OPEL CASCADA 2018 Сопственички прирачник
Page 211 of 299
Возење и ракување209Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
● Извлечете го вртливото копче
и свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
Page 212 of 299
210Возење и ракување9Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Чувајте и обезбедете ја влечната
кука со топчест врв како што е
опишано погоре.
Page 213 of 299
Нега на возилото211Нега на возилотоОпшти информации.................212
Додатоци и модификации на возилото ................................ 212
Чување на возилото ..............212
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......213
Прверки на возилото ...............213
Вршење работа ...................... 213
Хауба ...................................... 214
Моторно масло ......................214
Ладилник ................................ 216
Течност за миење ..................217
Сопирачки .............................. 217
Течност за сопирачките ........217
Акумулатор ............................. 217
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 219
Замена на четкичките на бришачите ............................. 219
Замена на сијалиците ..............220
Халогенски предни фарови ..220
Приспособливо предно светло .................................... 222
Фарови за магла ....................223
Предни трепкачи ....................223Задни светла .......................... 224
Странични трепкачи ..............226
Светло за регистарската табличка ................................ 227
Внатрешни светла .................228
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 228
Електричен систем ..................228
Осигурувачи ........................... 228
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............229
Кутија со осигурувачи во
таблата со инструменти .......232
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................233
Прирачен алат ......................... 234
Алати ...................................... 234
Тркала и гуми ........................... 235
Зимски гуми ............................ 236
Ознаки на гумите ...................236
Систем за следење на притисокот на гумите ...........236
Притисок на гумите ................ 240
Длабочина на шарата ...........242
Менување на големината на гумите и тркалата .................242
Раткапни ................................. 242
Синџири за гуми ..................... 243
Комплет за поправање гуми . 243Менување тркала ................... 247
Резервно тркало ....................250
Палење со кабли ......................254
Влечење ................................... 255
Влечење на возилото ............255
Влечење друго возило ..........256
Нега за изгледот ......................257
Нега на надворешноста ........257
Нега на внатрешноста ........... 260
Page 214 of 299
212Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз системите за помош на
возачот, врз потрошувачката на
гориво, испуштањето CO 2 и други
испуштања на издувни гасови од
возилото и да предизвикаат
возилото повеќе да не ја почитувадозволата за работа што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Исперете го возилото. Полирајте ги обоените делови
на возилото со полир-паста.
Надворешна нега 3 257.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Затворете го мекиот покрив.
● Покријте го мекиот покрив за да го намалите влијанието од
околината.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
Page 215 of 299
Нега на возилото213бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Бидејќи рокот на траење на AdBlue е ограничен на две
години, течноста треба да се
замени ако е премногу стара.
Побарајте помош од
автомеханичар.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете муја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 216 of 299
214Нега на возилото9Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
Page 217 of 299
Нега на возилото215масло со правилната
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 262.
Максималната потрошувачка на
моторното масло е 0,6 литри на
1000 км.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извадете ја прачката, избришете
ја, ставете ја повторно целосно,
извлечете ја и прочитајте го нивото на моторното масло.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она што било употребено при
последното менување.
Page 218 of 299
216Нега на возилотоНивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 275.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.
Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Течност за ладење и антифриз
3 262.
Ниво на течноста за ладењеВнимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете мешавина
1:1 од концентрат на течност за
ладење мешан со чиста вода од
чешма. Ако не е достапен
концентрат од течност за ладење,
користете чиста вода од чешмата.
Ставете го капакот цврсто. Нека Ви ја провери концентрацијата на
течноста за ладење и нека Ви ја
отстрани причината на губење на
течноста за ладење
автомеханичар.
Page 219 of 299
Нега на возилото217Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или по нагло опаѓање на температурата.
Користењето течност за миење
што содржи изопропанол може
да ги оштети надворешните
ламби.
Течност за миење 3 262.
Сопирачки Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките
9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 262.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
Page 220 of 299
218Нега на возилотомоторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 139.
Откачување на акумулаторот
Ако треба да се откачи
акумулаторот (на пример за
одржување), сирената за аларм
мора да се деактивира на следниов
начин: Вклучете го, па исклучете го палењето и откачете го
акумулаторот во рок од
15 секунди.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во овој дел може да
доведе до привремено
деактивирање или попречување
на системот за сопирање-
поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Акумулаторот секогаш треба да се
заменува со акумулатор од ист тип.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 155.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Во спротивно,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 254.