OPEL COMBO 2015 Сопственички прирачник

Page 31 of 205

Клучеви, врати и прозорци29Странични
ретровизори
Конвексен облик
Конвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел
и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Рачно дотерувањеДотерајте ги ретровизорите со
вртење на рачката во саканата насока.
Долните ретровизори не се местат.
Електрично местење
Изберете го соодветниот
страничен ретровизор со вртење
на контролата лево _ или десно 6.
Потоа завртете ја контролата за да
се намести ретровизорот.
Во положбата o не е избран ниеден
ретровизор.
Преклопување
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Паркирна положба
Страничните ретровизори може да се преклопат со нежно притискање
од надворешната страна на
куќиштето, на пр. при тесно
паркирање.

Page 32 of 205

30Клучеви, врати и прозорциРетровизори со греење
Со него се ракува со притискање на
копчето Ü.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Прозорци
Шофершајбна
Налепници на
шофершајбната Не лепете налепници како вињети
за патарина и слично на
шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот.
Механички прозорци
Прозорците на вратите може да се
отворат или затворат со рачките на прозорците.

Page 33 of 205

Клучеви, врати и прозорци31Електрични прозорци9Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Ако има деца на задните
седишта, вклучете го системот
за безбедност на децата за
електричните прозорци.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Кратко притискање или
повлекување: прозорецот се движи
нагоре или надолу постепено ако
се држи прекинувачот.
Цврсто притискање или
повлекување и потоа отпуштање:
прозорецот се движи целосно
нагоре или надолу при вклучена
безбедносна функција. За да се
запре движењето, ракувајте со
прекинувачот уште еднаш во иста
насока.
Ако клучот за палење се извади или е во положба STOP, со
прозорците може да се управува
околу 2 минути и се деактивираат
штом се отвори врата.
Безбедносна функција
Ако при автоматско затворање стаклото на прозорецот наиде на
отпор, истото веднаш се запира и
се отвора повторно.
Ако безбедносната функција се
активира петпати за помалку од
една минута, истата се деактивира. Прозорците се затвораат само
постепено и не автоматски.
Активирајте ја електрониката на
прозорците со отворање на
прозорците. Безбедносната
функција е вратена и прозорците ќе
работат нормално.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците се
блокира за неколку време.

Page 34 of 205

32Клучеви, врати и прозорци
Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), активирајте ја
електрониката на прозорците на
следниов начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Влечете го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште 5 секунди.
4. Повторете го истото за секој прозорец.Систем за безбедноста на
деца, за задните прозорци
Притиснете го прекинувачот , за
да ги исклучите електричните
прозорци на задните врати.
За активирање, притиснете го ,
повторно.
Ракување со прозорците однадвор
Со прозорците може да се ракува
далечински надвор од возилото
кога тоа се заклучува или
отклучува.
Централна брава 3 22.
Притиснете го и држете го копчето
Ä за да се отворат прозорците.
Притиснете го и држете го копчето e за да се затворат прозорците.
Отпуштете го копчето за да го
запрете движењето на прозорците.

Page 35 of 205

Клучеви, врати и прозорци33Задни прозорциОтворање на заднитепрозорци
За отворање, турнете ја рачката
кон надвор се додека прозорецот
не е потполно отворен.
За затворање, повлечете ја
рачката се додека прозорецот не е потполно затворен.
Греење на задното
стакло
Со него се ракува со притискање на
копчето Ü.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Штитници за сонцеШтитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.
На задната страна од штитникот за
сонце се наоѓа држач за билети.

Page 36 of 205

34Седишта, потпирачиСедишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 34
Предни седишта ......................... 35
Задни седишта ........................... 38
Безбедносни ремени .................41
Систем на воздушни перничиња .................................. 44
Системи за врзување на деца ..51Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење Предни потпирачи за глава,
прилагодување на висината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината и заглавете го.

Page 37 of 205

Седишта, потпирачи35
Задни потпирачи за глава,
прилагодување на висината
Повлечете го потпирачот за глава
угоре или притиснете ја патент бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот удолу.
Вадење Потпирачи за глава на задните
седишта, вадење
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Прицврстете ги извадените
потпирачи за глава во товарниот
простор.
Забелешка
Одобрената дополнителна
опрема може да се прикачи само
ако не се користи седиштето.Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги

Page 38 of 205

36Седишта, потпирачи
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што ќе може да се
дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимален агол од околу 25°.
■ Местење на воланот 3 68.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно висока да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите
би требало да лежат лесно врз
седиштето без да го притискаат
него.■ Наместете го потпирачот за глава 3 34.
■ Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 42.
Местење на седиштата
Возете само со правилно
заглавени седишта и потпирачи за
грб.9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Предупредување
Не ставајте предмети под
седиштата освен во просторите
за складирање под седиштата
3 60.
Положба на седиштата
Повлечете ја рачката, лизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.

Page 39 of 205

Седишта, потпирачи37
Потпирачи за грб
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=повисокоудолу=пониско
Управувајте со рачката и
наместете ја тежината на телото
врз седиштето за да го кренете или спуштите.
Потпирач за рака
Подигнете го или спуштете го
потпирачот за рака по потреба.

Page 40 of 205

38Седишта, потпирачиГреење
Активирајте го греењето на
седиштата притискајќи го копчето
ß за односното предно седиште
кога е вклучено палењето.
Активирањето се означува со
сијаличката во копчето.
Со повторно притискање на
копчето ß се исклучува греењето
на седиштата.
Не се препорачува подолга
употреба за луѓе со чувствителна
кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop. Систем за
сопирање-поаѓање 3 117.Задни седишта9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Преклопување на седиштата
Подрачјето на товарниот простор
може да се зголеми со
преклопување на задните
седишта.
9 Предупредување
При преклопување на
седиштето постапувајте
претпазливо - внимавајте на
подвижните делови. Уверете се
дека седиштето е безбедно во
целосно превитканата положба.
■ Спуштете го потпирачот за глава
и поместете го безбедносниот
ремен од една страна.

Page:   < prev 1-10 11-20 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 71-80 ... 210 next >