radio OPEL CASCADA 2015 Прирачник за инфозабавата

Page 104 of 153

104Вовед
Начини на работењето
Радио
Притиснете го копчето RADIO за да
се отвори главниот изборник на
радиото или за да се префрлува
помеѓу различните бранови
должини.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да се отвори некој
подизборник со опции за одбирање станици.
Детален опис на функциите на радиото 3 113.
Аудио плеери
Притиснете го копчето CD или
AUX за отворање на изборниците
CD, USB, iPod или AUX или за
менување меѓу нив.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да се отвори
подизборник со опции за одбирање
записи.Детален опис на:
■ Функции на ЦД плеерот 3 125
■ Функции на влезот AUX 3 128
■ Функции на приклучокот за USB 3 129
Телефон
Притиснете го копчето PHONE за
да се отвори изборникот на
телефонот.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да се отвори некој
подизборник со опции за
внесување или одбирање броеви.
Детален опис на функциите на
порталот за мобилен телефон 3 137.
Основни функции
Копче за повеќе функции
Копчето за повеќе функции е
централниот контролен елемент за изборниците.Свртете го копчето за повеќе
функции:
■ CD 400 / CD 400plus: за обележување опција во
изборникот
■ CD 300: за прикажување изборна
опција
■ за местење на нумеричка вредност.
Притиснете го копчето за повеќе
функции:
■ CD 400 / CD 400plus: за да ја одберете или активирате
обележаната опција
■ CD 300: за одбирање или активирање на прикажаната
опција
■ за потврдување на некоја наместена вредност
■ за вклучување/исклучување на некоја системска функција.

Page 110 of 153

110Вовед
Местење на распределбатана гласноста помеѓу десната и
левата страна
Изберете го Balance: (баланс:) .
Наместете ја саканата вредност.
Местење на поединечни
поставки на "0"
Одберете ја саканата опција и
притискајте го копчето за повеќе
функции неколку секунди.
Местење на сите поставки на
"0" или "Off" (исклучување)
Притискајте го и држете го така
копчето TONE неколку секунди.
Оптимизирање на тонот за
стилот на музиката
Одберете EQ: (Еквилајзер).
Прикажаните опции пружаат
оптимизирани претходни поставки
на басовите, средните тонови и
високите тонови за соодветниот стил на музиката.
Одберете ја саканата опција.
Поставки на гласноста
Maximum startup volume
(максимална гласност при
вклучување)
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот на
системските поставки.
CD 400 / CD 400plus: изберете
Radio settings (поставки на
радиото) , а потоа Maximum startup
volume (максимална гласност при
вклучување) .

Page 111 of 153

Вовед111
CD 300: изберете Audio settings
(поставки на звукот) , а потоа Start
up volume (гласност при
вклучување) .
Наместете ја саканата вредност.
Speed compensated volume
(гласност со надоместување според брзината на возилото)
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот на
системските поставки.
CD 400 / CD 400plus: изберете
Radio settings (поставки на
радиото) , а потоа Auto volume
control (автоматска контрола на
гласноста) .
CD 300: изберете Audio settings
(поставки на звукот) , а потоа Auto
volume control (автоматска
контрола на гласноста) .
Гласноста коригирана според
брзината може да се деактивира
или степенот на
приспособувањето на гласноста
може да се одбере во прикажаниот
изборник.
Одберете ја саканата опција.
Гласност на сообраќајните
соопштенија (TA)
Гласноста на сообраќајните
соопштенија може да се зголеми
или намали пропорционално на
нормалната гласност на звукот.
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот на
системските поставки.
CD 400 / CD 400plus: изберете
Radio settings (поставки на
радиото) , RDS options
(„RDS“ опции) и TA volume
(гласност на сообраќајните
соопштенија) .
CD 300: изберете Audio settings
(поставки на звукот) , RDS options
(„RDS“ опции) и TA volume
(гласност на сообраќајните
соопштенија) .

Page 113 of 153

Радио113РадиоУпотреба................................... 113
Пребарување станици .............113
Списоци за автоматско зачувување ............................... 114
Списоци со миленици ..............115
Изборници за бранови
должини .................................... 116
Радио податочен систем
(RDS) ......................................... 119
Дигитална аудио дифузија ......121Употреба
Активирање на радиото
Притиснете го копчето RADIO за да
се отвори главниот изборник на
радиото.
Последно пуштената станица ќе се
прима.
Одбирање на брановата
должина Притиснете го копчето RADIO
еднаш или повеќе пати за да се
избере саканата бранова должина.
Последно пуштената станица во
таа бранова должина ќе се прима.
Пребарување станици Автоматско пребарување на
станици
Накратко притиснете го копчето
s или u за да се пушти
следната станица во меморијата за станици.Рачно пребарување на
станици Притискајте го копчето s или
u неколку секунди за барање на
следната станица со прием на
моменталното фреквентно
подрачје.
Кога ќе се стигне до бараната
фреквенција станицата се пушта
автоматски.
Забелешка
Рачно пребарување на станици:
Ако радиото не наоѓа станици,
истото автоматски се префрлува на ниво за почувствително
пребарување. Ако се уште не
наоѓа станици, фреквенцијата
која последно беше активна се
мести повторно.
Забелешка
Бранова должина FM: Кога
функцијата за RDS е активирана,
се бараат само RDS станици
3 119 , а кога радио сообраќајната
услуга (TP) е активирана, се
бараат само станици со
сообраќајна услуга 3 119.

Page 116 of 153

116Радио
Одредување на бројот на
достапните списоци со миленици
Притиснете го копчето CONFIG.
Одберете го Radio settings
(поставки на радиото) а потоа
Radio favourites (миленици во радиото) .
Одберете го саканиот број на
достапните списоци со миленици.
Изборници за бранови
должини
Достапни се алтернативни
можности за избирање станици
преку изборниците специфични за
брановите должини.
При активен главен изборник на
радиото, притиснете го копчето за
повеќе функции за да го отворите
соодветниот изборник за бранови
должини.
Забелешка
Следните екрани специфични за
FM се прикажани како примери.Favourites list (список на
миленици) Изберете го Favourites list (список
на миленици) . Сите станици
зачувани во листата на омиленици
се прикажуваат.
Изберете ја саканата станица.
Забелешка
Моментално приманата станица се обележува со i.

Page 119 of 153

Радио119
Активирајте саканата категорија на
соопштенија.
Може да се изберат повеќе
категории на соопштенија
истовремено.
Забелешка
DAB соопштенијата може да се
примат ако е активирана
брановата должина DAB.
Радио податочен систем
(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која
значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS
■ На екранот името на програмата на наместената станица се
појавува наместо нејзината
фреквенција.
■ При автоматско пребарување Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
■ Инфозабавниот систем секогаш ја мести фреквенцијата на
емитувањето со најдобар прием
на наместената станица со
помош на AF (алтернативна
фреквенција).
■ Зависно од станицата што се прима, Инфозабавниот систем
прикажува радио текст што може да содржи, на пр., информации
за моменталната програма.
Конфигурирање на RDS
За отворање на изборникот за
конфигурирање на RDS:
Притиснете го копчето CONFIG.
CD 400 / CD 400plus: изберете
Radio settings (поставки на
радиото) , а потоа RDS options
(„RDS“ опции) .
CD 300: Одберете го Audio settings
(поставки на звукот) а потоа RDS
options („RDS“ опции) .

Page 120 of 153

120Радио
TA volume (гласност на
сообраќајните соопштенија)
Гласноста на сообраќајните
соопштенија (TA) може да се
намести однапред 3 110.
Вклучување и исклучување на RDS
Наместете ја опцијата RDS на On
(вклучување) или Off
(исклучување) .
Забелешка
Ако RDS е исклучено, автоматски
ќе се вклучи повторно кога ќе се
смени радио станица (со
функцијата за барање или со
копче за станица од меморијата).
Traffic announcement (TA)
(сообраќајни соопштенија (TA))
За трајно вклучување или
исклучување на функцијата TA:
Наместете ја опцијата Traffic
announcement (TA) (сообраќајни
соопштенија (TA)) на On
(вклучување) или Off
(исклучување) .
Вклучување и исклучување на
регионализацијата
(RDS треба да биде активирано за
регионализацијата)
Во извесни времиња некои RDS
станици емитуваат регионално
различни програми на различни
фреквенции.
Наместете ја опцијата Regional
(REG) (регионални (REG)) на On
(вклучување) или Off
(исклучување) .
Ако е вклучена регионализацијата,
се избираат само алтернативните
фреквенции (AF) на истите
регионални програми.Ако регионализацијата е
исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
RDS текст со скролирање
Некои станици со RDS го бришат
името на програмата во линијата
на екранот за да се прикажат
дополнителни информации.
За да се избегне појавувањето на дополнителни информации:
Наместете го RDS- Text scroll freeze
(запирање на скролирањето на текстот) на On (вклучување) .
Radio text: (радио текст:) Ако е активирано RDS и прием на
RDS станици, информациите за
програмата што може да се прими
и за музичката нумера што се
репродуцира се прикажуваат под
името на програмата.
За покажување или криење на
информацијата:

Page 121 of 153

Радио121
Наместете ја опцијата Radio text:
(радио текст:) на On (вклучување)
или Off (исклучување) .
Радио сообраќајна услуга
(TP = Traffic Programme
(сообраќајна програма))
Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести.
Вклучување и исклучување на
радио сообраќајната услуга
За вклучување и исклучување на функцијата за готовност на
сообраќајните соопштенија на
Инфозабавниот систем:
Притиснете го копчето TP.
■ Ако радио сообраќајната услуга е
вклучена, се прикажува [ ] во
главниот изборник на радиото.
■ Се примаат само станици со радио сообраќајна услуга.
■ Ако актуелната станица не е станица со радио сообраќајна
услуга, автоматски почнувапребарување на следната
станица со радио сообраќајна
услуга.
■ Штом ќе се пронајде станица со радио сообраќајна услуга, [TP] се
прикажува во главниот изборник
на радиото.
■ Сообраќајните соопштенија се пуштаат со претходно
поставената гласност за TA
3 110.
■ Ако е вклучена радио сообраќајната услуга,
репродукцијата на ЦД/МР3 се
прекинува за времетраењето на
сообраќајното соопштение.
Слушање само сообраќајни
соопштенија
Вклучете ја радио сообраќајната
услуга и намалете ја гласноста на
Инфозабавниот систем докрај.
Блокирање на сообраќајните
соопштенија
За да блокирате сообраќајното
соопштение, на пр. за време на
репродукција на ЦД/МР3:Притиснете го копчето TP или
повеќенаменското копче за да ја потврдите пораката за откажување на екранот.
Сообраќајното соопштение се
прекинува, но радио сообраќајната
услуга останува вклучена.
EON (Enhanced Other Networks
(зголемени други мрежи))
Со EON можете да слушате радио
сообраќајни соопштенија дури ако
станицата којашто сте ја наместиле не ја емитува својата радио
сообраќајна услуга. Ако е
наместена таква станица, таа се
прикажува со црна боја како што за
станици со радио сообраќајна
услуга TP.
Дигитална аудио
дифузија Дигиталната аудио дифузија ( DAB)
е иновативен и универзален
систем за дифузија.
Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.

Page 123 of 153

Радио123
Конфигурирање на DAB
Притиснете го копчето CONFIG.
Одберете го Radio settings
(поставки на радиото) а потоа DAB
settings (DAB поставки) .
Следните опции се достапни во
изборникот за конфигурација:
■ Auto ensemble linking ( автоматско
поврзување на ансамбли) : кога е
активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истата
услуга (програма) на друга DAB
целина (фреквенција, ако е
достапна) кога DAB сигналот е
премногу слаб за дешифрирање
со приемникот.
■ Auto linking DAB-FM (автоматско
поврзување на DAB-FM) : кога е
активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветна FM станица на
активната DAB услуга (ако е
достапна) кога DAB сигналот е
премногу слаб за дешифрирање
со приемникот.
■ Dynamic audio adaption
(динамична аудио адаптација) :
кога е активирана оваа функција,
динамичниот опсег на DAB
сигналот се намалува. Тоа значи
дека нивото на гласните звуци се
намалува, а не нивото на тивките звуци. Затоа гласноста на
Инфозабавниот систем може да
се крене до точка каде што
тивките звуци се чујни, без да
бидат премногу гласни гласните
звуци.
■ Frequency band (бранова
должина) : по одбирањето на
оваа опција може да се одредикои DAB бранови должини ќе се
примаат со Инфозабавниот
систем.

Page:   < prev 1-10 11-20