OPEL CASCADA 2019 Сопственички прирачник

Page 151 of 295

Контрола на климатизацијата149Режим за кружење на
воздухот 4
Притиснете 4 за да го вклучите
кружењето на воздухот. LED-
копчето светнува за да покаже
активирање.
Повторно притиснете 4 за да го
исклучите кружењето на воздухот.
9 Предупредување
Менувањето на свежиот воздух
е намалено во режимот за
кружење на воздухот. При
работа без ладење, влажноста
на воздухот се зголемува, па
прозорците може одвнатре да
се замаглат. Квалитетот на
воздухот во патничката кабина
се влошува, што може да
предизвика дремливост кај
патниците.
При топло и многу влажно време,
шофершајбната може да се
замагли однадвор кога ќе се
насочи ладен воздух кон неа. Ако
шофершајбната се замагли
однадвор, вклучете го бришачот и
исклучете го s.
Основни поставки
Некои поставки може да се сменат
во изборникот Settings (Поставки) на Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 115.
Дополнително греење
Грејач на воздухотБрзото греење е дополнителен
електричен грејач кој автоматски го
загрева патничкиот простор
побргу.

Page 152 of 295

150Контрола на климатизацијатаОтвори за
проветрување
Приспособливи отвори запроветрување
Барем еден отвор за
проветрување треба да биде
отворен додека е вклучено
ладењето.
За да се отвори отворот, свртете го
тркалцето за местење кон
поголемиот W симбол. Дотерајте го
количеството на воздухот кај
отворот со вртење на тркалцето за местење.
Насочете го протокот на воздухотсо навалување и вртење на
решетките.
За да се затвори отворот, свртете
го тркалцето за местење кон
помалиот W симбол.
9 Предупредување
Не закачувајте предмети за
решетките на отворите за
проветрување. Ризик од
оштетување и повреда во случај на сообраќајка.
Фиксни отвори за
проветрување
Дополнителни отвори за
проветрување се наоѓаат под
шофершајбната и прозорците на
вратите и во пределите на нозете.

Page 153 of 295

Контрола на климатизацијата151Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи довод на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Обично работење на
климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед на времето и годишната доба. Не е
возможно ракувањето со ладењето кога надворешната температура е
прениска.
Сервис За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот
за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени● чистење на одводот накондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
Забелешка
Течноста за ладење R-134a
содржи стакленички гасови со флуор.

Page 154 of 295

152Возење и ракувањеВозење и
ракувањеПрактични совети за возење ..153
Контрола над возилото .........153
Управување ............................ 153
Висина од тлото .....................153
Поаѓање и ракување ................154
Разработување на новото возило .................................... 154
Положби на прекинувачот за палење .................................. 154
Задржано исклучување .........154
Палење на моторот ...............154
Исклучување на пребрзувањето .....................155
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 156
Паркирање ............................. 158
Издувни гасови од моторот .....160
Филтер за издувни гасови .....160
Катализатор ........................... 161
Автоматски менувач ................162
Екран на менувачот ...............162
Рачка на менувачот ...............162
Рачен режим .......................... 163Електронски програми за
возење ................................... 164
Дефект .................................... 164
Прекин на напојувањето .......164
Рачен менувач ......................... 165
Сопирачки ................................. 166
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 166
Сопирачка за паркирање ......167
Серво кочење ......................... 169
Помош при поаѓање на угорници ................................ 169
Системи за контрола на
возењето ................................... 170
Систем за контрола на пролизгувањето ....................170
Електронска контрола на стабилноста .......................... 171
Интерактивен систем за возење ................................... 172
Системи за помош на возачот 174 Контрола на патувањето .......174
Ограничувач на брзината .....176
Предупредување за преден судир ...................................... 177
Показател за растојание однапред ............................... 180
Помош за паркирање ............181Известување за странична
слепа точка ........................... 189
Ретровизорска камера ..........191
Помошник за сообраќајни знаци ...................................... 193
Предупредување за напуштање лента .................197
Гориво ....................................... 198
Гориво за бензински мотори . 198
Полнење гориво ..................... 200
Кука за приколки ......................201
Општи информации ...............201
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 202
Влечење на приколка ............202
Опрема за влечење ...............203

Page 155 of 295

Возење и ракување153Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Не возете со изгаснат мотор
(освен за време на Autostop)
Многу уреди нема да
функционираат во таква ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, електронското
управување). Таквото возење е
опасно за Вас и за други. Сите
системи функционираат за време
на Autostop, но силата на серво
управувањето ќе биде
контролирано намалена, како и
брзината на возилото.
Систем за сопирање-поаѓање
3 156.Засилување во празен од
Ако е потребно да се полни
акумулаторот поради состојбата на акумулаторот, треба да се зголеми
излезната моќност на генераторот.
Ова се постигнува со засилување
на работата во празен од што може да биде чујно. Во Информативниотцентар за возачот се прикажува
порака.
Педали За да се обезбеди непречен од на
педалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат со држачите на
страната на возачот.
Управување Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба
поголем напор.Контролна сијаличка c 3 102.Внимание
За возилата опремени со
хидраулично управување:
Ако се сврти воланот додека
дојде до крајот на кругот и се
држи во таа положба подолго од 15 секнди може да дојде до
оштетување на системот за
хидраулично управување и
може да нема помош за
хидраулично управување.
Висина од тлото
Поради помалата висина од тлото,
возилото може да се оштети,
зависно од оптовареноста на
возилото и конфигурацијата на теренот. Внимавајте и возете
полека по стрмни приоди, влезови
и излези од гаражи за паркирање,
високи тротоари и нерамни
површини. Ако е можно, возете
дијагонално едно по едно тркало кога поминувате преку рабови или
нерамни површини.

Page 156 of 295

154Возење и ракувањеПоаѓање и ракувањеРазработување на новото
возило
Не сопирајте непотребно силно првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото на системот за издувни гасови. Паркирајте го возилото наотворено место за извесно време
по првото возење за да не ги
вдишувате пареите.
За време на периодот на
разработување, потрошувачката
на гориво и на моторно масло може
да биде поголема и процесот на чистењето на филтерот за издувни
гасови може да се одвива почесто .
Autostop може да се попречи за да се овозможи полнење на
акумулаторот.
Филтер за издувни гасови 3 160.Положби на прекинувачот
за палење0:исклучено палење1:бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палење2:вклучено палење3:палење
Задржано исклучување
Следниве електронски системи
можат да работат додека е
отворена возачката врата или
најмногу 10 минути откако ќе се
исклучи палењето:
● електричните прозорци
● штекери за напојување
Палење на моторот
Рачен менувач: ракувајте со
куплунгот.
Автоматски менувач: нагазнете ја
сопирачката и ставете ја рачката
на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Свртете го клучот накратко во
положбата 3 и отпуштете го:
анласерот се пушта со автоматска
постапка со кратко доцнење дури

Page 157 of 295

Возење и ракување155моторот работи, видете под
„Автоматска контрола на
анласерот“'.
Пред да го запалите повторно или за да го изгаснете моторот, вратете
го клучот во положба 0.
За време на Autostop, моторот
може да се запали со притискање
на педалата на кумплунгот.
Палење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до -25 °C за мотори на дизел и до-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу 5 минути.
Рачката на менувачот мора да
биде во положбата P.Автоматска контрола на
анласерот
Функцијава ја контролира
постапката за палење на моторот.
Возачот не мора да го држи клучот во положбата 3. Штом се
применува, системот ќе продолжи да запали автоматски додека не
проработи моторот. Поради
постапката за проверување
моторот проработува по кратка
пауза.
Возможни причини за непалење на
моторот:
● Куплунгот не е притиснат (рачен менувач).
● Педалот на сопирачките не е притиснат или рачката на
менувачот не е во P или N
(автоматски менувач).
● Дојде до надминување на времето.Загревање на турбо мотор
По палењето, достапниот вртежен
момент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска. Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.
Исклучување на пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.

Page 158 of 295

156Возење и ракувањеСистем за сопирање-поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или е
сопрено, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж. Го пали
моторот автоматски штом ќе се
отпушти куплунгот. Сензорот за
акумулаторот обезбедува Autostop
да се врши само ако акумулаторот е доволно полн за повторно
палење.
Активирање Системот за сопирање-поаѓање е
достапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на eco . Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
Autostop
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката на менувачот во лер.
● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.
Autostop е покажано на
вртежометарот со иглата во
положба AUTOSTOP .

Page 159 of 295

Возење и ракување157Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 12 % или
повеќе.
За време на Autostop, греењето и сопирачките остануваат активни.Внимание
Серво управувањето може да се намали за време на Autostop.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети сите
услови:
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Хаубата е целосно затворена.
● Возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со големо оптоварување на
моторот.
● Околната температура е повисока од -5 °C.
● Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Функцијата за самостојно чистење на филтерот за
издувни гасови не е активна.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете во
поглавјето „Контрола на
климатизацијата“ за повеќе детали 3 144.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.Разработување на новото возило
3 154.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
При Autostop, неколку електрични
функции, како помошниот
електричен грејач или греењето на
задното стакло се исклучени или
префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот за
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.
Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.

Page 160 of 295

158Возење и ракувањеПалењето на моторот е прикажано
од иглата на вртежометарот во
положба за лер.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на куплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Контролна сијаличка - 3 100.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за
сопирање-поаѓање:
● Системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно.
● Хаубата е отворена.● Безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворена
возачката врата.
● Температурата на моторот е прениска.
● Наполнетоста на акумулаторот
е под одредено ниво.
● Вакуумот на сопирачката не е доволен.
● Возилото било возено барем со брзина на одење.
● Системот за контрола на климатизацијата бара палењена моторот.
● Климатизацијата е вклучена рачно.
Ако багажникот не е целосно
затворен, се прикажува
предупредувачка порака на DIC.
Ако некој електричен уред, како
пренослив ЦД-плеер, е поврзан со штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.Паркирање9 Предупредување
● Не го паркирајте возилото
врз лесно запалива
површина. Високата
температура на издувниот
систем може да ја запали
површината.
● Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја педалата за кочење истовремено за да се
намалат работните сили.
Кај возилата со електрична
сопирачка за паркирање,
повлечете го прекинувачот
m околу една секунда.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога

Page:   < prev 1-10 ... 111-120 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 ... 300 next >