OPEL ASTRA K 2018.75 Сопственички прирачник
Page 91 of 365
Складирање89Капак на задниот подХечбек со 5 врати
Капакот на задниот под може да се
отстрани. Подигнете го капакот на
задниот дел и малку свртете на
едната страна пред да го
отстраните.
Sports Tourer
Повлечете ја рачката и преклопете го задниот дел од капакот
нанапред.
Поставете го преклопениот капак
исправено зад потпирачите за грб
на задните седишта.
Алки за врзување Алките за врзување се предвидениза обезбедување на предметите од
лизгање, на пр. користење каиши
за врзување или мрежа за багаж.
Хечбек со 5 врати
Прво извадете го капакот на
задната преграда за складирање
под подот за да добиете пристап до
алките за врзување.
Page 92 of 365
90СкладирањеКај возилата опремени со резервнотркало, предните алки за врзување
се наоѓаат на страните.
Кај возилата опремени со комплет
за поправање гуми, предните алки
за врзување се наоѓаат под
задниот капак на подот зад задните
седишта. За да се добие пристап
до алките за врзување, отворете ги
перфорираните делови на капакот
со помош на шрафцигер. Прирачен алат 3 294.
Ставете шрафцигер низ капакот
како што е прикажано на сликата и
преклопете го перфорираниот дел
од капакот.
Преклопете ги алките за врзување
со помош на шрафцигер.
Sports Tourer
Предните и задните алки за
врзување се наоѓаат на
страничните ѕидови. Свиткајте ги
алките за врзување нагоре за да ги користите и свиткајте ги надолу,
ако не ви се потребни.
Систем за ракување со товарот
Системот FlexOrganizer е
флексибилен систем за делење на
товарниот простор.
Системот се состои од:
● адаптери
● мрежести џебови
● куки
● сервисна кутија
● комплет со каиши
Компонентите се наместени во
шини од двете странични облоги со употребата на адаптери и куки.
Монтирање на адаптери во
шините
Отворете ја плочката на рачката со
преклопување, вметнете го
адаптерот во горниот и долниот
Page 93 of 365
Складирање91жлеб на шината и поместете го во
саканата положба. Свртете ја
плочката на рачката угоре за да се
закочи адаптерот. За да се извади,
свртете ја плочката на рачката
надолу и извадете го од шината.
Променлива мрежа за
преградување
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Спојте ги половините на шипките
на мрежата.
За инсталирање, притиснете ги
малку шипките заедно и вметнете
ги во соодветните отвори во
адаптерите.
За вадење притиснете ги заедно
шипките и извадете ги од
адаптерите.
Мрежест џеб
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Мрежестиот џеб може да се обеси
на адаптерите.
Монтирање на куките во
шините
Вметнете ја куката во саканата
положба првин во горниот жлеб на
шината, и потоа притиснете ја во
долниот жлеб. За да се извади,
првин извлечете ја од горниот
жлеб.
Page 94 of 365
92СкладирањеСервисна кутија
Инсталирајте две куки во горната
шина. Вметнете ги горните рамки
на кутијата одозгора во куките.
Како алтернатива можност,
инсталирајте ги двете куки во
долната шина. Приклучете ги
долните рамки на кутијата
одозгора во долните куки.
Комплет со каишеви
Вметнете ги адаптерите во
комплетот со каишеви во некоја
шина. Уверете се дека ременот не
е извртен.
Комплетот со каишеви има две
брави за отворање.
Ременот може да се затегне.
Безбедносна мрежа
Верзијата Sports Tourer е достапна
со безбедносна мрежа што може да се монтира зад задните седишта
или, ако потпирачите на задните
седишта се преклопени, зад
предните седишта.
Не смее да се превозуваат патници зад безбедносната мрежа.
Монтирање
Зад задните седиште
● Има отвори за местење на двете страни на рамката на
покривот над задните седишта:
држете ја и заглавете ја
Page 95 of 365
Складирање93прачката на мрежата од една
страна, склопете ја прачката и
држете ја и заглавете ја од
другата страна.
● Прикачете ги куките на безбедносната мрежа на
јамките под подлогата на
задниот дел од подот зад
задните седишта. За да
пристапите до јамките,
отворете ги перфорираните
делови во подлогата на подот
од двете страни, со помош на
шрафцигер, и преклопете ги
јамките. Прикачете ги куките на јамките.
● Затегнете ги двата каиша влечејќи ги за слободниот крај.
● Потпирачите на задните седишта мора да бидат
подигнати.
Зад предните седишта
● Има отвори за местење на двете страни на рамката на
покривот над предните
седишта: држете ја и заглавете ја прачката на мрежата од една страна, склопете ја прачката и
држете ја и заглавете ја од
другата страна.
● Прикачете ги куките на безбедносната мрежа на
јамките на подот на предниот
дел од задните седишта. За да
пристапите до јамките, турнете ги перфорираните делови на
подлогата на подот од двете
страни. Прикачете ги куките на
јамките.
● Затегнете ги двата каиша влечејќи ги за слободниот крај.
● Турнете ги надолу потпирачите за глава и
преклопете ги потпирачите за
грб на задните седишта надолу
3 80.
Page 96 of 365
94СкладирањеВадење
Повлечете го капакот кај
прицврстувачот од двете страни за
да ги отпуштите лентите. Откачете ги куките од алките.
Откачете ги шипките на
безбедносната мрежа од држачите во рамката на покривот.
Замоткајте ја мрежата и
прицврстете ја со ремен.
Складирање Сите верзии на мотори, освен
CNG: отстранетата безбедносна
мрежа може да се складира под
капакот на задниот под 3 88.
Предупредувачки
триаголник
Хечбек со 5 врати
Ставете го предупредувачкиот
триаголник во вдлабнатината во
предниот дел на задната врата.
Хечбек со 5 врати со CNG
Ставете го предупредувачкиот
триаголник во вдлабнатината под
капакот на задниот под.
Page 97 of 365
Складирање95Sports Tourer
Ставете го предупредувачкиот
триаголник во вдлабнатината под
подлогата на задниот дел од подот на десната или левата страна.
Прибор за прва помош Ставете го приборот за прва
помош во преградата во ѕидот од
левата страна.
На илустрацијата е прикажан
Хечбек со 5 врати.
За отворање на преградата,
ослободете го капакот и отворете.
На илустрацијата е прикажан
Sports Tourer.
Завртете го копчето за да го
отворите капакот.
Page 98 of 365
96СкладирањеСистем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив Поради безбедносни причини и да
се избегне оштетувањето на
покривот, се препорачуваат
системи на багажници одобрени за возилото. За повеќе информации
контактирајте со автомеханичар.
Монтирање на багажник за на
покрив
Возило со 5 врати, Sports Tourer
Отворете ги сите врати.
Точките за монтирање се наоѓаат
во рамката од секоја врата на
каросеријата на возилото.
Прицврстете го багажникот за
покрив во согласност со
инструкциите за инсталација
испорачани со багажникот за
покрив.
Извадете го багажникот за на
покрив кога не се користи.9 Предупредување
Sports Tourer
Шините на покривот се стилски
елемент и не се наменети за
носење товар. Не е дозволено
монтирање багажник на
покривот или други додатоци. Користете ги само наменските
точки за монтирање што се
наоѓаат на рамките од вратата.
Информации за
товарење
● Тешките предмети во товарниот простор треба да се
наместат до потпирачите за
грб. Проверете дали
потпирачите за грб се цврсто
заглавени, т.е. дали повеќе не
се покажуваат црвените ознаки
на страната близу до лостот за ослободување. Ако
предметите можат да се стават
еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават
долу.
Page 99 of 365
Складирање97● Прицврстувајте предмети соеластичните каишеви закачениза алките за врзување 3 89.
● Прицврстувајте слободни предмети во товарниот
простор за да се спречи
нивното лизгање.
● Кога се превозуваат предмети во товарниот простор,
потпирачите за грб од задниот
ред на седиштата не смеат да
бидат навалени напред.
● Не дозволувајте товарот да штрчи над горниот раб на
потпирачите за грб.
● Sports Tourer: монтирајте ја безбедносната мрежа при
превоз на предмети во
товарниот простор.
● Не ставајте предмети врз капакот на товарниот простор
или врз таблата со
инструменти, и не го
покривајте сензорот на врвот
од таблата со инструменти.
● Товарот не смее да пречи при ракување со педалите,
рачната сопирачка и рачкатана менувачот, или да го спречи
слободното движење на
возачот. Не ставајте
неприцврстени предмети во
внатрешноста.
● Не возете со отворен товарен простор.9Предупредување
Секогаш уверувајте се дека
товарот во возилото е безбедно
складиран. Инаку предметите
може да се фрлат наоколу
внатре во возилото
предизвикувајќи лична повреда
или оштетување на товарот или на автомобилот.
● Дозволената оптовареност е разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската табличка 3 325) и
максималната тежина според ЕС.
За да ја пресметате
дозволената оптовареност, внесете ги податоците за
вашето возило во табелата за
тежини на почетокот на
прирачникот.
Максималната тежина според
ЕЗ ги вклучува тежините на
возачот (68 кг), багажот (7 кг) и
сите течности (со 90 % полн
резервоар за гориво).
Опционалните опреми и
апарати ја зголемуваат својата
тежина.
● Возењето со товар на покривот
ја зголемува чувствителностана возилото на странични
ветрови и има неповолно
влијание врз управувањето на
возилото поради
повишувањето на тежиштето
на возилото. Распределете го
товарот рамномерно и
прицврстете го правилно со
каишеви за држење. Дотерајте
ги притисокот во гумите и
брзината на возилото според
условите на оптовареноста. Често проверувајте ги и
повторно затегнувајте ги
каишевите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.
Page 100 of 365
98СкладирањеДозволената оптовареност на
покривот е 75 кг.
Оптовареноста на покривот е
комбинираната тежина на
багажникот за на покрив и на
товарот.