ на
список со сите станици што
моментално може да се примаат.
Лизгајте низ списокот и изберете ја
саканата станица.
Списоци со категории
Бројни станици RDS 3 163 и DAB
3 164 емитуваат шифра PTY
којашто го определува видот на

Page 162 of 189

162Радиоемитуваната програма (на пр.
вести). Некои станици ја менуваат
и шифрата PTY, зависно од
содржината што се емитува во
моментот.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
Забелешка
Ставката Categories (Категории)
од списокот е достапна само за
брановите должини FM и DAB.
Притиснете MENU за приказ на
односниот изборник за бранови
должини и изберете Categories
(Категории) .
Се прикажува список со видови
категории што се моментално
достапни.
Изберете ја саканата категорија.
Се прикажува листа на станиците
што емитуваат програма од
избраниот вид.
Одберете ја саканата станица.Ажурирање на списоците со
станици
Притиснете MENU за да се отвори
изборникот за бранови должини и изберете Update Station List
(Ажурирање на списокот станици) .
Се ажурира соодветниот список со
станици.
Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за некое фреквентно
подрачје, се ажурира и
соодветниот список на категории.
Списоци со миленици
Станици од сите бранови должини
може да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.Достапни се 24 поединечни
локации со омилени елементи,
прикажани како четири омилени
елементи по страница со омилени
елементи.
За да се прикаже списокот со
омилени елементи, изберете FAV.
Зачувување станица Наместете ја станицата која ќе се
зачува.
Изберете го и задржете го
соодветното екранско копче за
омилен елемент додека не
слушнете сигнал и името на
станицата не се прикаже на
соодветното екранско копче за
омилен елемент.
Станицата се зачувува како
омилена.
Повикување на станица
Ако е неопходно, повеќекратно
притиснете FAV за да лизгате до
односната страница со омилени
елементи.

Page 163 of 189

Радио163Изберете го екранското копче на
саканиот омилен елемент. Се
пушта соодветната радио станица.
Забелешка
Се истакнува активниот омилен
елемент.
Дефинирање на бројот на
прикажани омилени елементи
Притиснете MENU, лизгајте низ
списокот и изберете Set Number of
Favourite Pages (Поставете број на
омилени страници) .
Одберете ја саканата опција.
Забелешка
Ако бројот на зачувани омилени елементи го надмине бројот на
омилени елементи активирани во
изборникот со поставки,
дополнително зачуваните
омилени елементи не се бришат,
туку само се скриени за преглед.
Тие може повторно да се
активираат со зголемување на
бројот на омилени елементи што
може да се прегледуваат.Радио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM-станиците која
значително го подобрува
наоѓањето на саканата станица и
приемот за неа без грешка.
Предности на RDS ● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барањето станици Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобар
прием на наместената станица
со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што
може да содржи, на пример,информации за актуелната
програма.Поставки за RDS
За конфигурација на опциите за
поставките за RDS, активирајте ја
функцијата радио и потоа изберете
ја FM брановата должина.
Притиснете MENU за да се
прикаже изборникот за FM бранова
должина.
RDS
Поставете го RDS на On (Вкл.) или
Off (Искл.) .
Забелешка
Ако RDS е поставено на Off
(Искл.) , функциите RDS не се
достапни.
Сообраќајна програма
Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести. Ако е
вклучена сообраќајната услуга,
моментално активната функција се
прекинува додека трае
сообраќајното соопштение.
Активирајте ја или деактивирајте ја Програмата за сообраќај (ТР) .

Page 164 of 189

164РадиоАко е активирана радио
сообраќајната услуга, во горниот ред на сите главни изборници е
прикажано [TP]. Ако моменталната
станица или медиум што се
репродуцира не е станица со радио
сообраќајна услуга, се прикажува
[ ] и автоматски почнува да се бара
следната станица со радио
сообраќајна услуга. Штом ќе се
најде станица со радио
сообраќајна услуга, [TP] се
нагласува. Ако не се најде радио сообраќајна услуга, [ ] останува на
екранот.
Ако се емитува соопштение за
сообраќајот на односната станица
со радио сообраќајна услуга, се
прикажува порака.
За да го прекинете соопштението и
да се вратите на претходно
активираната функцијата,
откажете го алармот.
Регион
Понекогаш станиците со RDS
емитуваат регионално различни
програми на различни
фреквенции.Наместете го Region (Регион) на
On (Вкл.) или Off (Искл.) .
Ако е вклучена регионализацијата, се избираат алтернативни
фреквенции со истите регионални
програми кога е потребно.
Ако регионализацијата е
исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
Дигитална аудио дифузија DAB дигитално емитува
радиостаници.
Предности на DAB ● Станици со DAB се означуваат со името на програмата
наместо фреквенцијата на
емитувањето.
● Со DAB може да се емитуваат повеќе програми (сервиси) на
една фреквенција (ансамбл).
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани сопрограмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
станица за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне
емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу
слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може
да се избегне со активирање
на DAB to DAB Linking
(Поврзување DAB со DAB) и/
или Поврзување DAB со FM во
изборникот за поставки на DAB
(видете подолу).

Page 165 of 189

Радио165● Пречење предизвикано одстаниците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DAB
се подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
приемникот на инфозабавниот
систем останува активен во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено TP
3 163, се емитуваат
сообраќајните соопштенија на
FM-станицата со најдобар
прием. Исклучете го TP ако не
сакате приемот DAB да се
прекинува со сообраќајни
соопштенија FM.Поставки за DAB
За конфигурација на опциите за
поставките за DAB, активирајте ја
функцијата радио и потоа изберете
ја DAB брановата должина.
Притиснете MENU за да се
прикаже изборникот за DАB
бранова должина.
Соопштенија DAB
Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории. Ако активирате некои или сите
категории, сервисот DAB што се прима моментално се прекинувакога има соопштение од таков вид.
Изберете DAB Announcements
(Соопштенија DAB) за приказ на
списокот со категории на DAB.
Изберете ги саканите категории.
Избраните категории се означени
со 9.
Забелешка
DAB соопштенијата може да се
примат ако е активирана
брановата должина DAB.Поврзување DAB co DAB
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (ако е достапна) кога
сигналот DAB е премногу слаб за
да го прими приемникот.
Наместете го DAB to DAB Linking
(Поврзување DAB со DAB) на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
Поврзување DAB co FM
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветната станица FM на
активниот сервис DAB (ако има)
кога сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Наместете го DAB to FM Linking
(Поврзување DAB со FM) на On
(Вкл.) или Off (Искл.) .
L-опсег
Ако се активира L-oпсег,
инфозабавниот систем прима
дополнителен опсег на
фреквенции (1452 - 1492 MHz).
Наместете го L-Band на On (Вкл.)
или Off (Искл.) .

Page 166 of 189

166РадиоИнтелитекст
Функцијата Intellitext (Интелитекст)
овозможува прием на
дополнителни информации како соопштенија, финансиски
информации, спорт, вести и сл.
Изберете една од категориите и
изберете одредена ставка од
списокот за да се прикажат
детални информации.

Page 167 of 189

Надворешни уреди167Надворешни
уредиОпшти информации .................167
Репродукција на звук ...............168Општи информации
Приклучок за USB за поврзување
дополнителни надворешни уреди
се наоѓа во средишната конзола
зад сопирачката за паркирање или
под потпирачот за рака.
Два приклучоци за USB само за
полнење уреди се наоѓаат на
задниот дел од средишната
конзола.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
USB приклучок
MP3-плеер, уред USB или паметен
телефон може да се приклучат во
USB приклучокот.
Кога се поврзани со приклучокот
USB, со уредите споменати погоре
може да се ракува преку
контролите и изборниците на
инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите помошни уреди.Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки од
USB уреди за складирање.
Поврзување/откачување уред
Поврзете го USB-уредот со USB
приклучокот.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB што не може да се прочита, се појавува
соодветна порака за грешка и
Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB, изберете друга
функција, а потоа извадете го
уредот USB.Внимание
Не откачувајте го уредот за
време на репродукција. Така
може да се оштети уредот или
Инфозабавниот систем.

Page 168 of 189

168Надворешни уредиПоставување на уред МТP
За уреди поврзани преку МТP, во
изборникот за поставки може да се постават дополнителни поставки.
Во активен аудиоизвор,
притиснете MENU, лизгајте низ
списокот и изберете Settings
(Поставки) . Изберете Phone
Connection (MTP Only)
(Поврзување телефон (Само
MTP)) .
Ако сакате уредот само да се полни
преку приклучокот за USB,
вклучете Charge Only (Само
полнење) . Ако се префрлите на
аудиоизвор USB додека оваа
поставка е активна, се прикажува
порака за полнење.
Ако сакате да репродуцирате
музички датотеки зачувани на
уредот, вклучете Scan Music Folder
Only (Скенирај ги само музичките
папки) или Scan All Folder ( Скенирај
ги сите папки) .
Bluetooth Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, МП3-плеери соBluetooth итн.) што ги поддржуваат
профилите за музика A2DP и
AVRCP за Bluetooth може да се
поврзат безжично со
Инфозабавниот систем.
Инфозабавниот систем може да
репродуцира музички датотеки од
уреди со Bluetooth.
Поврзување/откачување уред
За детален опис на поврзувањето
Bluetooth 3 172.
Список на Bluetooth уреди
За да пристапите до списокот на
уреди со Bluetooth, вклучете го
аудиоизворот за Bluetooth,
притиснете MENU, па изберете
Manage Bluetooth Devices
(Уредување уреди Bluetooth) .
За детален опис на списокот на уреди со Bluetooth 3 172.
Формати на фајлови Поддржани се само уредите што се
форматирани во датотечни
системи FAT32, NTFS и HFS+.Забелешка
Некои фајлови може да не се
репродуцираат правилно.
Причината може да биде
различен формат на снимање или состојбата на фајлот.
Фајлови од продавниците на
интернет за коишто важо
управување со дигиталните права
(DRM) не можат да се
репродуцираат.
Формати на аудио датотеки што
можат да се репродуцираат се
MP3, WMA, AAC и AIF.
Кога се репродуцира фајл со
ознаки ID3, Инфозабавниот систем
може да прикаже информации за,
на пр., насловот на песната и
изведувачот.
Репродукција на звук
Почнување репродукција
Поврзете го уредот 3 167.
Притискајте MEDIA за да го
активирате саканиот
мултимедијален извор.
Пример: извор USB.

Page 169 of 189

Надворешни уреди169
Функциски копчињаМенување на претходна или
следна датотека
Притиснете t или v за да се
пушти претходната или следната
песна.
Ако се притисне t во првите пет
секунди од пуштањето на песната,
системот прескокнува на почетокот од тековната песна.
Брзо напред или назад
Притиснете ги и задржете ги t
или v за премотување назад или
напред.
Редослед на репродуцирање
Притиснете MENU на соодветниот
аудиоизвор и лизгајте низ списокот до Shuffle Songs (Мешање на
песните) .
За репродуцирање на песните од
уредот по случаен избор,
поставете го Shuffle Songs
(Мешање на песните) на On (Вкл.) .
За репродуцирање на песните по нормален редослед, поставете го
Shuffle Songs (Мешање на
песните) на Off (Искл.) .
Барање песна Во зависност од уредот, може да
барате песни во категориите и
поткатегориите или структура на
папките.
Забелешка
За да биде достапна оваа
функција, процесот на
индексирање мора да биде
завршен.
Категории
За да барате песна, притиснете MENU во соодветниот ауиоизвор,
па изберете Browse
(Разгледување) .
Движете се низ структурата на
папката и изберете ја саканата
песна.Папки
За да најдете песна, притиснете
MENU , па изберете Folder View
(Преглед на папки) . Се прикажува
структурата на папката на
односниот уред.
Движете се низ структурата на
папката и изберете ја саканата
песна.

Page 170 of 189

170Препознавање говорПрепознавање
говорОпшти информации .................170
Користење ................................ 170Општи информации
Апликацијата за пренесување на
гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон. Видете во корисничкото
упатство на производителот на
смартфонот за да видите дали
смартфонот ја поддржува оваа
функција.
За да ја користите апликацијата за
пренесување на гласот, паметниот телефон мора да биде поврзан со
Инфозабавниот систем преку
кабел за USB 3 167 или преку
Bluetooth 3 172.
Користење Активирање на контролата на
гласот
Притиснете и задржете PHONE на
контролната табла или 7w на
екранот за да започнете сесија за
препознавање говор. На екранот
се прикажува порака за говорна
команда.Штом го слушнете сигналот може да ја изговорите наредбата.
Информации за поддржаните
наредби побарајте во упатството
за ракување со вашиот паметен
телефон.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете го m на контролната табла
или притиснете + / - од десната
страна на воланот за да ја
зголемите или намалите гласноста на говорните потсетници.
Деактивирање на функцијата за препознавање говор
Притиснете xn на воланот.
Исчезнува пораката за говорна
команда и сесијата за
препознавање говор е завршена.

Page:   < prev 1-10 ... 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 next >