OPEL CASCADA 2018.5 Сопственички прирачник

Page 221 of 301

Нега на возилото219Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или по нагло опаѓање на температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Течност за миење 3 264.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките
9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 264.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на

Page 222 of 301

220Нега на возилотомоторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 141.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 157.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Во спротивно,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 256.

Page 223 of 301

Нега на возилото221Етикета за предупредување
Значење на симболите:● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
5 секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.

Page 224 of 301

222Нега на возилотоЗамена на сијалицитеИсклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.Халогенски предни
фарови
Бихалогенски преден фар (1) со
една ламба за средно и долго
светло.
Странично светло за дневно
возење (2) .
Средно/долго светло (1)
1.Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.

Page 225 of 301

Нега на возилото2232. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете го држачот на сијалицата од кабел штекерот
со притиснување на држалката.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување надвете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Странично светло/Светло за дневно возење (2)
1. Завртете ја фасонката на ламбата (2) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката влечејќи ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.

Page 226 of 301

224Нега на возилотоПриспособливо предносветло9 Опасност
Системот за приспособливо
предно осветлување користи
ксенонски предни фарови.
Ксенонските предни фарови
работат под крајно висок
електричен напон. Не допирајте го. Сијалиците нека Ви ги
заменува автомеханичар.
Ламбите за предните трепкачи и осветлувањето на кривини
може да се менуваат.
Страничните светла за дневно возење се констриурани како
светлечки диоди (LED) и не можат
да се заменат.
Осветлување за вртење под
кривина
1. Завртете го капачето налево и извадете го.
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете ја ламбата од кабел штекерот со влечење.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.

Page 227 of 301

Нега на возилото2255. Вметнете го држачот насијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Фарови за магла До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.1. Свртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
2. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
Предни трепкачи
1. Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.

Page 228 of 301

226Нега на возилото2. Илустрацијата покажуваверзија со халогени предни
светла.
Илустрацијата покажува
верзија со приспособливо
средно предно светло.
Свртете ја фасонката налево за
да ја одглавите и извлечете од
фарот.
3. Извадете ја ламбата од фасонката вртејќи ја налево.
4. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката вртејќи
надесно.
5. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Задни светла
1. Отворете ја и отстранете ја прекривката од внатрешната
страна на задната врата така
што штрафот ќе го олабавите
со метална паричка.
2. Светлата за кочници, задните светла и светлата за магла се
проектирани како ЛЕД диоди
( Light Emitted Diodes /LEDs) и не
може да се заменат.

Page 229 of 301

Нега на возилото227
Отстранете ја фасонката така
што ќе ја вртите спротивно од
правецот на стрелките на
часовникот.
Светла за трепкачи ( 1)
Светла за рикверц ( 2)3. Извадете ја и заменете ја
сијалицата.
4. Ставете ја фасонката во комплетот за задни светла и
вртете спротивно од правецот
на стрелките на часовникот.5. Вратете го капакот така што прво ќе ги наместите
затварачите. Заклучете го
капакот со вртење на анвртката
во правецот на стрелките на
часовникот со метална
паричка.
Дополнителни светла во
рамката на задната врата
1. Отворете го капакот на багажникот.

Page 230 of 301

228Нега на возилото
2. Ослободете го капакот востраничната украсна облога и
извадете го.
3. Отстранете ја фасонката така што ќе ја вртите спротивно од
правецот на стрелките на
часовникот.
Светла за трепкачи ( 1)
Задни светла ( 2)
4. Извадете ја и заменете ја
сијалицата.
5. Наместете ја фасонката во лежиштето и вртете во правец
на стрелките на часовникот.
6. Наместете го капакот.
Странични трепкачи
За да ја замените сијалицата,
извадете го куќиштето на ламбата:
1. Клизнете ја ламбата налево и извадете ја со нејзиниот десен
крај.

Page:   < prev 1-10 ... 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 ... 310 next >