run flat OPEL CASCADA 2018.5 Сопственички прирачник
Page 240 of 301
238Нега на возилотоЗимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 276.
Како зимски гуми користете само големина 245/45 R18.
Кај возила со дизел мотор не се
користат челични рамки и
дозволени се само посебни тркала
со лесни бандажи за ова возило.
Во согласност со прописите
специфични за државата, залепете ја налепницата за брзина во
видното поле на возачот.
Ознаки на гумите
На пр. 235/55 R 17 99 V235:Широчина на гумата во мм55:Профил (однос на
височината со широчината
на гумата), во %R:Вид на ременот: РадијаленRF:Вид: RunFlat
(функционираат и
издишани)17:Пречник на тркалото, инчи99:Индекс на натовареноста, на пр. 99 одговара на 775 кгV:Буква на шифрата на
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.
Дополнителната опрема може да ја намали максималната брзина на
возилото.
Перформанси 3 273.
Еднонасочни гуми
Монтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Систем за следење напритисокот на гумите
Системот за контрола на
притисокот во гумите го проверува
притисокот во сите четири гуми
еднаш по минута кога брзината на
возилото ќе надмине определена
граница.Внимание
Системот за следење на
притисокот во гумите само
предупредува за послаб
притисок и не е замена за
редовното одржување на
гумите од страна на возачот.