OPEL CASCADA 2016.5 Сопственички прирачник
Page 221 of 299
Нега на возилото219концентрат од течност за ладење,
користете чиста вода од чешмата.
Ставете го капакот цврсто. Нека Ви
ја провери концентрацијата на
течноста за ладење и нека Ви ја
отстрани причината на губење на
течноста за ладење
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Page 222 of 299
220Нега на возилотоТечност за сопирачките и за
куплунгот 3 265.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 142.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате
акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Page 223 of 299
Нега на возилото221Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 158.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Во спротивно,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 256.
Етикета за предупредување
Значење на симболите:
● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
5 секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.
Page 224 of 299
222Нега на возилотоЗамена на четкичките набришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.Халогенски предни
фарови
Бихалогенски преден фар (1) со
една ламба за средно и долго
светло.
Странично светло за дневно
возење (2) .
Page 225 of 299
Нега на возилото223Средно/долго светло (1)
1.Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
2. Завртете го држачот на сијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете го држачот на сијалицата од кабел штекерот
со притиснување на држалката.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување надвете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странично светло/Светло за дневно возење (2)
1. Завртете ја фасонката на ламбата (2) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од фарот.
Page 226 of 299
224Нега на возилото
2. Извадете ја ламбата одфасонката влечејќи ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
Приспособливо предно светло
9 Опасност
Системот за приспособливо
предно осветлување користи
ксенонски предни фарови.
Ксенонските предни фарови
работат под крајно висок
електричен напон. Не допирајте го. Сијалиците нека Ви ги
заменува автомеханичар.
Ламбите за предните трепкачи и осветлувањето на кривини
може да се менуваат.
Страничните светла за дневно возење се констриурани како
светлечки диоди (LED) и не можат
да се заменат.
Осветлување за вртење под
кривина
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
Page 227 of 299
Нега на возилото225
3. Откачете ја ламбата од кабелштекерот со влечење.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот и вртете ги десно за да се
затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Фарови за магла
До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.
1. Свртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
2. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
Page 228 of 299
226Нега на возилотоПредни трепкачи
1.Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
2. Илустрацијата покажува верзија со халогени предни
светла.
Илустрацијата покажува
верзија со приспособливо
средно предно светло.
Свртете ја фасонката налево за
да ја одглавите и извлечете од
фарот.
3. Извадете ја ламбата од фасонката вртејќи ја налево.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката вртејќи
надесно.
5. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Page 229 of 299
Нега на возилото227Задни светла
1. Отворете ја и отстранете јапрекривката од внатрешната
страна на задната врата така
што штрафот ќе го олабавите
со метална паричка.
2. Светлата за кочници, задните светла и светлата за магла се
проектирани како ЛЕД диоди
( Light Emitted Diodes /LEDs) и не
може да се заменат.
Отстранете ја фасонката така
што ќе ја вртите спротивно од
правецот на стрелките на
часовникот.
Светла за трепкачи ( 1)
Светла за рикверц ( 2)3. Извадете ја и заменете ја
сијалицата.
4. Ставете ја фасонката во комплетот за задни светла и
вртете спротивно од правецот
на стрелките на часовникот.
Page 230 of 299
228Нега на возилото
5. Вратете го капакот така штопрво ќе ги наместите
затварачите. Заклучете го
капакот со вртење на анвртката
во правецот на стрелките на
часовникот со метална
паричка.
Дополнителни светла во
рамката на задната врата
1. Отворете го капакот на багажникот.2. Ослободете го капакот востраничната украсна облога и
извадете го.
3. Отстранете ја фасонката така што ќе ја вртите спротивно од
правецот на стрелките на
часовникот.
Светла за трепкачи ( 1)
Задни светла ( 2)
4. Извадете ја и заменете ја
сијалицата.
5. Наместете ја фасонката во лежиштето и вртете во правец
на стрелките на часовникот.
6. Наместете го капакот.