OPEL CASCADA 2017 Сопственички прирачник
Page 211 of 299
Возење и ракување209Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Page 212 of 299
210Возење и ракувањеВметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Page 213 of 299
Возење и ракување211Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Чувајте и обезбедете ја влечната
кука со топчест врв како што е
опишано погоре.
Page 214 of 299
212Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................213
Додатоци и модификации на возилото ................................ 213
Чување на возилото ..............213
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......214
Прверки на возилото ...............214
Вршење работа ...................... 214
Хауба ...................................... 215
Моторно масло ......................215
Ладилник ................................ 217
Течност за миење ..................218
Сопирачки .............................. 218
Течност за сопирачките ........218
Акумулатор ............................. 219
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 221
Замена на четкичките на бришачите ............................. 221
Замена на сијалиците ..............221
Халогенски предни фарови ..222
Приспособливо предно светло .................................... 223
Фарови за магла ....................224
Предни трепкачи ....................225Задни светла .......................... 226
Странични трепкачи ..............228
Светло за регистарската табличка ................................ 229
Внатрешни светла .................229
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 229
Електричен систем ..................230
Осигурувачи ........................... 230
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............231
Кутија со осигурувачи во
таблата со инструменти .......233
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................235
Прирачен алат ......................... 236
Алати ...................................... 236
Тркала и гуми ........................... 237
Зимски гуми ............................ 237
Ознаки на гумите ...................237
Систем за следење на притисокот на гумите ...........238
Притисок на гумите ................ 242
Длабочина на шарата ...........243
Менување на големината на гумите и тркалата .................244
Раткапни ................................. 244
Синџири за гуми ..................... 244
Комплет за поправање гуми . 245Менување тркала ................... 248
Резервно тркало ....................251
Палење со кабли ......................255
Влечење ................................... 257
Влечење на возилото ............257
Влечење друго возило ..........258
Нега за изгледот ......................259
Нега на надворешноста ........259
Нега на внатрешноста ........... 261
Page 215 of 299
Нега на возилото213Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди) може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе да
не го почитува одобрението натипот на возилото што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Исперете го возилото. Полирајте ги обоените делови
на возилото со полир-паста.
Надворешна нега 3 259.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Затворете го мекиот покрив.
● Покријте го мекиот покрив за да го намалите влијанието од
околината.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
Page 216 of 299
214Нега на возилотобидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Бидејќи рокот на траење на AdBlue е ограничен на две
години, течноста треба да се
замени ако е премногу стара.
Побарајте помош од
автомеханичар.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете муја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 217 of 299
Нега на возилото2159Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
Page 218 of 299
216Нега на возилотомасло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 264.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Page 219 of 299
Нега на возилото217
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 277.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 264.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете мешавина
1:1 од концентрат на течност за
ладење мешан со чиста вода од
чешма. Ако не е достапен
Page 220 of 299
218Нега на возилотоконцентрат од течност за ладење,
користете чиста вода од чешмата.
Ставете го капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на
течноста за ладење и нека Ви ја
отстрани причината на губење на
течноста за ладење
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или по нагло опаѓање на температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Течност за миење 3 264.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.