OPEL CASCADA 2017 Сопственички прирачник
Page 181 of 299
Возење и ракување179
Намалување на брзинатаПри активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање
Притиснете го y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина се меморира за повторно
враќање на брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото е помала
од околу 200 км/ч.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.
● Рачката на менувачот е заглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Системот за контрола на пролизгувањето (TC) или
електронската контрола за стабилност (ESC) работи.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце
на RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.Исклучување
Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање L за активирање на
ограничувачот на брзината или исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната брзина.
Ограничувач на брзината
Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на горниот ред на
Page 182 of 299
180Возење и ракувањеИнформативниот центар за
возачот (DIC) кога е активен
системот.
Активирање
Притиснете L ако претходно е
активирана контролата на
патувањето, се исклучува кога ќе се активира ограничувачот на
брзината и контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- : моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Page 183 of 299
Возење и ракување181Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепка на DIC и, зависно од
возилото, дополнително се
огласува мелодија за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото
може да се вози без ограничување на брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување
Притиснете L, показателот за
ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање m за да се активира
контролата на патувањето или со
исклучување на палењето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Предупредување за преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
На возило напред укажува
контролната сијаличка A.
Page 184 of 299
182Возење и ракување
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Предуслов е предупредувањето за преден судир да не е исклучено со
притискање на V.
Активирање Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање на V,
видете подолу.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете V, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето.
Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.
Page 185 of 299
Возење и ракување183
Кога растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него ќе
се намали премногу или кога се приближувате пребрзо кон друго
возило и претстои судар, во
Информативниот центар за
возачот се појавува симбол за
предупредување.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете го педалот на
сопирачката, ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте V повеќепати додека
не се појави следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.
Општи информации
9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за растојанието
напред врз основа на
сообраќајните, временските и
условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Треба да е постојано подготвен да дејствува и да ги
активира сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
Page 186 of 299
184Возење и ракување● На патишта со многу свиоци.
● Кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег.
● Кога сензорот е блокиран од снег, мраз, влажен снег, кал,нечистотија или оштетувањана шофершајбната.
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активно е при брзини поголеми од 40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 105. Притиснете MENU
на рачката за трепкачите за да изберете Vehicle Information Menu
(Изборник за информации завозилото) X и свртете го
тркалцето за да ја изберете
страницата за покажување на
растојанието однапред.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе
се прикажат две црти: -.- s.
Помош за паркирање
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали.
Page 187 of 299
Возење и ракување185
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката. Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
За повторно да го вклучите
системот ставете во рикверц.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето се гасне.
Дополнително, на DIC се појавува
Park Assist Off (Помошта при
паркирање е исклучена) кога
системот ќе се исклучи рачно.
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, како сензори
прекриени со мраз, се прикажува
порака на DIC.
Пораки за возилото 3 113.
Page 188 of 299
186Возење и ракувањеПредно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува
пораки.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот. Сигналот за пречки од предната страна се
огласува преку предните звучници, а за пречки од задната страна се
огласува преку задните звучници.
Копче за помош за паркирање и
логика за ракување
Предно-задната помош за
паркирање е опремена со r. Ако
возилото е дополнително
опремено со напредна помош за паркирање, (видете во посебниот
опис што следи), системот е
опремен со D. И двата системи ќе
бидат управувани со притискање
D .
Кусо притискање на r или D ја
деактивира или активира предната помош за паркирање.
Page 189 of 299
Возење и ракување187Долго притискање на D (околу
една секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање.
Логиката за работа на копчето за
управување со системите е како
што следува:
● Активна е предно-задната помош за паркирање: кусо
притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Предно-задната помош за паркирање е активна: со долго
притискање се вклучува
напредната помош за
паркирање ако возилото е
ставено во брзина за напред.
● Активна е напредната помош за паркирање: кусо
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.● Активна е напредната помош за паркирање: долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање.
● Напредната помош за паркирање и предно-задната
помош за паркирање се
активни: со кратко притискање
се исклучуваат двата системи.
Активирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Предната помош за паркирање
автоматски се вклучува, исто така, при брзина од 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето за
помош за паркирање r или D
означува дека системот е
подготвен да работи.
Ако возилото надмине брзина од
11 км/ч, предната помош за
паркирање се деактивира.
Предната помош за паркирање
секогаш се активира кога брзината
на возилото ќе падне под 11 км/ч.Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото и пред возилото. Зависно која страна на возилото е поблиску
до пречка, од таа страна ќе чуете
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Покрај тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува на DIC
3 105.
Page 190 of 299
188Возење и ракувањеНа растојанието до предна или
задна пречка укажуваат
променливи линии за растојание
околу возилото.
На пречките од задната страна
истовремено се укажува звучно и
визулено.
На пречките од предната страна се
укажува прво визуелно. На
оддалечености помали од 80 см,
исто се огласува звучен сигнал.
Прикажувањето на оддалеченоста
на Информативниот центар за
возачот може да се потисне од од
пораки за возилото со повисок
приоритет. Откако ќе се одобри
пораката со притискање SET/CLR
на рачката за трепкачот,
показателот на оддалеченоста се
појавува пак.
Деактивирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се
извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11 км/ч .
Можно е рачно деактивирање со
кратко притискање на копчето за
помош за паркирање r или D.
Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето се гасне.
Дополнително, на DIC се појавува
Park Assist Off (Помошта при
паркирање е исклучена) кога
системот ќе се исклучи рачно.
По рачното исклучување, предната помош за паркирање повторно се
вклучува ако се притисне копчето
за помош за паркирање r или
D или ако возилото е во рикверц.
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори прекриени со мраз, се прикажува
порака на DIC.
Пораки за возилото 3 113.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.