OPEL CASCADA 2019 Сопственички прирачник
Page 161 of 295
Возење и ракување159ќе светне контролната
сијаличка m 3 100.
● Изгаснете го моторот.
● Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P
пред да го извадите клучот за палење. Свртете ги преднитетркала кон работ на
тротоарот.
● Затворете ги прозорците и мекиот покрив.
● Извадете го клучот за палење. Завртете го воланот
додека не се почувствувадека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
● Заклучете го возилото.
● Активирајте го системот за тревожење при кражба.
● Вентилаторите на ладилникот може да работат и по
гаснењето на моторот 3 209.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Page 162 of 295
160Возење и ракувањеИздувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за издувни гасови
Филтерот за издувни гасови е
филтер за честички за дизел и
бензински мотори.
Процес на автоматско чистење
Системот на филтерот за издувни
гасови ги филтрира честичките на
саѓи од издувните гасови.
Системот содржи функција на
самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни меѓу седум и
дванаесет минути. Autostop не е
достапно и потрошувачката на
гориво може да биде поголема за
тоа време. Испуштањето на
миризби и чад за време на овој
процес е нормално.
Системот треба да се исчисти
Во одредени услови, на пример,
при возење на кратки растојанија,
системот не може сам да се
исчисти автоматски.Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возење не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со светнување на % и
порака за предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
% светнува заедно со порака за
предупредување кога филтерот за
издувни гасови е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно поскоро.
% трепка заедно со порака за
предупредување кога филтерот за
издувни гасови го достигнал
максималното ниво на полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Активирајте го процесот на
самостојно чистење
За да се активира чистењето,
продолжете со возењето,
одржувајте брзина на моторот над
2000 вртежи во минута. Сменете во
Page 163 of 295
Возење и ракување161помала брзина ако е потребно.
Тогаш ќе започне чистењето на
филтерот за издувни гасови.
Процесот на чистење завршува побрзо при поголеми брзини и
оптоварувања на моторот.
Контролната сијаличка % се гаси
штом ќе заврши самочистењето.
Возете додека функцијата за
самочистење не заврши.Внимание
Ако е можно, не прекинувајте го
процесот на чистење. Возете
додека не заврши чистењето за
да ја избегнете потребата од
сервисирање или поправки од
страна на автомеханичар.
Процесот на чистење не е
можен
Ако чистењето не е можно од којабило причина, светнува
контролната сијаличка Z, а во
Информативниот центар на
возачот се појавува порака за
предупредување. Моќноста на
моторот може да биде намалена.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.Внимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 198, 3 266 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичаени проблеми,
причината за дефектот треба да ја
отстрани автомеханичар колку е
можно поскоро. Во хаварии, со
возењето може да се продолжи за
кратко време, одржувајќи се
брзината на возилото и вртежите
на моторот на ниско ниво.
Page 164 of 295
162Возење и ракувањеАвтоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во
рачен режим со допирање на
рачката на менувачот 3 163.
Екран на менувачот
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP:паркирна положба,
притиснете копче за
ослободување, тркалата се
блокирани, ставајте во брзина
само кога возилото е во
мирување и применета е
сопирачка за паркирањеR:брзина во рикверц, притиснете
копче за ослободување, се
вклучува само кога возилото е во мирувањеN:лерD:автоматски режимM:рачен режим: поместете ја
рачката на менувачот од D
налево.<:менување во поголема брзина
со рачен режим: движете ја
рачката на менувачот во
положба М и допрете нагоре]:менување во помала брзина
со рачен режим: движете ја
рачката на менувачот во
положба М и допрете наназад
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Page 165 of 295
Возење и ракување163
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
контролните сијалички j и P
трепкаат.
За да ставите во P или R,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Не давајте гас додека ставате вобрзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во P.Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Рачен режим
Поместете ја рачката на менувачот од положбата D кон лево за да
изберете рачен режим M.
Потчукнете ја рачката на
менувачот
нанапред <:менување во
поголема брзинананазад ]:менување во помала
брзина
Page 166 of 295
164Возење и ракувањеИзбраната брзина е покажана во
групата инструменти.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Електронски програми за возење
● Кога е активен режимот SPORT, менувачот ги менува
брзините при поголеми брзини
на моторот (освен ако не евклучена контролата на
патувањето). SPORT режимот
3 172.
● Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини
кога се вози по угорници или
удолнини.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект
Во случај на дефект, се прикажува
порака за возилото на
Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 113.
Менувачот веќе не менува
автоматски брзини. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и втората брзина можеда се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.
Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 250.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.
1. Затегнете ја рачната сопирачка.
Page 167 of 295
Возење и ракување165
2. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола напред,
преклопете ја угоре и завртете
ја влево.
3. Вметнете шрафцигер во отворот колку што може
подлабоко и извадете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако Pили Nе одбрано
повторно, рачката на
менувачот ќе биде закочена во
положбата повторно. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.Рачен менувач
За да ставите во рикверц: кога
возилото е во мирување, нагазнете го куплунгот, притиснете го копчето за ослободување на рачката на
менувачот и ставете во рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер,
отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го
ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.
Page 168 of 295
166Возење и ракувањеКога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување во
поголема брзина 3 102.
Сопирачки
Системот на сопирачките се состои од две независни кола за
сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалата на сопирачките е
притисната цврсто. Значително
повеќе сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Побарајте помош од
автомеханичар пред да
продолжите со патувањето.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува штом
педалот за сопирачките ќе се
притисне еднаш или двапати.
Дејството на сопирањето не е
намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 100.Систем за деблокирање
на сопирачките
Системот за деблокирање на
сопирачките (ABS) ги спречува
тркалата да се блокираат.
ABS почнува да го регулира
притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирачките целосно
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Page 169 of 295
Возење и ракување167
Контролна сијаличка u 3 101.
Приспособливо стоп-светло При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект
9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање
9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на сопирачка за
паркирање, истовремено
ослободете ја педалата на
сопирачката.
Контролна сијаличка R 3 100.
Page 170 of 295
168Возење и ракувањеЕлектрична сопирачка за
паркирање
Се применува кога возилото е во
мирување
9 Предупредување
Повлечете го прекинувачот m
околу една секунда,
електричната сопирачка за
паркирање се вклучува
автоматски со соодветна сила.
За максимална сила, на пр.
паркирање со приколка или на
стрмнини, повлечете го
прекинувачот m двапати.
Електричната сопирачка за
паркирање се активира кога ќе светне контролната сијаличка
m 3 101.
Електричната сопирачка за
паркирање може да се активира
секогаш, дури ако палењето е
исклучено.
Не ракувајте со системот на
електричната сопирачка за
паркирање пречесто без да работи
моторот, тоа ќе го испразни
акумулаторот.
Пред да го напуштите возилото,
проверете ја состојбата на
електричната сопирачка за
паркирање. Контролна сијаличка
m 3 101.
Ослободување
Вклучете го палењето. Држете ја педалата на сопирачката
притисната потоа притиснете го
прекинувачот m.
Функција за поаѓање
Возила со рачен менувач:
Притискање на куплунгот, па мало
отпуштање на куплунгот и мало
притискање на гаста автоматски ја
ослободува електричната
сопирачка за паркирање. Тоа не е
возможно кога прекинувачот m се
повлекува истовремено.
Возила со автоматски менувач:
Активирање на D, па притискање
на гаста автоматски ја ослободува
електричната сопирачка за
паркирање. Тоа не е возможно кога прекинувачот m се повлекува
истовремено.
Динамично сопирање кога
возилото се движи
Кога возилото се движи и
прекинувачот m се држи повлечен,
системот на електричната
сопирачка за паркирање ќе го
забави возилото, но нема да се
активира статично.
Штом прекинувачот m ќе се
ослободи, динамичното сопирање ќе престане.