OPEL CASCADA 2018 Сопственички прирачник

Page 241 of 299

Нега на возилото239
Изберете:● Light (Светло) за удобен
притисок за до 3 лица
● Eco (Еко) за економичен
притисок за до 3 лица
● Max (Макс.) за целосна
оптовареност
Споредување на сензори за
притисок на гумите
Секој од сензорите за притисокот
на гумите има единствена
идентификациска шифра. Кодот за
идентификација мора да се
спореди со позицијата на новото
тркало по ротирање на гумите или
по замена на целиот комплет на
тркалото, како и по замена на еден
или повеќе сензори за притисок во
гумите. Споредувањето на
сензорите за пријавување
притисок на гумите треба да се
врши и откако ќе се замени
резервно тркало со погонско
тркало со сензор за притисок на
гумите.
Светлото за неисправност w и
предупредувачката порака или
шифра треба да се исклучат при
следното палење. Сензорите се
споредуваат со положбите на
тркалата со користење на алатката
за повторно учење по следниов
редослед: лево предно тркало,
десно предно тркало, десно задно
тркало и лево задно тркало.
Трепкачот на моменталната
активна положба свети додека да
се усогласи сензорот.
Консултирајте се со својот
сервисер. Има две минути за
споредување на положбата на
првото тркало и пет минути вкупно
за да се споредат сите четири
положби на тркалата. Ако траеподолго, споредувањето
престанува и мора повторно да се почне.
Процесот на сензорот за
споредување притисок во гумите е
следниов:
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
2. Вклучете го палењето.
3. Кај возилата со автоматски менувач: ставете ја рачката на
менувачот во P.
За возила со рачен пренос: одберете лер.
4. Користете MENU на рачката за
трепкачи за да изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) на
Информативниот центар за
возачот.
5. Со тркалцето дојдете до изборникот за притисокот на
гумите.
6. Притиснете SET/CLR за да
почне споредувањето на
сензорите. Треба да се прикаже порака што ќе побара
прифаќање на процесот.

Page 242 of 299

240Нега на возилото7. Притиснете SET/CLR повторно
за да го потврдите изборот.
Сирената се огласува двапати за да сигнализира дека
приемникот е во режим на
повторно учење.
8. Почнете со левото предно тркало.
9. Ставете ја алатката за повторно учење до страната на
гумата, блиску до вентилот.
Потоа притиснете го копчето за
да го активирате сензорот за
притисокот во гумите. Кус
сигнал на сирената потврдува
дека идентификациската
шифра на сензорот е
споредена со таа положба на
тркалото.
10. Продолжете со десното предно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
11. Продолжете со десното задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
12. Продолжете со левото задно тркало и повторете ја
постапката од чекор 9.
Сирената се огласува двапатида укаже дека
идентификациската шифра на сензорот е споредена со левата задна гума и сензорот за
пријавување притисок на
гумите веќе не е активен.
13. Исклучете го палењето.
14. Приспособете го притисокот во сите четири гуми според
препорачаните вредности
прикажани на етикетата за
информации за притисок во
гумите.
15. Проверете дали статусот за оптоварување на гумите е
поставен според избраниот
притисок 3 105.
Притисок на гумите Проверувајте го притисокот вогумите кога се студени, најмалку на 14 дена и пред секое подолго
патување. Не заборавајте го
резервното тркало. Тоа важи и за
возилата со систем за контрола на
притисокот во гумите.
Притисок во гумите 3 276.
Етикетата со информации за
притисокот на гумите на рамката на
левата врата укажува на
оригиналните гуми и на
соодветните притисоци во гумите.
Податоците за притисокот во
гумите се однесуваат на ладни
гуми. Тоа важи за летни и зимски
гуми.
Резервната гума секогаш пумпајте ја до притисокот определен зацелосна оптовареност.
ECO притисокот на гумите служи
да се постигне најмалата можна
потрошувачка на гориво.

Page 243 of 299

Нега на возилото241Неправилниот притисок во гумите
ќе ја влоши безбедноста,
управувањето на возилото,
удобноста и економичноста на
потрошувачката на гориво, и ќе го
зголеми абењето на гумите.
Притисокот во гумите се
разликува, зависно од разните
опции. За правилни вредности на притисокот, следете ја постапката
подолу:
1. Идентификувајте ја идентификациската шифра на
моторот. Податоци за моторот 3 270.
2. Идентификувајте ја гумата.
Табелите за притисок во гумите ги
покажуваат сите можни
комбинации на гуми 3 276.
За гумите одобрени за Вашето возило, видете во Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
возилото или во други национални
документи за регистрација.
Возачот е одговорен за правилно
прилагодување на притисокот во
гумите.9 Предупредување
Ако притисокот е пренизок,
гумите може премногу да се
загреат и да се оштетат
однатре, што може да
предизвика цепење на шарите,
па дури и експлозија на гумите
при големи брзини.
9 Предупредување
За специфични гуми,
препорачаниот притисок во
гумите што е прикажан во
табелата за притисок во гумите може да биде поголем од
максималниот притисок во
гумите што е наведен на гумата.
Никогаш не надминувајте го
максималниот притисок што е
прикажан на гумата.
Ако притисокот во гумите треба да
се намали или зголеми кај возило
со систем за контрола на
притисокот во гумите, исклучете го
палењето. Откако ќе го
приспособите притисокот во
гумите вклучете го палењето и
изберете ја соодветната поставка
на страницата Оптоварување на
гумите во Информативниот центар
за возачот 3 105.
Зависност од температурата Притисокот во гумата зависи од
нејзината температура. За време
на возењето, температурата и
притисокот на гумите се
зголемуваат. Вредностите на
притисокот во гумите кои се дадени
на етикетата за информации за
притисокот на гумите, важи за
ладни гуми што значи на 20 °C.
Притисокот се зголемува за околу
10 kPa за покачување на
температурата од 10 °C. Тоа мора
да се земе во предвид кога се
проверуваат топли гуми.
Вредноста на притисокот во гумите прикажана во Информативниот
центар за возачот го покажува
вистинскиот притисок во гумите.
Оладена гума ќе покаже намалена
вредност, што не укажува на
излегување на воздух.

Page 244 of 299

242Нега на возилотоДлабочина на шарата
Редовно проверувајте ја
длабочината на шарите.
Гумите треба да се заменат од
безбедносни причини ако
длабочината на шарите падне под 2-3 мм (4 мм за зимските гуми).
Од безбедносни причини, се
препорачува длабочината на
шарите на гумите на една оска да не се разликува повеќе од 2 мм.
Законски дозволената минимална
длабочина на шарата (1,6 мм) е
достигната кога шарата е изабена
до една од ознаките за изабеност
( TWI). Нивната положба е означена
со обележувања од страните на
гумата.
Ако има поголемо абење напред отколку назад, повремено
заменувајте ги предните и задните тркала. Уверете се дека насоката
на вртењето на тркалата е иста
како порано.
Гумите стареат, дури ако не се
употребуваат. Препорачуваме
замена на гумите на 6 години.
Менување на големинатана гумите и тркалата
Ако се употребуваат гуми со
различна големина од оние
монтирани во фабриката, може да
биде потребно да се програмираат рзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со друга големина, треба да се
замени етикетата за притисок во гумите. 3 2369 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе ја поништи
дозволата за работа на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.

Page 245 of 299

Нега на возилото2439Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Возила со челични тркала: Кога
користите навртки за заклучување
на тркалата, не ставајте раткапни.
Синџири за гуми
Користете синџири за гуми само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе
од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени на
гуми со големина 225/55 R17 и
245/45 R18.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.

Page 246 of 299

244Нега на возилото
Комплетот за поправање гуми е во
кутија под покривката на подот во
товарниот простор.
Во друга верзија, торбата со
комплетот за поправање гуми е
фиксирана за левата задна алка за
врзување во товарниот простор.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од товарниот
простор.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.

Page 247 of 299

Нега на возилото245
6. Одвртете ги капаците навентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне испразнување
на акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставите моторот да работи.10. Поставете го преклопникот на компресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до 6 бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумата би требало да се
достигне во рок од 10 минути.
Притисок во гумите 3 276. Кога
ќе се постигне правилниот
притисок, исклучете го
компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
10 минути, извадете го
комплетот за поправање гуми. Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
10 минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.

Page 248 of 299

246Нега на возилотоИсцедете го вишок притисокот
од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од 10 минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км(но не повеќе од 10 минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумата.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го комплетот за поправање гуми во товарниот
простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот сигурносен вентил се
отвора при притисок од 7 бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.

Page 249 of 299

Нега на возилото247Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Приложените адаптери може да
се користат за пумпање на други
предмети, на пр. фудбалски
топки, воздушни душеци, гумени
чамци, итн. Тие се наоѓаат на
долната страна од компресорот.
За да се извади, притегнете го
цревото за воздух на компресорот
и извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 243.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, тврда и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.● Извадете го резервното тркало
3 250.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да се
стави тврда штица (дебела најмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
подигате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 234.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.

Page 250 of 299

248Нега на возилото
Лесни бандажи со средишно
капаче на завртките на
тркалото: Одглавете го
капачето со вметнување и
влечење на клучот 3 234 во
процепот на амблемот на брендот.2. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
цврсто и олабавете ја секоја
навртка на тркалото за
половина вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки, прво
ставете го адаптерот на
главата од завртката пред да го наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во касетата.3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.

Page:   < prev 1-10 ... 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 ... 300 next >