OPEL CASCADA 2018 Сопственички прирачник
Page 151 of 299
Контрола на климатизацијата149Отвори за
проветрување
Приспособливи отвори за проветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење кон
поголемиот W симбол. Дотерајте го
количеството на воздухот кај
отворот со вртење на тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухотсо навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење кон
помалиот W симбол.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.
Page 152 of 299
150Контрола на климатизацијатаОдржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи довод на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за полен
Филтерот за полени ги отстранува
правта, саѓите, поленот и спорите
од воздухот што влегува во
возилото преку доводот за воздух.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи
три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Забелешка
Течноста за ладење R-134a
содржи стакленички гасови со
флуор.
Page 153 of 299
Возење и ракување151Возење и
ракувањеПрактични совети за возење ..152
Контрола над возилото .........152
Управување ............................ 152
Висина од тлото .....................152
Поаѓање и ракување ................153
Разработување на новото возило .................................... 153
Положби на прекинувачот за палење .................................. 153
Задржано исклучување .........153
Палење на моторот ...............153
Исклучување на пребрзувањето .....................154
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 155
Паркирање ............................. 157
Издувни гасови од моторот .....159
Филтер за дизелски честички ................................ 159
Катализатор ........................... 160
AdBlue ..................................... 160
Автоматски менувач ................164
Екран на менувачот ...............164Рачка на менувачот ...............165
Рачен режим .......................... 166
Електронски програми за возење ................................... 166
Дефект .................................... 167
Прекин на напојувањето .......167
Рачен менувач ......................... 168
Сопирачки ................................. 169
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 169
Сопирачка за паркирање ......170
Серво кочење ......................... 172
Помош при поаѓање на
угорници ................................ 172
Системи за контрола на
возењето ................................... 172
Систем за контрола на пролизгувањето ....................172
Електронска контрола на стабилноста .......................... 173
Интерактивен систем за возење ................................... 175
Системи за помош на возачот 176 Контрола на патувањето .......176
Ограничувач на брзината .....178
Предупредување за преден судир ...................................... 180
Показател за растојание однапред ............................... 182Помош за паркирање ............183
Известување за странична слепа точка ........................... 191
Ретровизорска камера ..........193
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 195
Предупредување за напуштање лента .................199
Гориво ....................................... 200
Гориво за бензински мотори . 200
Гориво за мотори на дизел ...202
Полнење гориво ..................... 202
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................205
Кука за приколки ......................206
Општи информации ...............206
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 206
Влечење на приколка ............206
Опрема за влечење ...............207
Page 154 of 299
152Возење и ракувањеПрактични совети за
возење
Контрола над возилото Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.Засилување во празен од
Ако е потребно да се полни
акумулаторот поради состојбата на акумулаторот, треба да се зголеми
излезната моќност на генераторот.
Ова се постигнува со засилување
на работата во празен од што може
да биде чујно. Во Информативниот центар за возачот се прикажува
порака.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат со држачите на
страната на возачот.
Управување
Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.Контролна сијаличка c 3 101.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Висина од тлото
Поради помалата висина од тлото,
возилото може да се оштети,
зависно од оптовареноста на
возилото и конфигурацијата на теренот. Внимавајте и возете
полека по стрмни приоди, влезови
и излези од гаражи за паркирање,
високи тротоари и нерамни
површини. Ако е можно, возете
дијагонално едно по едно тркало кога поминувате преку рабови или
нерамни површини.
Page 155 of 299
Возење и ракување153Поаѓање и ракување
Разработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно
првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на отворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработувањето потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на
чистењето на филтерот за
дизелски честички може да се
одвива почесто. Autostop може да
се попречи за да се овозможи
полнење на акумулаторот.
Филтер за дизелски честички
3 159.Положби на прекинувачот
за палење0:исклучено палење1:бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:вклучено палење, за мотор на
дизел: предзагревање3:палењеЗадржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
најмногу 10 минути откако ќе се
исклучи палењето:
● електричните прозорци
● штекери за напојување
Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Page 156 of 299
154Возење и ракувањеНе нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: свртете го клучот во положбата 2 за предзагревање
додека да се изгасне контролната
сијаличка !.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури
моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“'.
Пред да го запалите повторно или
за да го изгаснете моторот, вратете
го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот.Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до
-25 °C за мотори на дизел и до
-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси
и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.
Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот. Возачот не мора да го држи клучот
во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи
да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.Возможни причини за непалење на
моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Дојде до надминување на времето.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Page 157 of 299
Возење и ракување155Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот
е доволно полн за повторно
палење.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање едостапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на eco . Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката на менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .
Page 158 of 299
156Возење и ракувањеЗа време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети сите
услови:
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Хаубата е целосно затворена.
● Возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со големо оптоварување на
моторот.
● Околната температура е повисока од -5 °C.
● Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучена.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете во
поглавјето „Контрола на
климатизацијата“ за повеќе детали 3 143.
Веднаш по возење по автопат, Autostop може да биде попречено.Разработување на новото возило
3 153.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
При Autostop, неколку електрични
функции, како помошниот
електричен грејач или греењето на
задното стакло се исклучени или
префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот за
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Page 159 of 299
Возење и ракување157Палењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на куплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Контролна сијаличка - 3 99.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за сопирање-поаѓање:
● Системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно.
● Хаубата е отворена.● Безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворена
возачката врата.
● Температурата на моторот е прениска.
● Наполнетоста на акумулаторот
е под одредено ниво.
● Вакуумот на сопирачката не е доволен.
● Возилото било возено барем со брзина на одење.
● Системот за контрола на климатизацијата бара палење
на моторот.
● Климатизацијата е вклучена рачно.
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на DIC.
Ако некој електричен уред, како
пренослив ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога
Page 160 of 299
158Возење и ракувањеќе светне контролната
сијаличка m 3 99.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина, ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните тркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците и мекиот покрив.
● Извадете го клучот за палење. Завртете го воланот
додека не се почувствувадека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 213.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.