OPEL CASCADA 2019 Сопственички прирачник

Page 171 of 295

Возење и ракување169Дефект
На дефектниот режим на
електричната сопирачка за
паркирање укажува контролната
сијаличка j или порака за возилото
што е прикажана во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Активирање нa електричната
сопирачка за паркирање:
повлечете го и држете го
прекинувачот m подолго од
5 секунди. Ако контролната
сијаличка m светне, електричната
сопирачка за паркирање е
активирана.
Отпуштање нa електричната
сопирачка за паркирање:
притиснете го и држете го
прекинувачот m подолго од
2 секунди. Ако контролната сијаличка m се изгасне,
електричната сопирачка за
паркирање е отпуштена.
Контролната сијаличка m трепка:
електричната сопирачка за
паркирање не е целосно
активирана или отпуштена. Кога
трепка постојано, отпуштете јаелектричната сопирачка за
паркирање и обидете се да ја
активирате повторно.
Серво кочење
Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање наугорници
Системот помага да се спречи несакано движење кога се вози пострмнини.
При отпуштање на педалата за
сопирачката по застанување на
закосена површина, сопирачките
се активирани уште две секунди.Сопирачките се отпуштаат
автоматски штом возилото ќе
почне да забрзува.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.

Page 172 of 295

170Возење и ракувањеСистеми за контрола
на возењето
Систем за контрола на пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC) 3 171.
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на
гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
TC функционира по секое палење
на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога TC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 102.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно шлајфување на
погонските тркала:
Притиснете b накусо за да ја
исклучите TC, светнува k.
Исклучувањето се прикажува како
порака во Информативниот центар за возачот (DIC).
TC повторно се активира со
повторно притискање на b.
TC исто така се активира повторно
следниот пат кога ќе се вклучи
палењето.

Page 173 of 295

Возење и ракување171Електронска контрола настабилноста
Електронската контрола на
стабилноста (ESC) ја подобрува
стабилноста при возењето кога е
потребно, без оглед на видот на
површината на патот или
прилепувањето на гумите.
Спречува и да прошлајфуваат
погонските тркала. ESC работи во
комбинација со системот за
контрола на пролизгувањето (TC)
3 170.
Штом возилото почне да занесува
(недоволно вртење/нагло
свртување), излезната сила на
моторот се намалува и тркалата се
сопираат посебно. Тоа значително
ја подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини на коловозот.
ESC функционира по секое палење на возилото, штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога ESC работи, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Контролна сијаличка b 3 102.
Деактивирање
За поспортско однесување, ESC и
TC можат да се активираат
посебно:
● Притиснете b накусо: само
системот за контрола на
пролизгувањето е неактивен,
ESC останува активна, k свети
● Притиснете и задржете b
најмалку 5 секунди: TC и ESC
се деактивираат, k и n светат.
Дополнително, избраниот режим е прикажан како статусна порака на
Информативниот центар за
возачот.

Page 174 of 295

172Возење и ракувањеАко возилото дојде до прагот со
деактивирано ESP, системот ќе го
активира ESP додека трае прагот
кога педалата на сопирачката ќе се
притисне еднаш.
ESC повторно се активира со
повторно притискање на b. Ако
системот TC беше претходно
исклучен, и TC и ESC се
активирани повторно.
ESC исто така се активира
повторно следниот пат кога ќе се
вклучи палењето.Интерактивен систем за
возење
„Флекс рајд“ Flex Ride системот за возење му
овозможува на возачот да избере
помеѓу три режими за возење:
● SPORT режим: притиснете SPORT , светлото свети.
● Режим TOUR: притиснете TOUR , светлото свети.
● Режим NORMAL: и SPORT и
TOUR не се притиснати, не
свети сијаличка.
Деактивирајте ги режимот SPORT
и режимот TOUR со притиснување
на соодветното копче уште еднаш.
Во секој режим за возење,
Flex Ride ги сврзува следните
електронски системи во мрежа:
● Постојана контрола на амортизацијата
● Контрола на педалот за гас
● Контрола на управувањето со воланот● Електронска контрола настабилноста (ESC)
● Систем за деблокирање на сопирачките (ABS) со контрола
на сопирачките на свиоци
● Автоматски менувач.
Режим SPORT
Поставките на системите се
приспособуваат кон поспортски
стил на возењето.

Page 175 of 295

Возење и ракување173Режим TOUR
Поставките на системите се
приспособуваат кон удобен стил на
возењето.
Нормален режим
Сите поставки на системите се
приспособени кон стандардните
вредности.
Контрола на режимот за
возење
Во секој рачно избран режим за
возење SPORT, TOUR или
NORMAL, Контролата на режимот за возење ги открива и анализира
непрекинато вистинските
карактеристики на возењето,
реакциите на возачот и активната
динамична состојба на возилото.
Ако е потребно, контролната
единица на Контрола на режимот
за возење автоматски ги менува
поставките во рамките на
избраниот режим за возење или
кога ќе препознае поголеми
варијации, режимот за возење се
менува за време на варијациите.
Ако, на пример режимот NORMAL
е избран и Контрола на режимот за
возење открие спортско
однесување при возењето,
Контрола на режимот за возење
менува повеќе поставки од
Нормалниот NORMAL режим на
спортски поставки. Контрола на
режимот за возење се префрлува
на режимот SPORT во случај на
многу спортско однесување при
возењето.
Ако е, на пример, избран режимот
TOUR и додека се вози по
серпентини е потребно да се сопре нагло и јако, Контрола на режимот
за возење ќе ја открие
динамичната состојба на возилото
и ќе ги смени поставките заамортизација во режим SPORT за да се зголеми стабилноста на
возилото.
Кога карактеристиките на
возењето или динамичната
состојба на возилото се враќаат во поранешната состојба, Контрола
на режимот за возење ќе ги смени
поставките во претходно
избраниот режим за возење.
Поставки приспособени кон
индивидуалните потреби во
Спортскиот режим
Возачот може да ги избере
функциите на режимот SPORT кога
е притиснато SPORT. Овие
поставки може да се сменат во
изборникот Settings (Поставки) на
Инфо-екранот. Приспособување
на возилото кон индивидуалните
потреби 3 115.

Page 176 of 295

174Возење и ракувањеСистеми за помош навозачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде
до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Од безбедносни причини
контролата на патувањето не може да се активира се додека еднаш не
се искористи педалата за
сопирање. Активирањето во прва
брзина не е возможно.
Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски режим.
Контролна сијаличка m 3 105.
Вклучување на системот
Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Активирање на
функционалноста
Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.

Page 177 of 295

Возење и ракување175Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува
продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете го y; контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната зачувана
брзина се меморира за повторно
враќање на брзината подоцна.
Автоматско деактивирање: ● Брзината на возилото е под околу 30 км/ч.
● Брзината на возилото е помала
од околу 200 км/ч.
● Педалата на сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната неколку секунди.● Рачката на менувачот езаглавена во N.
● Брзината на моторот е многу мала.
● Системот за контрола на пролизгувањето (TC) или
електронската контрола за стабилност (ESC) работи.
Продолжување со снимената
брзина
Свртете го малото тркалце
на RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување на системот Притиснете го m; контролната
сијаличка m во групата
инструменти се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање L за активирање на
ограничувачот на брзината или
исклучување на палењето се
исклучува и контролата на
патувањето и се брише зачуваната
брзина.

Page 178 of 295

176Возење и ракувањеОграничувач на брзинатаОграничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот (DIC) кога е активен
системот.Активирање на
функционалноста
Притиснете L ако претходно е
активирана контролата на
патувањето, се исклучува кога ќе се активира ограничувачот на
брзината и контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на ограничување
на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- : моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.

Page 179 of 295

Возење и ракување177Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Менување на ограничувањето
на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепка на DIC и, зависно од
возилото, дополнително се
огласува мелодија за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање на
функционалноста
Притиснете y: ограничувачот на
брзината се деактивира и возилото може да се вози без ограничување на брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување на системот Притиснете L, показателот за
ограничувањето на брзината во
Информативниот центар за
возачот се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со притискање m за да се активира
контролата на патувањето или со
исклучување на палењето, се
деактивира и ограничувачот на
брзината и зачуваната брзина се
брише.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.

Page 180 of 295

178Возење и ракувањеПредупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
На возило напред укажува
контролната сијаличка A.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Предуслов е предупредувањето за преден судир да не е исклучено со
притискање на V.
Активирање Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање на V,
видете подолу.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете V, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето.

Page:   < prev 1-10 ... 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 ... 300 next >