OPEL COMBO E 2019.75 Сопственички прирачник

Page 51 of 319

Седишта, потпирачи49положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава нагоре или притиснете ја спојката и турнете го надолу.
Вадење
Притиснете ја спојката, повлечете
го соодветниот потпирач за глава
нагоре и извадете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава нагоре или турнете го надолу.
Вадење
Притиснете ја спојката, повлечете го соодветниот потпирач за глава
нагоре и извадете го.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.

Page 52 of 319

50Седишта, потпирачи
● Седете така да задникот дабиде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога ги притиснувате
педалите. Лизнете го
совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Приспособете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот
додека раката е целосно
испружена и рамениците се
потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 98.● Наместете го потпирачот за
глава 3 48.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, лизгајте го
седиштето, па отпуштете ја
рачката. Обидете се да го движите

Page 53 of 319

Седишта, потпирачи51седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Во зависност од верзијата,
повлечете ја рачката на
совозачкото седиште и лизгајте го
седиштето, па отпуштете ја
рачката.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Турнете ја рачката, поставете ја
наваленоста и отпуштете ја
рачката. Не навалувајте се на
потпирачот за грб кога го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолу

Page 54 of 319

52Седишта, потпирачиПотпирач за половината
Свртете го тркалцето според
вашите потреби.
Преклопување на
седиштето
Во зависност од верзијата,
предното совозачко седиште може да се преклопи во рамнина со
положбата на таблата.
Преклопување на единечното
седиште од совозачката страна
Повлечете го совозачкото седиштенајназад што можете, за да го
избегнете контактот со инструмент таблата при преклопувањето.
Притиснете го потпирачот за глава
надолу и извадете го пред да го
преклопите потпирачот за грб
3 48.
Во зависност од верзијата,
извадете го потпирачот за рака
3 54.Турнете ја рачката, преклопете го
потпирачот за грб сосема
нанапред и отпуштете ја рачката.
Потоа притиснете го потпирачот за
грб надолу се додека не е потполно рамен.
Исправање на единечното
седиште од совозачката страна
За да го вратите седиштето во
исправена положба, повлечете го
потпирачот за грб нагоре до крај.
Повлечете ја рачката и целосно
подигнете го потпирачот за грб, па
отпуштете ја рачката.

Page 55 of 319

Седишта, потпирачи53Преклопување на клупата од
совозачката страна
Преклопете го средишниот
потпирач за грб повлекувајќи ја
јамката.
Преклопете го надворешниот
потпирач за грб така што ќе ја
повлечете јамката. Туркајте го
потпирачот за грб нанапред додека
седиштето не се спушти до подот
од возилото.
Кога е повлечен, максималната
тежина на потпирачот за грб е 50 кг.За да го подигнете перничето од
седиштето, повлечете ја рачката и
подигнете го перничето до
потпирачот за грб додека не се
заклучи.
Систем за ракување со товарот за складирање 3 86.
Решетка на товарниот простор за
складирање 3 89.
Исправање на клупата од
совозачката страна
За да го вратите потпирачот за грб
во исправена положба, повлечете
го седиштето нагоре додека не се
заклучи.

Page 56 of 319

54Седишта, потпирачиЗа да го вратите перничето одседиштето во првичната положба,
турнете ја рачката и спуштете го
перничето од седиштето додека не се заклучи.9 Предупредување
Кога совозачкото седиште е во
преклопена положба, системот
на воздушни перничиња за
сопатникот мора да се
деактивира.
Деактивирање на воздушното
перниче 3 68.
Потпирач за рака
Потпирачот за рака може да се
подигне.
За да го извадите потпирачот за
рака, подигнете го, турнете го и
свртете го во положбата што е
прикажана на сликата.
Потоа извлечете го потпирачот за рака од потпирачот за грб.
За да го поставите потпирачот за
рака, ставете го во потпирачот за
грб. Притиснете го и исправете го
потпирачот за рака. Повлечете го
потпирачот за рака малку и
преклопете го надолу.
Греење
Активирајте го греењето на
седиштата со притискање на ß за
односното предно седиште.
LED- копчето светнува за да покаже
активирање.
Со повторно притискање на ß се
исклучува греењето на седиштата.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 166.

Page 57 of 319

Седишта, потпирачи55Задни седиштаВтор ред на седиштата
Во зависност од опремата,
наклонот на задното седиште е поделен на два или три дела. Сите делови можат да се преклопат
надолу.
Пред да ги склопите потпирачите
за грб на задните седишта,
направете го следното, доколку е
неопходно:
● Поместете ги предните седишта нанапред.
● Извадете го капакот на товарниот простор 3 83.
Преклопување на седиштата 1. Притиснете го потпирачот за глава надолу 3 48.
2. Проверете дали безбедносните
ремени на надворешните
седишта лежат правилно на
потпирачите за грб.
3. Повлечете го лостот за ослободување на едната или
двете надворешни страни и
преклопете ги потпирачите за
грб надолу врз седалото.
4. Во зависност од верзијата, преклопете го средишниотпотпирач за грб повлекувајќи ја
јамката.
5. Или пак, преклопете ги потпирачите за грб на
седиштата од товарниот
простор: повлечете ја рачката
на левиот или десниот ѕид од
товарниот простор за да ги
преклопите потпирачите за грб
на задното седиште.

Page 58 of 319

56Седишта, потпирачи9Предупредување
Водете сметка при ракување со
задните потпирачи за грб од
товарниот простор. Потпирачот за грбот се преклопува со
значителна сила. Ризик од
повреда, особено за децата.
Осигурете се дека ништо не е закачено за задните седишта и
дека на седалото нема ништо.
9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
Расклопување на седиштата
За да се преклопат нагоре, кренете ги потпирачите за грб и доведете ги
во исправена положба додека не
се заглават чујно.
Потпирачите за грб се правилно заглавени кога црвената ознака
близу до рачката за ослободување веќе не се гледа.
9 Предупредување
Кога ги преклопувате,
проверете дали потпирачите за грб се добро заглавени во
положбата пред да возите.
Инаку може да дојде до телесни повреди или оштетувања на
товарот или возилото во случај
на нагло сопирање или судир.
Трет ред седишта9 Предупредување
Кога задните седишта или
потпирачите за грб се
прилагодуваат или
преклопуваат, држете ги рацете и стапалата подалеку од
подрачјето на движење.
Не прилагодувајте ги седиштата
додека возите бидејќи може да се придвижат неконтролирано.
Возете само со заглавени
седишта и потпирачи за грб.
9 Предупредување
Кога се местат задните
седишта, внимавајте тоа да е
правилно наместено на
котвените точки, бравите да се

Page 59 of 319

Седишта, потпирачи57целосно заглавени, а
потпирачот за грб да е во
правилна положба.
Ако не го направите тоа, може
да биде предизвикана повреда
во случај на нагло сопирање или судар.9 Предупредување
Секогаш проверувајте дали
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се расфрлат по
возилото и да предизвикаат
телесни повреди или
оштетувања на товарот или
возилото.
Во зависност од верзијата,
површината на товарниот простор
може да се зголеми со
преклопување или отстранување
на третиот ред седишта.
Преклопување на седиштата 1. Притиснете ги потпирачите за глава надолу и, ако е потребно,
преклопете ги седиштата од
вториот ред.
Потпирачи за глава 3 48
Преклопување на седиштата од
вториот ред 3 55
2. Повлечете ја рачката и
преклопете го потпирачот за
грб на перничето од седиштето.
3. Повлечете ја рачката и навалете го целото седиште
нанапред.

Page 60 of 319

58Седишта, потпирачи4. Прицврстете го преклопенотоседиште во исправена положба
така што ќе го прицврстите
каишот за еден од столбовите
на потпирачот за глава на
предниот дел од преклопеното
седиште.
Расклопување на седиштата 1. Безбедносните ремени не треба да го попречуваат
расклопувањето.
2. Извадете го каишот и спуштете го склопеното седиште на
подот, така што задниот држач
се наоѓа во точката за
прицврстување и дека е цврсто
заклучен во позицијата.
3. Кренете го потпирачот за грб и приспособете го потпирачот за
глава.
Вадење на седиштата 1. Притиснете ги потпирачите за глава надолу и, ако е потребно,
преклопете ги седиштата од
вториот ред.
Потпирачи за глава 3 48Преклопување на седиштата од
вториот ред 3 55
2. Повлечете ја рачката и преклопете го потпирачот за
грб на перничето од седиштето.
Повлечете ја рачката и
навалете го целото седиште
нанапред (видете во
„Преклопување на
седиштата“ погоре).
3. Повлечете ја јамката за да се ослободат држачите и
отстранете го склопеното
седиште од точките за прицврстување на подот.
Монтирање на седиштата
1. Закачете ги предните држачи на комплетот на седиштето напредните котвени точки.
2. Спуштете го седиштето наназад до подот за да ја
фиксирате неговата задна
точка за прицврстување.
3. Кренете го потпирачот за грб и приспособете го потпирачот за
глава.

Page:   < prev 1-10 ... 11-20 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 71-80 81-90 91-100 ... 320 next >